За помалку од една недела над 100 охриѓани се заразиле со ковид 19

Во ЦЈЗ се земаат над 50 брисеви дневно преку упати од матичните лекари или епидемиолошките анкети. Повеќе не можеме да зборува за кластери туку се поединечни случаи кои се раширени на повеќе места.

 |  Валентина Неловска  | 

217 активни случаи на ковид 19 во Охрид со вчерашните 18 и рекордните 26 пред тоа. Градот неколку денови бележи двоцифрени бројки заразени во извештаите од министерството за здравство. Повеќе не можеме да зборуваме за кластери тоа се поединечни случаи кои се раширени на повеќе места. Некои знаат каде ја добиле инфекцијата, а некои не. Преку 200 лица во изминативе 6 дена добиле решенија за изолција како контакти на потврдени случаи. Од 24 до 30 октомври ќе имаме рекордна бројка на заразени во општина Охрид и Дебрца, информира Сашо Точков од ЦЈЗ.

„Тоа ќе е бројка, до денес се 97 лица заразени за само една недела , а денес сигурно ќе имаме нови позитивни лица и ќе ја надминиме рекордната бројка за Охрид од 100 лица за 6 дена“.

Ситуација е сложена и загрижувачка и треба за граѓаните да е мотив да се одговорни и да ги применуваат мерките само тоа може да не заштити, потсетува Точков. Пациенти чекаат со денови термин за тестирање со упат од матичен лекар преку мој термин. Го разбирам нивниот револт, голем е бројот на тестирања , но и на чекање на реузлатите. Повикувам на трпеливост на пациентите и да ги следат советите за лекување од матичните лекари и препишаната терапија, советува Точов.

„Бројот на термини во оваа недела е зголемен за 30 до 50 проценти од МЗ. Ако сме тестирале 10 лица во пред минатата недела сега бројот на пацуенти кои може да го тестираме преку мој термин е 15 лица. Конкретно да кажам во овој период од 30 до 35 лица дневно ги тестираат само преку мој термин. Дополнително се тестовите по епидемиолошки индикации и други основи. Дневно преку 50 брисеви праќаме во Институт за јавно здравје“ .

Покрај услугите на пациентите од други потреби сите ресурси на ЦЈЗ се насочени кон одделението за епидемилогија и спроведувањето анкети, информира Точков. Од наредната недела Центарот очекува да добие помош од студентите на 6 година медицина кои ќе помогнат во спроведување на епидемиолошките анкети. Сите здравствени установи во Охрид во моментов функционираат нормално. Нема голема бројка на заразени здравствени работници.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top