Поради високите температури и опасноста од појавата на шумски пожари, до 15-ти следниот месец се воведува делумна забрана за движење во шумите со стопанска намера, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Одлуката на ресорното Министерство не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, како што се националните паркови, парк шумите, шуми со специјална намена споменици на природата и слично.
Одлуката, исто така не важи и за организирани група туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена и нац…
Се е подготвено за петтото издание на манифестацијата „Бело лето“. Градоначалникот Никола Бакрачески ветува едно од најспектакуларните изданија на оваа манифестација, која во овој период е добредојдена за охриѓани.
„Во овие возбудливи времиња, за охриќани во овие мачни времиња и покрај оваа мачна атмосфера која ја доживуваат со серијата земјотреси изминататите две до три недели, ќе имаат можност на момент да заборават на оваа атмосфера да се релаксираат и да уживаат во уметничките перформанси кои ќе ни ги понудат овие два настани. Ги повикувам охриѓани и туристите масовно да дојдат на овие…
Од РСБС апелираат доколку не постои неодложна потреба, да се избегнува патување во оној дел од денот кога температурите се највисоки. Вообичаено, во периодот од 12 до 16 часот се најголемите температурни шокови и затоа од советот апелираат за навремено извршување на тековните обврски и апстиненција од учество во сообраќајот во наведениот период. Ова посебно се однесува за повозрасните пешаци и за велосипедистите.
Да се избегнуваат температурни шокови кои се последица на температурните разлики. Задолжително при влегување или излегување од возилото да се направи постепена аклиматизација и те…
Наградата „Крсте Чачански“ за необјавена книга раскази, годинава ја доби ракописот „Смртта долетува насмевната“ на Стефан Марковски. Седми пат наградата ја доделуваат Културниот центар „Бран“ и Ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга.
По објавениот Конкурс што го распиша Културниот центар „Бран“ од Струга и Ревијата за книжевност „Бранувања“, жирито за доделување на наградата „Крсте Чачански“ за 2017-та година едногласно одлучи наградата да ја додели на збирката раскази „Смртта долетува насмевната“ од Стефан Марковски. Од жирито велат дека Триесетте кратки раскази од збирката „Смртта…
После пауза од шест години, ликовните дела на романската сликарка Емилиа Персу, повторно во Охрид. Овој петок триесетти јуни во 20 часот во Галерија Робевци ќе биде отворена изложбата „Внатрешна градина“ на ликовниот уметник и дел од авангардната генерација на уметници од Романија, Емилиа Персу. На изложбата ќе биде преставен најновиот циклус дела на авторот изработени на платно во комбинирана техника. Инаку Емилиа Персу е ликовен уметник, сликар, и претседател на графичкиот отсек во Друштвото на ликовни уметници на Романија.
Родена е на 21 февруари 1963 година , Букурешт, Романија, а дипл…
Тетарска импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ (летна шема), оваа сабота, 24-ти јуни, со почеток од 21 часот. Импровокатори: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски. Домаќин/хост – Филип Ангеличин Жура.
После успешниот поход на север (Германија) ИМПРОВОКАТОРИТЕ се враќаат дома, на југ, со специјална ЛЕТНА ШЕМА! Многу ЗАБАВА! Многу СМЕЕЊЕ! Многу ИМПРОВИЗАЦИЈА!
Карти во музичка продавница Зизи Топ, претпродажба: 150 денари, на ден на изведба: 200 денари. Број за резервации на карти : 075 283 066.
Шоуто не е за помлади од 16 години!
Португалија е во тридневна национална жалост во спомен на жртвите од шумските пожари. 62 лица загинаа, а десетици се повредени од огнената стихија.
Стотици пожарникари продолжуваат да се борат со огнот на неколку фронта. Гаснењето сепак е отежнато од топлото време и силниот ветер, пренесоа агенциите.
Многу веројатно е жртвите да се зголемат, бидејќи се уште не се проверени изгорените куќи во оддалечените села.
Едно лице загинало, а десетина други биле повредени кога комбе удрило во пешаци во близина на една џамија во северниот дел на Лондон. Инцидентот кој се случил петанесетина минути по полноќ се истражува како можен терористички акт.
„Едно лице загинало на самото место“, соопшти лондонската полиција, додавајќи дека осум луѓе биле пренесени во три болници, додека две лица имале помали повреди.
48 годиниот возач на комбето, како што соопшти полицијата, бил задржан од луѓето кои биле таму за време на инцидентот, а потоа и приведен од полицајците.
Британскиот муслимански совет најпрвин на Твите…