Руската телевизија Канал еден денеска јави дека бил откриен заговор за убиство на премиерот Владимир Путин по претседателските избори на 4 март. Телевизијата прикажа двајца мажи кои велат дека добиле наредба од чеченскиот воен лидер Доку Умаров да го убијат Путин. Притоа телевизијата наведува дека во заговорот биле вклучени тројца, но оти едниот од нив во јануари загинал во експлозија по што била покрената истрага која довела до апсењето на преостаните двајца луѓе. Тие наводно признале дека експлозивот бил скриен на патот кој Путин вообичаено го користел за да стигне до владата.
За да се разгледа прашањето за евентуално помилување на поранешниот премиер на Украина Јулија Тимошенко неопходно е разгледувањето на кривичното дело против неа да заврши во сите судски инстанци, за украинската телевизија вчера изјави претседателот Виктор Јанукович, цитиран од руските медиуми.Јанукович потсети дека процесот за нејзиното кривично дело веќе ја мина првичната и апелациската фаза и сега жалбата на одлуката на овие инстанци се разгледува од Касацискиот суд.Освен тоа, со прифаќањето на новиот кривично-процесен кодекс може да се појави можност за обжалување на делото во уште една …
Поранешниот претседател на Јужна Африка Нелсон Мандела денеска е примен во болница заради болки во стомакот, на кои подолго време се жалел, пренесоа британските медиуми, цитирајќи соопштение на владата на Република Јужна Африка.Мандела е на возраст од 93 години.
Меѓу 200 и 300 илјади демонстранти, според медиумски проценки, излегоа на улиците во повеќе романски градови извикувајќи „Крадци“ и „Оставки!“, еден ден откако владата со декрет ги смени законите.
Во главниот град Букурешт, дел од демонстрантите се судрија со полицијата фрлајќи камења, шишиња и пиротехника, на што беше одговорено со солзавец. Повеќе полицајци и демонстранти биле полесно повредени.
Масовни протести се одржаа и во Темишвар, лулката на револуцијата од 1989 година.
Во владиниот декрет донесен во вторникот, беа декриминализирани некои корупциски прекршоци, а злоупотребата …
Откако минатата недела беше затрупан од лавина снег, холандскиот принц Јохан Фрисо, син на кралицата Беатрикс, има сериозни оштетувања на мозокот.Лекарите задолжени за неговото лекување денеска соопштија за неговата состојба и велат дека постои можност никогаш да не дојде при свест.Првично беше објавено дека неговата здравствена состојба е стабилна, но се здобил со оштетувања на главата и подолго време бил без кислород.
Понатамошни испитувања покажале дека несреќата предизвикала „сериозни оштетувања на мозокот“.Прнцот Фрисо (43) ќе биде префрлен на приватна клиника каде ќе се продолжи со …
Алберт Ајнштајн изгледа бил во право со својата теорија за релативитет, додека научниците од Европскиот центар за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) направиле грешка, тврдејќи дека субатомските честички се побрзи од светлината.Резултатите од истражувањето на ЦЕРН “Опера“, кои на крајот на септември го потресоа научниот свет покажувајќи дека субатомските честички се побрзи од светлината, се покажа дека се неточни заради лошата конекција.“Лошата конекција меѓу системот за глобално позиционирање ГПС и компјутерите како последица имало грешка“, објави американското списание “Наука“ на својата веб с…
Според иницијативата наречена Програма за развој на комуникациските можности (Communications Capabilities Development Programme), податоците ќе се чуваат една година и ќе им бидат достапни на тајните служби.Сигурносната шема ќе бара од интернет-провајдерите, операторите на фиксна и мобилна телефонија да ги следат своите клиенти, и сето ова поради борбата со терористите.„Британија веќе е една од најшпионираните нации надвор од Интернет-мрежата, а ова е обид на истиот начин да се следи и нашиот онлајн-живот“, изјави директорот Ник Пиклс на организацијата Биг брадр воч (Big Brother Watch) за Д…
Далеку поопасен од нормалниот вирус, вештачки создадената верзија на Х5Н1 би можел да убие речиси половина од глобалната популација, со овие зборови пред неколку месеци беше објаснето откритието од заедничката студија на група холандски и американски научници. Новата верзија на вирус, може да се пренесува преку кашлање и кивање.Засега уредникот на Science Journal, др. Брус Албертс се воздржува од објавување на детали, бидејќи за тоа интервенираа и властите од американскиот Национален советнички борд за биобезбедност.Иако, властите предупредуваат од ризикот вирусот да падне во погрешни раце,…