Интернет експериментот – кампања е покрената под името “99 дена слобода” и има за цел на луѓето да им помогне во “ослободување” од Facebook и да истражи како тоа ќе влијае на нив. Кампањата се наоѓа на линкот
99daysoffreedom.com и ќе ви помогне да се убедите себеси и другите дека сте во состојба да го напуштите Facebook на попвеќе од три месеци. Овој експеримент е покренат откако Facebook спроведе тајни психолошко-емотивни тестови на околу 700.000 свои корисници, поради кои социјалната мрежа би можела да е строго казнета во некои делови на светот.
На интернет страницата 99daysoffreedom.com …
Прехранбената индустрија вработува повеќе од милијарда луѓе, но во оваа игра иако има повеќе од илјада играчи сепак овие десет ги одредуваат правилата.
Во извештајот за 2013 година под името “Behind brends”, организацијата Oxfam зборува за десет највлијателни корпорации, кои се занимаваат со производство и промет на храна и пијалоци, и нивното влијание во исхраната, но и влијанието на животната средина и односот спрема работниците.
Сите десет компании имаат годишни приходи кои се бројат во десетици милијарди долари, вработуваат повеќе од 1,5 милиони луѓе, а уште неколку милиони работат по д…
Mark Zuckerberg го стартуваше овој тренд во технолошкиот свет каде го следат сите големи ривали од светот на технологијата за да застанат на иста страна и да помогнат во собирање на пари за заболени од болеста Lou Gehrig.
Станува збор за “леден предизвик” во организација на ALS, во кој славните излеваат канта ладна вода на себе, а потоа донираат пари и повикуваат следни три лица да го направат тоа во рок од 24 часа.
Како што трганало, наскоро стеблото на предизвик не ќе може да се следи, но својот предизвик веќе го направи технолошката тројка.
Творецот на Facebook Mark Zuckerberg го предизв…
Спрема најновата студија објавена во часописот “Превентивна Медицина”, животниот век е можно да се продолжи ако се избегнуваат четирите лоши навики: пушењето, алкохолот, лошата исхрана и неактивноста.
Во истражувањето на научниците од Универзитетот во Цирих учествувале 16.721 луѓе, со старост од 16 до 90 години. Целта на истражувањето била да се утврди како здравите животни навики изгледаат во бројки и потоа да се докаже дека избегнувањето на овие лоши навики можат да допринесат за продолжување на животниот век.
Истражувањето покажало дека пушењето е дефинитивно најголем фактор на ризик, а …
Официјалните лица на аеродромот во Дубаи не објасниле зошто му забраниле влез на 53 годишниот Германец, Rolf Buchholz, каде требало да учествува на една хотелска презентација, пишува AFP повикувајќи се на извештаите на медиумите. Имено, Buchholz е носител на гинисов рекорд како човек со најмногу пирсинзи на себе во светот кој има 453 пирсинзи и два рога на челото.
Тој е испратен со првиот авион назад во Истанбул. Портпаролот на хотелот каде требало да се појави Buchholz рекол дека менаџментот на хотелот и покрај сите обиди не успеал да добие дозвола за неговиот влез во Емиратот, иако Дубаи …
Покрај кризата во Газа, растот на исламистичките милитанти во Ирак и Сирија и случувањата во Украина, понекогаш се има впечаток дека цел свет војува, пишува The Independent. Институтот за економија и мир спровел студија која покажала дека од 162 опфатени земји, само 11 не се вклучени во спор од било која природа. Уште полошо е тоа што од 2007 година во светот станува сѐ полошо на таа тема.
Постојат земји кои не се вклучени во меѓународни конфликти, но ги разоруваат интерните конфликти. Од друга страна Велика Британија е пример кој релативно е слободна од внатрешни конфликти, но вклучувањето…
Огромен астероид се движи кон Земјата, а поради силината на ударот би можел да збрише сѐ од лицето на земјата.
Астрономите од универзитетот во Tennessee го пресметале точниот датум на ударот на овој астероид. Кобниот ден за човештвото, моментот кога овој астероид ќе го уништи животот на Земајата, спрема експертите е 16 март 2880 година.
Астероидот со дијаметар од еден километар, со паѓањето на Земјата би предизвикал катаклизма како онаа кога исчезнале диносаурусите. Астероидот 1950ДА се движи со брзина од 15 километри во секунда, а ударот се споредува со детонација од 44.800 мегатони на T…
Една од најголемите предности на новите Type-C конектори кои ќе ги заменат денешните MicroUSB е реверзибилноста. Тоа значи дека нема повеќе да се грижиме за страната на конекторот при приклучувањето.
Новата генерација на USB приклучоците е спремна за производство, па наскоро ќе користиме нови кабли за поврзување на смарт телефоните, таблетите и другите уреди со компјутерите.
Претставниците на компјутерската, мобилната и автомобилската индустрија го очекуваа овој нов стандард – изјавил претседателот на “USB 3.0 Promoter Group”, Bred Sonders.
Без оглед што новите Type-C конектори не се компа…