Развојот на технологијата, интернет и смарт телефоните донесоа бројни добри работи, ја забрзаа и подобрија работата, но поради константната достапност многу од вработените биле контактирани и вон работното време и се барало да работат и од дома. Поради тоа луѓето се константно под стрес и не можат повеќе да се опуштат по работата и да уживаат со фамилијата бидејќи знаат дека екипата од работа може да ги контактира во секое време.
Затоа во Германија размислуваат за воведување на закон кој би оневозможил контактирање на вработените вон работното време.
Едно неодамнешно истражување во Германиј…
Украина е соочена со голема војна со Русија која ќе однесе десетици илјади животи, изјавил во понеделникот украинскиот министер за одбрана Валериј Хелетеј. “во нашата куќа дојде голема војна. Во таа војна загубите нема да се бројат во стотици туку во илјадници па дури и неколку десетици илјади мртви”, напишал министерот на својот Facebook профил. “Мораме итно да организираме одбрана против Русија, која се обидува, не само да ги завземе позициите на окупираните територии, туку ќе покрене офанзива и на други подрачја во Украина”, додал тој.
НАТО ќе ја засили својата положба во источно европск…
Рускиот претседател, наводно пред неколку дена во тек на еден телефонски разговор, му се заканил на шефот на Европската комисија, Мануел Баросо, дека кога би посакал, Киев може да го завземе за две недели. “Да сакам, Киев можам да го завземам за две недели”, е цитатот на заканата на Путин, за која пишува италијанската LaRepublica.
Путин ова го рекол реагирајќи на најавата за нови санкции на ЕУ кон Русија, а Баросо неговата изјава ја пренел на своите колеги на самитот на ЕУ, одржан минатиот викенд.
Веста за оваа закана се појавила во момент кога бројни украински фаункционери говорат дека нив…
Научници кои ги проучуваат климатските промени сѐ погласно предупредуваат дека во наредниот период на нашата планета ѝ се заканува апокалипса.
Во првата деценија на 21 век просечната температура на површината на Земјата пораснала за 0,47 степени Целзиусови. Научниците пресметале дека ако просечната температура достигне раст од еден степен тогаш ќе се зголеми испарувањето на водата во атмосферата за 7%. Тоа би довело до посилни струења и чести временски неприлики со обилни врнежи.
Зборот апокалипса, кој значи крај на светот, често се слушал и на првата меѓународна конференција на метеоро…
Вашиот потпис на било кој документ е единствен, но дали знаевте дека и вашиот бактериски потпис е единствен, што значи дека насекаде со вас се движат и ситни состанари кои живеат на вашата кожа.
Атоми, видливи под микроскоп ви го прекриваат телото и се движат заедно со вас насекаде, покажало истражувањето чии резултати се објавени во стручното списание Science. Научниците тврдат дека секоја просторија на вашиот стан е преполна со бактерии единствени за вас и вашата фамилија, и секое место кое ќе го допрете, прозорец, прекинувач за светло, квака, шпорет… е прекриено со вашите лични бактери…
Милитантите на Исламската држава (IS) контролираат голем дел од територијата на Сирија и Ирак, добро се вооружени и брутално постапуваат спрема своите непријатели. Тие сега имаат нова цел, а тоа е ослободување на Палестина, пишува британски Guardian.
Имено, IS објавил дека од сега ќе се бори против варварската окупација и ќе ги убијат сите Евреи кои ќе се кријат зад ghargad (мали грмушки кои растат во пустинските краишта). Милитантите објавија и дека ќе срушат сѐ што ќе им се најде на нивниот пат за да дојдат до Палестина.
Спрема наводите на медиумите во овој регион, IS веќе оформиле помал…
Зграда во Иран е изнимно необична дотолку што нејзините станари можат сами да го менуваат изгледот. Освен менувањето на изгледот на зградата Sharifi-ha во Техеран, нејзините жители можат да ги менуваат и функциите на просториите во неа, пишува Brava Casa.
Зградата е направена на тесна парцела, со доволно простор во длабочина, и има единствена можност од дводимензионална фасада да се претвори во три димензии, со што зградата може да биде отворена или затворена.
Во Иран куќите често имаат летни и зимски дневни соби. Тоа во куќата Sharifi-ha не е потребно бидејќи тоа се прави со ротирање на со…
Научниците кои работат на откривање на лек против еболата, им ја отежнува работата нејзината карактеристика, а тоа е дека вирусот рапидно мутира. Проучувањето на пациентите на кои е дијагностициран вирусот во Сиера Леоне, откриле скоро 400 генетички модификации, пишува Daily Mail.
Тоа би можело да е штетно, не само за моменталните третмани, туку и за идните вакцини на кои се работи.Тимот на истражувачи од Harvard и Универзитетот Massachusetts, анализирал повеќе од 99 вируси геноми на ебола. Откриле повеќе од 300 генетички промени поради кои епидемијата на ебола оваа година е различна од пре…