Косовското Собрание изгласа недоверба на Владата на премиерот Иса Мустафа,на барање на опозицијата.
За соборување на Владата гласаа 78 пратеници, против 34, а воздржани беа тројца. За паѓање на Владата беа потребни мнозинство од гласовите односно 61 пратеник. За соборување на Владата гласаа и пратеници на Демократската партија на Косово, на шефот на државата Хашим Тачи.
За време на повеќе часовната расправа во Парламентот, двете владеачки партии меѓусебно се обвинуваа за неред, недостаток на координација и одлучување и коруптивни афери од претходно.
Официјална Приштина сега е во исчекува…
Уставниот суд не може да креира нова правна ситуација, кога тоа не го направил законодавецот.
Уставниот суд ја цени содржината на одредбите, а не тоа што го нема. И покрај тоа што е неспорно дека постои правна празнина бидејќи не се предвидени механизми што да се прави кога локалните избори не можат да се одржат во законските рокови, одложувањето може да го направи само законодавецот.
Од тие причини, на денешната седница на Уставниот суд судијата известител Елена Гошева предложи да не се поведе постапка по двете иницијативи за локална самоуправа.
Мандатот на градоначалниците и советницит…
Педесет и тригодишна докторка синоќа била пронајдена мртва, во кругот на Клиничкиот центар, а на телото имала бројни повреди од нож, односно имала убодна рана во пределот на вратот, исечени вени и повреди во пределот на рацете, пренесува „Фокус“.
Безживотното тело на докторката Ј.М.С. која работела на Клиниката за нефрологија но и била професорка на Медицинскиот факултет го пронашол случаен минувач, околу 21 часот.
Од МВР велат дека се врши увид на местото каде била пронајдена жртвата и најавија повеќе информации подоцна денеска.
Американскиот претседател Доналд Трамп го отпушти директорот на Федералното истражно биро Џејмс Коми, човекот кој ја водеше агенцијата што ги истражува врските на неговиот изборен штаб со Русија.
Како причина за отпуштањето се наведува дека Коми водел погрешна истрага во врска со мејловите на претседателскиот кандидат на Демократската партија Хилари Клинтон.
Во образложенито се наведува дека поради тоа и министерот за правда Џеф Сешонс и неговиот заменик Род Росенстајн препорачале Коми да биде отпуштен. Во писмото до Коми, претседателот Трамп наведува дека тој не може ефикасно да го води …
Доцна синоќа печатницата „Графички центар“ го отпечати новиот број на „Службен весник на РМ“, а во него и одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, пренесува порталот „Фактор“.
Денеска одлуката и официјално ќе биде објавена во „Службен весник“. Со оглед на тоа дека веќе утре има судско рочиште за отворање на стечајна постапка за „Графички центар“, ова ќе биде и последното отпечатено издание на „Службен весник“ во оваа печатница, а за следните изданија Јавното претријатие Службен весник ќе треба да бара нова печатница.
Дописот со одлуката за избор на Џафери за собрани…
Учениците од ОЕМУЦ“Св.Наум Охридски“ се вратија со бројни награди од 36. Државен натпревар на средните технички училишта од електротехничката, машинската и сообраќајната струка во Република Македонија, кој оваа година се одржа на 05.05.2017 год. во средното општинско училиште „Гошо Викентиев“ во Кочани.
На натпреварот учествуваа 140 ученици со околу 100 ментори-наставници од 22 училишта од Република Македонија коишто се натпреваруваа во 13 профили во трите струки.
Во електротехничката струка Дамјан Левески, ученик во III година освои прво место во образовниот профил електротехничар за еле…
Нов Државен првак на Македонија во гаѓање со воздушна пушка е нашата јуниорка Мартина Петровска која со резултат од 402,5 круга ја забетонира својата прва позција во категорија на јуниорки, како и на Куповите, така и на ова Државно првенство, а со тоа си обезбеди сигурно место во ререзентацијата.
Второпласирана во истата категорија со резултат од 397,3 кругови е нашата млада јуниорка Анастасија Мојсовска, која во досегашните Купови се наоѓа на третата позиција, но со овај успех секако се искачи на едно скалило погоре и ова ќе и го загарантира местото во репрезентацијата. За жал досега втор…
Црвениот крст на Република Македонија, како Национално друштво и рамноправен член на меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, ги реализира своите активности во областа на дисеминацијата, поаѓајќи од корпусот на меѓународните инструменти во чија основа се Женевските конвенции од 1949 година и Дополнителните протоколи од 1977 година, како и основните документи на националното друштво како што се Законот и Статутот на Црвениот крст на РМ.
Волонтерите и вработените во Црвениот крст, како што стои во соопштението, се водени од принципите со кои се оди подалеку од географс…