Иако има пари да си купи стан или куќа каде што ќе посака на земјината топка, сепак реши да не вложува пари во вакви работи и да шета низ светот, да ги зацврстува службените контакти и да не го покажува своето богатство преку поседување скапи објекти. Овој 50-годишен бизнисмен пред 12 години ги продаде станот во Њујорк и приватниот остров. Оттогаш постојано патува низ светот, се дружи со убави жени, остварува нови бизни-контакти и ги зацврстува досегашните професионални пријателства. Во текот на еден месец Николас менува и по 14 града и остварува бројни контакти. Притоа најмногу вложува во …
Поради назив за колбаси, а не поради словенечкото малцинство, меѓу Австрија и Словенија може да се случи ново влошување на односите.Словенија сака да го заштити називот за колбасите Krainer (Крањска) врз основа на потекло, а тоа име се користи и во Австрија за одредување вид колбаси. ЕК како што соопшти Заводот за патенти, веќе добил барање од Словенија.Прифаќањето на барањето на Словенија би значело дека во Австрија нема да може да се користи називот Krainer. Австрија најави дека на барањето на Словенија ќе вложи жалба.- Забраната за користење на називот Krainer за австриски колбаси би дон…
Српскиот претседател Борис Тадиќ поднесе оставка на функцијата, со што се отвора патот за одржување на предвремени претседателски избори на 6 мај. Тадиќ, на прес-конференцијата во Белград, рече дека решил „да го скрати својот мандат“ и да овозможи на 6 мај да се одржат избори на сите нивоа на власта. „Ќе се кандидирам на тие избори со многу оптимизам поради позитивните трендови во нашата земја“, рече Тадиќ. Според него, изборите ќе бидат тешки, но и дека ќе претставуваат можност граѓаните да се определат по кој пат ќе сакаат да одат. „Јас го предлагам патот на европските интеграции и зачуву…
Норвежанецот Андерс Брејвик, планирал да изврши атентат врз американскиот претседател Барак Обама. Според весникот, Брејвик сакал да го убие Обама за време на неговата посета во Осло за врачување на Нобеловата награда за мир во декември 2009 година.
Тој прво планирал атентатот да го изврши со автомобил-бомба, но потоа го променил планот и решил да влезе во зградата на градоначалникот на Осло преправен како полицаец. Поради засилените мерки на безбедност не успеа да реализира ништо од тоа.Брејвик на 22 јули минатата година во центарот на Осло активирал автомобил-бомба, при што загинаа осум …
Рускиот патнички авион од типот АТР 72 се урнал набргу по полетувањето, на околу 30 километри од градот Тјумен, во западен Сибир. Телата на 29 луѓе се пронајдени. 14 луѓе се живи, но тие се повредени и се евакуирани од местото на несреќата со хеликоптер, соопшти руското министерство за вонредни состојби.
Авионот со кој оперирала руската авиокомпанија Утаир полетал од аеродромот Рошино во близина на градот Тјумен и се упатил кон Сургут, исто така во Сибир, изјави портпаролка на министерството. Според руските новински агенции, авионот исчезнал од радарите кусо по полетувањето и потоа се урнал…
„Знаете какви се мажите – провокативната облека ги предизвикува да прават некои работи“ – велат индонезиските власти.
На жените во Индија со закон им е забрането да носат мини здолништа. Објаснувањето на индонезиските власти е дека мини здолништето ги предизвикува мажите да прават некои работи! Ваквата одлука е дел од анти – порнографските закони во земјата. Задачата за спроведување на анти – порно закони во земјата му е доверена на министерот за религија, Сиријадарма Али, кој смета дека во порнографија влегува „носењето на куси здолништа над колената“.И индонезискиот собраниски спикер, Ма…
Јавноста е известена за најновите заканувања на Анонимуси. Имено, оваа хакерска група планира на 31 март да ја изведе операцијаата „Blockout“.
Анонимуси дури се изјасниле и во врска со тоа како планираат да го спроведат овој свој план на дело. Имено тие планираат да го оневозможат ДНС (Domain Name Server) што би требало да го блокира целиот интернет.ДНС (DNS) служи за давање информации за тоа на која IP адреса се наоѓа некоја веб страна, претворајќи ги знаците од букви во испревртена IP. Нешто слично како телефонски именик на интернет адреси.Во врска со оваа закана се изјаснил и британскиот…
Министерството за правда на Соединетите Американски држави побараа од компанијата „PayPal“ да им достават одредени информации за кои се сомничат за перење на пари.
“Добивме судска покана од американското министерство за правда во која се бара да направиме одредени извештаи за историјата на нашата програма против перење пари”, наведе компанијата PayPal во годишниот извештај доставен до комисијата за хартии од вредност на САД.
Од компанијата изјавија дека соработуваат со властите и не шпекулираат со исходот на истрагата.
Оваа вест направи притисок на акциите на PayPal кои паднаа за повеќе …