На Охридско Лето годинава за прв пат гостуваат „Гласот на Јунан“ – светската атракција од Кина која го прикажува диверзитетот и восхитувачката уметност на етнички најбогатата кинеска провинција.
Овој музички ансамбл од Пекиншката академија на традиционалната музика гостува во Македонија и тоа со два концерти кои ќе се одржат во Скопје, во Македонска Опера и Балет на 26-ти јануари и во Охрид, во Домот на културата „Григор Прличев“ на 28-ми јануари.
Кинеската музика може да се пофали со историја која се протега и до неколку илјади години во минатото, а токму провинцијата Јунан е позната по …
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, изнесува 101.8. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (10.5%), Уметност, забава и рекреација (8.0%) и Градежништво (7.3%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2016, изнесува 22 380 денари. Во ноември 2016 година, 1.4% од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на нафтените деривати се намалија во просек за 1,58%.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 52,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 41,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит во однос на претходната цена и изнесува 68,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,302 денари за килограм и од ноќеска на пол…
Големото име на чешката и светската кинематографија Јиржи Свобода, е уште едно од големите имиња на светската хуманитарна мисла на кој синоќа му беше врачена Светската награда за хуманизам за 2017 година. Оваа награда секоја година ја доделува Охридската академија на хуманизам, чиј основач и претседаел е Јордан Плевнеш. Лауреатот Свобода рече дека сака да верува оти луѓето кои се верни на своите убедувања , односно оние кои продолжуваат со делото, се луѓето кои и припаѓаат на иднината.
„Длабоките мисли ги заменија бесконечните длабочини на интернетот, христијанските храмови ги заменија хра…
Во продукција на Народниот театар од Охрид и Театарот „Ici et la“ од Париз,Франција, во четврток на 19 јануари во 20:00 часот, во Центарот за култура Охрид, ќе се одржи премиера на драмската презентација на историската поема „Дениција“ на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски.
Подготвуван последните две години како поетско-театарски сон што ја пласира „Дениција“ во основата на македонскиот духовен идентитет во европски и светски рамки, нејзината праизведба во Македонија се совпаѓа со десетгодишнината од смртта на акедмик Петре М. Андреевски (1934-2006). Во овој несекојдн…
Од организацијата ветуваат нови содржини, гости ѕвезди предавачи и секако интересни и богати награди за најдобрите. Годинава по втор пат во рамки на Кодфест фестивалот ќе се одржи и еднодневна научна конференција, на која предавачи ќе бидат меѓународни реномирани имиња со кои ќе се дискутира на теми технологија, иновации, лидерство и стартап бизниси.
По петти јубилеен пат и годинава Охрид ќе биде домаќин на „Кодфест“ маратонот. И ова издание на фестивалот ќе трае три дена. Првиот ден е резервиран за конференцијата, додека другите два дена пак се резервирани за самиот маратон. Како маратон …
Алп Ер Тунга Ерсој, од влегувањето на ТАВ Аеродроми на македонскиот пазар досега беше заменик-генерален директор на ТАВ Македонија. Ерсој има над 17 годишно искуство во авијацијата, а во ТАВ Аеродроми работи од 1999, на повеќе различни позиции – како дежурен службеник на терминалот, а потоа и дежурен менаџер на терминалот на аеродромот Ататурк во Истанбул, позиции на кои е до 2005 година; потоа станал дел од тимот на меѓународниот проект на ТАВ Аеродроми во Грузија, работејќи на позициите – менаџер на аеродромот во Тбилиси, а потоа и заменик генерален директор на меѓународниот аеродром Тбил…
Добро испланирана забава за новогодишните и божиќните празници. Во најпразничниот месец од годината, менаџерскиот тим на охридскиот „Ликвид кафе“ за гостите подготви вистинско богатство од содржини, кои може да бидат избор и на оние со најистенчен вкус. Не оставјаќи ништо на случајност, менаџерите од овој локал, во кој како никогаш да не престанува забавата се потрудија да донесат содржини скроени за сечиј вкус.
„Програмата беше осмислена создадена да биде интересна за сите, да го привлече вниманието на сите. Разнолика е, имаме пеачи и диџеи како од нашиот град од Скопје од Кавадарци, знач…