Сеп 11, 2014

Откриени првите детали на планот од Обама за борба против Исламската држава

Американскиот претседател Барак Обама во своето обраќање на нацијата рекол дека САД ќе ја предводи широката коалиција на која цел ќе ѝ биде да ја ослабне, а потоа сосема да ја уништи Исламската држава. Во воената кампања нема да бидат вклучени копнени сили, туку САД ќе делува во соработка со западните сојузници и арапските држави. “Антитеористичката кампања ќе ја предводиме цврсто и непопустливо со цел уништување на милитантите од ISIL каде и да се наоѓаат, користејќи ги нашите воздушни сили со поддршка на воените сили на нашите партнери на теренот”, рекол Обама. “Нема да се двоумам да делу…

Сеп 10, 2014

Amazon го распродава својот прв смартфон за 99 центи

Првиот смартфон на Amazon, “Fire”, кој беше претставен оваа година, сега се нуди за 99 центи со двегодишен договор, пишува NewYork Times. Иако на овој производ работеа илјадници работници, скоро 4, години и се очекуваше продажба помеѓу еден и два милиони апарати, се чини дека влезот на Amazon на пазарот на смартфони беше преголем залак. Двете карактеристични функции на Fire се динамичката перспектива која пружа своевиден 3D и Firefly која овозможува скенирање на производите за полесно купување на Amazon. Иако цената падна на 99 центи, Fire и понатаму доаѓа со едногодишен Amazon prime пакет …

Сеп 10, 2014

Со новиот Xperia Z3 до 30 минути под вода

Бројни технолошки компании ги претставија новите модели на телефони, таблети и часовници, но впечаток е дека главните адути на Sony се во врвот на смарт производите. Моделот Xperia Z2 спрема многу експерти беше еден од најдобрите паметни телефони, а Sony сега го надогради и подобри својот најсилен смартфон кој на пазарот ќе им конкурира на iPhone и на Galaxy S5. Xperia Z3 има 5,2 инчен екран со резолуција 1920х1080 пиксели, работи на четворојадрен Snapdragon 801 процесор од 2,5 GHz, има 3 GB RAM, 16 GB простор за податоци кои можат да се надоградат со мемориска картичка до 128 GB и камера с…

Сеп 10, 2014

Гласините за iPhone 6 се покажаа вистинити

Гласините за кои читавме со месеци се покажаа дека се вистинити – Apple на презентацијата претстави два нови модели на iPhone со големи екрани и уредот кој многу се чекаше – смарт часовникот. Apple Watch ќе биде достапен во две големини и тоа на почеток на идната година а ќе чини 349 долари. Tim Cook напомена дека не сакале да направат часовник кој ќе биде намалена верзија на iPhone, па така  Apple Watch ќе има интерсно копче Digital Crown за навигација и управување со апликации и со потполно нов интерфејс, а интересно е тоа дека екранот ќе препознава разлика помеѓу допир и притисок. Овој у…

Сеп 9, 2014

Како Шкотското “ДА” на референдумот ќе влијае на Европа

Следниот четврток, на 18 септември, Шкотланѓаните со гласање ќе се изјаснат дали се за независност, а спрема последните анкети, “за” ќе гласаат повеќе од 50%. Ако Шкотланѓаните се одлучат за независност, тоа би можело да предизвика домино ефект за слични ситуации низ Европа, велат аналитичарите, а пренесува Business Insider. Во Шпанија, на пример, се загрижени дека шкотскиот пример би можел да ги охрабри сепаратистите во Каталонија кои планираат референдум по истото прашање на 9 ноември, а шпанската влада тоа го третира како неуставно. Геополитичкиот експерт Ian Bremmer, рекол дека не очеку…

Сеп 9, 2014

Што да направите кога од вас сакаат да позајмат пари роднини и пријатели

Позајмувањето пари на најблиските често може да биде контрапродуктивно, дури до таа мерка што луѓето прекинуваат односи и врски, пишува Credit Cards. Спрема Maggie Baker, автор на книгата “Луди по пари”, една од најголемите грешки при позајмување на пари е кога луѓето ќе кажат ДА пред да размислат. Многумина позајмуваат пари за да не испаднат себични и поради стравот да не го изгубат меѓусебниот однос. Во случај кога се позајмуваат пари многу е важно да не ја загрозите својата финансиска ситуација, а златно правило при позајмување е: “позајми мислејќи дека никогаш нема да ги добиеш парите н…

Сеп 9, 2014

Малку познати факти за патиките “старки”

Со оглед на истражувањата кои покажале дека секоја 43-та секунда во светот се продава еден пар на “старки”, тешко дека постои лице кое барем еднаш не ги поседувало патиките од компанијата Converse, која е продадена на Nike во 2003 година. Тие се создадени за прв пат во 1917 година како кошаркарски патики, а со времето станаа заштитен знак на урбан тренд, па така денес ги носат сите од музичари до директори. Еве некои малку познати факти за “старките” кои ги пишува refinedguy.com -Продадени се повеќе од 800 милиони пара до 2013 година. Дури 60% од американските граѓани во одреден период на с…

Сеп 8, 2014

Deutsche Telekom ја шири својата дејност

Deutsche Telekom, сопственикот на T-mobile и T-home во Македонија, сака да го прошири работењето и во спортското обложување, објавил германскиот весник Suddeutsche Zeitung. Ова засега е ограничено само на Германија каде операторот потврдил дека ги направил сите припремни работи. Во идните две недели ќе се знае дали германските власти ќе ѝ одобрат концесија за обложување на компанијата Deutsche Sportwetten GmbH. Од Deutsche Telekom потврдиле, доколку тоа се случи, планираат да го превземат мнозинскиот пакет над таа компанија за обложување. Додаваат дека за овој потез веќе добиле одобрение од…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top