Јун 14, 2017

Наскоро Втор Спортско едукативен летен камп Охрид 2017

Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ ја потсетува јавноста дека останува помалку од еден месец до почетокот на Вториот Спортско едукативен летен камп Охрид 2017. За потсетување Летниот камп оваа година ќе се одржи од 10 – 16 јули со локација како и минатата година кај нашиот традиционален партнер Хотел Десарет. Бројот на учесници е ограничен така што ги повикуваме сите заинтересирани ( деца од 8 – 14 години ) што побрзо да се пријават и со тоа да постанат дел од едно незаборавно искуство на дружење , едукација, спорт и забава кое веруваме ќе го паметат целиот свој живот…

Јун 13, 2017

Златен финиш за охридските теквондисти

Овој викенд во Орадеа- Романија се одржа меЃународен А класа ИТФ турнир “РОМАНИЈА ОПЕН 2017” кој е најјак завршен турнир за оваа пролетна натпреварувачка сезона. На овај престижен турнир зеде учество и нашиот клуб “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид каде настапи со 5 натпреваруваши , поради полуматурските и матурските прослави.На овај турнир нашите натпреварувачи ги одмерија силите со претставници од 10 земји од регионов од Романија, Бугарија, Србија, БиХ, Унгарија, Австрија, Молдавија ,Чешка, Словенија и Македонија .На овај натпревар како и на секој А класа турнир беше пристуно ракводството на И…

Јун 12, 2017

Подобрување на услугите за лицата со попреченост

Во рамки на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка, во Охрид денеска ќе се одржи работилницата за подобрување на услугите за лицата со попреченост, пренесува МИА. На свеченото отворање ќе се обратат Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, Постојаниот координатор на Обединетите Нации и Постојан претставник на УНДП, Луиза Винтон, како и Заменикот раководител на мисија во Амбасадата на Швајцарија Стефан Томагиан. Целта на настанот е размена на искуства и практики помеѓу меѓународните и националните експерти, как…

Јун 12, 2017

Премиерот Заев денес во Брисел

Премиерот Зоран Заев денес во Брисел ќе се сретне со високи претставици на ЕУ и НАТО, во прва официјална посета по преземањето на должноста, чија цел е Владата да ја потврди својата целосна посветеност на интеграците во ЕУ и НАТО, како стратешка цел на земјата и да ги презентира реформските приоритети во агендата на Владата за враќање на земјава на патот на евроатлансите интеграции. Премиерот Зоран Заев, кој ќе биде придружуван од вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, во седи…

Јун 12, 2017

Богданци кажа НЕ за рудниците!

Граѓанките и граѓаните на општина Богданци со огромно мнозинство кажаа НЕ за рудниците на референдумското изјаснување. Излезноста беше 60,78%, или 4,205 од вкупно 6.918 регистрирани гласачи во општината. На прашањето „Дали сте за продолжување на изградбата на рудникот Казандол?“, 4,120 граѓанки и граѓани се изјаснија против, а само 71 се за. На прашањето „Дали да се дозволи отворање на други рудници во општина Богданци?“, 4,126 гласале против, додека само 66 гласале за. Локалните власти се должни да ја почитуваат волјата на граѓанките и граѓани. Набљудувачите на ЦИВИЛ – Центар за слобода …

Јун 9, 2017

Пирова победа за партијата на Тереза Меј

Ројтерс, ББЦ и Скај њус, врз база на нецелосните резултати од вчерашните парламентарни избори, предвидуваат дека Конзервативната партија на британската премиерка Тереза Меј ќе го загуби мнозинството во парламентот. Губењето на мнозинството од 330 места, како и фактот дека ниедна друга партија нема доволно гласови за да владее, најверојатно ја втурнуваат Велика Британија во период на криза со „висечки“ парламент и фрла сомнеж врз напорите на Меј да преговара за британското излегување од ЕУ. По објавувањето на резултатите за 633 места во 650-члениот парламент, според кои партијата на Меј ос…

Јун 9, 2017

„Книги во чевли“ денес во Охрид

Во Македонија деновиве престојуваат тројца хрватски писатели во рамките на проектот „Книги во чевли во Македонија“. Хрватските писатели Ана Ѓокиќ и Зоран и Ема Понграшиќ во различни градови во Македонија ги промовираат своите дела на работилници каде што децата имаат можност да се запознаат со авторите, чиишто детски книги се веќе преведени од издавачот Блесок. Со проектот „Книги во чевли“ авторите континуирано држат работилници на Балканот, а овојпат за првпат претставуваат книги на македонско говорно подрачје. Промоцијата на проектот и книгите во Охрид ќе се одржи денес, со почеток во …

Јун 9, 2017

Прибе и новата влада

Во идната недела најверојатно ќе се знае колкава ќе биде експертската група што ќе дојде во Македонија под раководството на пензионираниот директор на Европската комисија Рајнхард Прибе, кој се ќе биде во неа и кога точно ќе пристигнат. Во информацијата објавена од еврокомесарот Јоханес Хан се наведува дека тимот искусни независни експерти ќе дојдат скоро, ќе прават анализа на сегашната ситуација и ќе дадат препораки за тоа како понатаму да се решаваат работите во однос на владеењето на правото. На доаѓањето на експертската група предводена од Прибе, Миша Поповиќ од Институтот за демократ…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top