Јапонецот Кохеи Јино едноставно не сака да слушне за Олимписките игри.Јино во 1964. година морал да ја пресели куќата и својата продавница затоа што на тоа место било предвидено изградба на Олимпискиот парк. Јино ги спакувал работите се преселил на другиот дел од градот во близина на олимпискиот стадион во Токио.Веста дека Токио е домаќин на Олимписките игри во 2020 година Јино не ја прими најдобро бидејќи неговиот дом и продавница повторно пречат затоа што Јапонците сакаат поголем стадион.Седумдесет и деветгодишниот малерозен Јапонец повторно ќе мора да се сели.„Не сакам веќе да ги видам О…
На социјалната мрежа Фејсбук пред неколку дена била објавена фотографија на двајца млади жители на Египет кои се бакнуваат на улица, а фотографијата со голема брзина го обиколила светот, предизвикувајќи поделени реакции.Имено, водејќи се според тоа дека актерите на фотографијата, поради ваквиот начин на искажување љубов би можеле да завршат во затвор, едни го искажувале своето восхитување, а други се згрозувале.„Фотографијата дополнително ги вознемири духовите, бидејќи девојката на својата глава носи хиџаб, кој симболизира традиционалност“, изјавил Ахмед Ел Гохари, кој под неа ги напишал и …
Во нападот во Манчестер, непосредно по крајот на концертот на американската пејачка Аријана Гранде загинаа најмалку 22 лица а уште околу 60 беа ранети, меѓу нив многу деца и млади. Истражителите го идентификуваа 22-годишниот Салман Абеди како веројатниот бомбаш-самоубиец. Во рамките на истрагата полицијата приведе едно лице но не соопшти повеќе информации во врска со апсењето.
Утринава министерката за внатрешни работи на Велика Британија, Амбер Рад истакна дека Абеди и претходно ѝ бил познат на полицијата и оти најверојатно не дејствувал сам.
По самоубиствениот бомбашки напад во Манчестер…
Авио компанијата „Ер Франс“ планира следната година да отпушти 2.800 вработени во рамки на најновите мерки за реструктуирање, соопшти Управата на компанијата.Тој број претставува половина од регистрираниот вишок на работници во текот на минатата година.Во рамки на програмата за трансформација на компанијата, бројот на вработени во 2015 година треба да биде сведен на помалку од 66.000. Компанијата планира двојно да ги намали трошоците на аеродромот Марсеј- Прованс на кој во моментот работат 900 вработени во „Ер Франс“.{loadposition content9}
Најмалку осум лица загинаа, а 650 се водат за исчезнати во катастрофалните поплави што ја зафатија американската сојузна држава Колорадо, соопштија локалните власти.Постои можност голем број луѓе, кои се водат за исчезнати, едноставно да се целосно отсечени од светот поради прекинот на електричната енергија и телефонските врски.Досега се евакуирани речиси 11.700 лица. Над 1.500 домови се разурнати, а 18.000 се оштетени. Голем број патишта и мостови се оштетени. Ова се едни од најголемите поплави во Колорадо во историјата на државата. Изминатите неколку дена во американската држава наврна до…
САД ќе го запленат облакодерот од 36 ката во Њујорк, кој според наводите на кабинетот на обвинителот, е во тајна сопственост на Иран, објави во вторникот американското министерство за правда.Заплената и продажбата на зградата, сместена на Петтата авенија, во срцето на Менхетн, би била „најзначителна заплена поврзана со тероризмот“, стои во соопштението на министерството.Сојузниот судија позитивно одговори на тужбата на американската влада според која сопствениците на облакодерот ги прекршиле санкциите против Иран и законските прописи за перење на пари.{loadposition content9}
Инженерите во Италија успешно го исправија крузерот Коста Конкордија кој пред 20 месеци се насука во близина на островот Џиљо во Италија, пишува BBC. Според инженерите, биле потребни огромни напори за да се исправи крузерот, а операцијата која почна вчера наутро, траеше до доцните вечерни часови.Во текот на процесот биле користени лостови, челични кабли и метални кутии исполнети со вода, за да се исправи и постави бродот на платформата.Во несреќата на Коста Конкордија настрадаа 32 луѓе, а телата на две жртви се уште не се пронајдени, па нивните фамилии се надеваат дека по исправувањето на б…
Вооружен напаѓач уби 12 лица, а повреди десетици во комплекс на Морнарицата во Вашингтон, пред да биде елиминиран од полицијата.Полицијата го идентификува напаѓачот како поранешен армиски работник под договор, Арон Алексис од Форт Ворт, сојузната држава Тексас. Засега не се знае како успеал да влезе во комплексот без соодветна пропусница и кој бил неговиот мотив. Градоначалникот на Вашингтон, Винсент Греј, изјави дека нема причина да се верува дека се работи за терористички нападПолицијата и ФБИ првично мислеа дека има други двајца напаѓачи, но подоцна соопшти дека се работи само за еден.Бе…