Астрономите открија систем од седум планети со големина на Земјата кои кружат околу една ѕвезда која ни е релативно близу и на која е можен живот, објаснува НАСА.
Од овие планети, три се наоѓаат во зоната погодна за живот, подрачје околу матичната ѕвезда, класифицирана како ултрастудено џуџе, а најголема е веројатноста токму тие три да имаат и вода, клучна за животот каков што го знаеме.
Поради тоа што се наоѓаат надвор од нашиот сончев систем, овие планети се нарекуваат егзопланети.
Овој систем на егзопланети е наречен „ТРАПИСТ-1“, според телескопот, а се наоѓаат во соѕвездието Водолија…
Забавени истраги за висока корупција поради политичкиот судир во Македонија, дискриминација на Ромите и лоши услови за бегалците и мигрантите. Вака Амнести Интернешнал ја сумира Република Македонија за изминатата 2016 година, во најновиот извештај за состојбата со човековите права во светот.
Амнести интернешнел соопшти дека човековите права во светот се под закана поради политичари кои користат „отровна и нехумана“ реторика против етнички или религиозни малцинства, со цел да ја засилат нивната политичка моќ. Во годишниот извештај објавен денеска, Генералниот секретар на оваа организација С…
По повод Светскиот ден на туристички водичи, денеска, беше промовиран веб дигитален регистар на активни и квалификувани туристички водичи во Македонија. Регистарот е изработен од Асоцијацијата на туристички водичи, со поддршка на швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост, „ИМЕ“ како дел од активностите за унапредување на туристичката понуда во Македонија.
Овој регистар овозможува пристап до активни и професионални водичи кои ја познаваат туристичката дејност и кои, на овој начин, ќе добијат дополнителна можност за промоција на својата работа, објаснуваат од Асоцијација…
Во продукција на Народниот театар од Охрид и Театарот „Ici et la“ од Париз,Франција, во четврток на 23 Февруари во 20:00 часот, во Центарот за култура Охрид, повторно ќе се прокажи драмската презентација на историската поема „Дениција“ на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски.
Подготвуван последните две години како поетско-театарски сон што ја пласира „Дениција“ во основата на македонскиот духовен идентитет во европски и светски рамки, нејзината праизведба во Македонија се совпаѓа со десетгодишнината од смртта на акедмик Петре М. Андреевски (1934-2006). Во овој несекојдн…
И покрај предупредувањата од експертите, меѓу кои и Стивен Хокинг, дека развојот на вештачката интелигенција може да доведе до крај на човештвото, технолошките гиганти продолжуваат сѐ повеќе да вложуваат во развојот на ова поле.
Можеби „Google“ веќе се соочува со првите знаци на отпор од својата нова програма. Се работи за програмата позната како „DeepMind“, еден од најпознатите примери на вештачка интелигенција. Минатата година DeepMind покажа дека има способност самостојно да учи и го победи најдобриот играч во комплексната кинеска игра „Го“.
Но, сега истражувањата покажуваат дека во од…
Денес во 18:30 часот, во амфитеатарот на Филмаска Академија Охрид (поранешен Дом на АРМ) ќе се прикажува филмот “Fish & Cat” на познатиот ирански режисер Shahram Mokri.
Филмот „Риба и мачка“ – е добитник на специјална награда на Венецијанскиот филмски фестивал во 2013 година, а иранската кинематографија е она по што Иран е препознатлив денес во светот, покрај архитектурата и поезијата, а нејзиниот успех се должи на нејзината комплексност во прикажувањето на нештата и постоењето на многу филмски школи.
Влезот е слободен за сите љубители на филмот.
Љуботен, Скопје, Охрид, Матка, Маврово и Крушево се само неколку од природните и историските богатства кои како дел од Македонија се посочени во најновото издание на престижниот National Geographic.
Опишана како крстосница помеѓу истокот и западот, ризиница преполна со тајни и историски споменици, природни чуда и разновидност од култури, Македонија е место на Балканот, кое според ова списание мора да биде псоетено, а Охрид едно од нејзините нарепрезентативни богатства.
Во статијата Македонија е опишана како едно од најфасцинантните места во светот, но истовремено едно од најнеоткриените. …
Жирито на World Press Photo во неколку наврати шокираше со своите одлуки, соопштува телевизијата „Дас Ерсте“ (Das Erste).
Оваа година наградата ја доби фотографија на која е снимен убиецот на рускиот амбасадор Андреј Карлов.
„Ние се имаме работа со слика која, во суштина, го прикажува терористот како триумфатор“, вели навредено германскиот фотограф Кристоф Бангерт.
Песков: Руските медиуми заслужуваат само аплауз Лондон ќе издвои за Украина и Балтикот 700 милиони фунти за борба со Русија Руската амбасада во Лондон реагира на „епидемијата“ на сајбер-напади
Титулата фотографија на годината…