Британската полиција соопшти дека најмалку 19 луѓе биле убиени, а околу 50 ранети во експлозија пред арената во Манчестер. Властите настанот го третираат како „терористички инцидент“.
Сведоци изјавија дека слушнале голема експлозија околу 21 и 45 часот по локално време во момент кога луѓето излегувале од Манчестер Арена каде што американската поп пејачка Ариана Гранде имала концерт. „Потврдено е дека досега загинале 19 луѓе, а околу 50 биле ранети. Во моментов се третира како терористички инцидент се додека не се потврди спротивното“, соопшти полицијата.
Ројтерс јавува дека двајца америка…
Во годишниот извештај за работата на Собранието во 2016 година се вели дека Собранието донело вкупно 14 закони кои произлегуваат од Национална програма за усвојување на правото на Европската Унија и претставуваат усогласување со правото на ЕУ. Притоа, симптоматично е што 13 закони воопшто не се разгледувани на седница на Комисија за европски прашања, за истите нема европско знаменце, нема изјава за усогласеност ниту коресподентна табела, иако се прикажани како „европски“ закони.
Ова се дел од клучните наоди на истражувачите на ИДСЦС објавени во краткиот документ за јавни политики „Ефективе…
Возачката дозвола на старите документи по член 351 од важечкиот Закон за безбедноста на сообраќајот на патиштата важи до 10 јуни оваа година.
Граѓаните се обврзани да до тој ден ги предадат барањата за да ги заменат за нови, затоа што во спротивно ги чека парична казна, а ако немаат нова дозвола по 10 јуни нема да можат да управуваат со возилото.
Граѓаните поднесуваат барања за замена на возачка дозвола по местото на престој.
Во барањето треба да се приложи важечката лична карта, старата дозвола на хартиениот образец, потврда да уплатат такса од 255, 621 и 700 динари и лекарско уверение….
Специјалното јавно обвинителство најави прес-конференција за денес напладне, објави обвинителството на Фејсбук, без дополнителни детали за темата на пресот.
Нема дополнителни информации за денешната прес-конференција.
Досега СЈО има поднесено три обвиненија до судот, а се водат истраги за над 15 случаи. Во тек се повеќе од 60 предистражни постапки.
Светски познатата поп-ѕвезда Адел ќе изнесе сè на виделина за лансирањето на својот нов албум „30“ во интерву за Опра Винфри, а ќе зборува и за сите шест години кога беше далеку од очите на јавноста.
Интимната исповед на Aдел кај Опра ќе биде настан кој британските медиуми го нарекоа „троубек“ или потсетување на разговорот на Опра со Хари и Меган.
„Си-би-ес“ ќе ja емитува двочасовната емисија со наслов Adele: One Night Only на 14 ноември, само пет дена пред објавувањето на долгоочекуваниот четврти студиски албум на британската пејачка. Проектот е најавен како „прв теле…
Светот во мало, на градскиот плоштад во Охрид. Калиграфија, егзотични танци и гастрономски специјалитети, беа само мал дел од она што посетителите и охриѓани можеа да го видат и вкусат на Светскиот ден на културната разновидност. Махмут Енес Кемал десет години ги изучува тајните на калиграфијата, кои денес им ги презентира на охриѓани и туристите.
„Јас сум турски студент кој студир на „Балканскиот универзитет“ во Скопје, веќе 5 години живеам во Македонија и денес ме повикаа како претставник на турската студентска организација да ја претставам мојата уметност, јас сум калиграф, па ќе ги пиш…
Оливер Спасовски ќе биде нов министер за внатрешни работи, Тевдовски влегува во министерскиот кабинет во Финансии, а Јован Деспотовски ќе биде министер за транспорт и врски или за информатичко општество во зависност од договорот со коалиционите партнери, дознава Press24 од високо позиционирани извори во СДСМ.
Екс амбасадорот Никола Димитров, Радмила Шеќеринска и Теута Арифи ќе ги поделат ресорите Евроинтеграции, Одбрана и Надворешни работи. Се чека договорот со ДУИ за да се дефинира кој каде ќе биде распределен.
Докторот неврохирург Венко Филипче е прв избор на СДСМ за Министерството за з…
Пратениците на СДСМ денеска ќе ги достават до Парламентот предлог измените на законите за основно и средно образование што се однесуваат на укинување на екстерното тестирање, изјави на прес конференција пратеникот Стефан Богоев. Тој посочи дека очекува овие измени по скратена постапка да се донесат и уште оваа година да се укине екстерното тестирање за учениците од основното и средното образование.
Според СДСМ овој проект дал негативни резултати, наместо да влијае на подобрување на образовниот процес, па затоа, како што вели Богоев, новото парламентарно мнозинство е цврсто определено да из…