БЛАГОРОДНИЧКИ

ПОНЕДЕЛНИК-ПЕТОК 17:30

Руска теленовела

 |   | 

“Благороднички” е нова руска историска теленовела која е снимена од продукцијата “Новелла” (продукцијата на руската теленовела “Кармелита”) и емитувана на “Россия1” од 4 октомври 2010 год.

Богато костимирана и снимана на автентични локации, серијата е сместена во 1877 година, кога царска Русија е во војна со Турција, но фокусот е на тогаш надалеку познатиот Институт за девици благороднички, еден вид затворен интернат-гимназија која ја посетуваат исклучиво девојки кои се подготвуваат по матурата верно да ,служат, на царскиот двор…

 

 

Софија, Мирјам, Варја, Тата, Асја и Катја се хероините со свои мечти и сништа за понатамошниот живот…

 

Серијата веднаш по почетокот на емитување минатата есен го привлече вниманието на руското тв гледалиште. Во главните улоги настапуваат Алиса Сопегина, Полина Беленкаја, Евгенија Воѕинскаја, Александер Арсентиев и Иван Колесников, а режијата е на Леонид Белозорович.

На ТВМ ТелевизијА се емитува секој ден, од понеделник до петок, од 17:30 часот.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top