Најмалку 45 луѓе загина, а најмалку 56 се ранети кога двајца бомбаши самоубијци со пукање влегле во џамија во градот Пешавар пред да се разнесат за време на редовната петочна молитва.
Портпаролот на болницата во Пешавар изјави дека стравува бидејќи бројот на жртви може да порасне, со оглед на тоа што неколкумина од повредените се во критична состојба.
Градската полиција соопшти дека двајцата напаѓачи отвориле оган кон полицијата, при што убиле еден полицаец пред да влезат во џамијата во пазарната област Киса Хани. Кога влегле во џамијата, го активирале експлозивот.
Досега никој не ја п…
Ве запознаваме со најдобрите природни антибиотици.
Маслото од оригано се нарекува крал на природните антибиотици а е прогласено за најлековито природно средство во борба против многу болести. Повеќе истражувања покажале дека маслото од оригано убива дури 96% од бактеријата пенумокок, 92% стафилокок, исто така елиминира 83% стрептокок и 78% ентерокок во организмот.
Екстрактот од лист на маслинка како и многу други антибиотици е одличен избор кога не е познат точниот вид на бактеријата со која имате проблем, затоа што неговото дејство е со широк спектар, што покажало истражувањето спроведено …
За снимање на документарен филм кој ќе се емитува на британскиот Channel 4, направена е ДНК анализа на сопругата на Адолф Хитлер која би можела да покаже дека Ева Браун има еврејско потекло.
Оваа теза се заснова на анализата земена од четката за коса од резиденцијата на Хитлер во Бергдорф, каде Ева Браун поминувала најмногу време за време на Втората светска војна.
Експертите во анализираниот примерок нашле специфична секвенца на ДНК поврзана со Ашкеназите кои сочинуваат 80% од еврејската популација во светот.
Авторите на документарниот филм тврдат дека све укажува на тоа дека анализираниот …
По еден месец трагање по исчезнатиот малезиски авион, кинески патролен брод воочил сигнал на фреквенција од 37,5 kHz, во јужниот дел од Индискиот океан, што би можел да одговара на сигнал од црната кутија од исчезнатиот авион, известила кинеската агенција Xinhua.
Десетици бродови и авиони се придружија во трагањето и операцијата влезе во својата најинтензивна фаза бидејќи наскоро ќе се потроши батеријата која овозможува емитирање на сигнал од црната кутија, но засега нема доказ дека тој сигнал одговара на тој од MH370.
Веќе еден месец од исчезнувањето на малезискиот авион трагањето не даде …
Албанската полиција извести дека запленила голема количина на експлозив, а притоа биле уапсени познати криминалци и бил одземен целиот арсенал на оружје.
Полицијата заплени 4,6 килограми експлозив во Драч и уапси три лица, информираат истражните органи во Албанија.
Oттаму објаснуваат дека заплената на експлозивот се случила во акција чија цел била спречување на трговијата со оружје и луѓе, а покрај експлозив биле запленети и три гранати, еден калашников, четири мобилни телефони, пет детонатори и едно возило, пренесуваат албанските медиуми.
Се наведува дека еден од уапсените, маж од Тиран…
Откако живеат во ЕУ, дел од производите на Хрватите секако им се поефтини, меѓутоа на цената на живеењето влијаеле и разни други околности, не само членството во ЕУ.
Во стан од 60 квадратни метри, во однос на минатата година, се живее поскапо, и тоа во просек за 25 куни. Многумина ќе речат дека тоа не е многу, но вкупната цена на живеењето во последните четири години, малку по малку, пораснало за 20%.
Цените на режиските сметки се поголеми а последното зголемување било оваа седмица на сметките за вода. Но од друга страна пак поефтиниле некои прехранбени продукти. Проблемот е во тоа што граѓ…
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ја критикувал одлуката на уставниот суд да ја укине забраната за пристап на Твитер кој самиот тој порано го наредил.
„Секако дека мораме да ја спроведеме одлуката на судот, но јас не ја почитувам таа одлука“, изјавил Ердоган за новинарите пред заминување на пат за Азејберџан.
„Нашите национални вредности се погазени“, оценил тој.
Највисоката турска институција оценила дека забраната за пристап на Твитер е неуставна и дека тоа е кршење на слободата на изразување.
Турската управа за телекомуникации го блокираше пристапот на Твитер ноќта од 20 до 21 март по …
Комитетот на американскиот Сенат за разузнувачките служби, гласал за симнување на ознаките на доверливост за користење на бруталните методи на испрашување кои ги користела CIA.
Сенаторката од редовите на демократите, Дајана Фајнштејн, која претседава со комитетот. Рекла дека со 11 гласови за и три против е тргната ознаката на доверливост од, како што го нарекла, „шокантните резултати на истрагата на CIA” за време на мандатот на републиканскиот претседател Џорџ Буш, пренесува агенцијата Reuters.
Гласањето да се тргне блокадата од резимето и препораката, извештајот од 6200 страници е судир бе…