Facebook воведе неколку нови функционалности во својата мобилна апликација за iOS и Android, со што искуството со управување на фотографии го приближи со можностите на десктоп апликацијата.
Имено, мобилните корисници сега можат да го избираат саканиот редослед на фотографии при нивното поставување на Facebook. Откако ќе се одбере фотографијата има можност да се види и прегледа галеријата како ќе изгледа по објавувањето.
Корисниците исто така ќе можат да напишат краток опис на целата “фото-приказна” и да додадат текст на секоја поединечна фотографија, како и да ги распоредат по саканиот ред…
Кинескиот Huawei во третиот квартал оваа година испорачал повеќе од 32 милиони уреди од кои 16,8 милиони смарт телефони, што е за 26% повеќе отколку истиот период лани, соопштено е од компанијата. Од соопштението на компанијата издвојуваме неколку интересни факти за оваа кинеска компанија:
-Huawei е спонзор на неколку спортски организации, а неодамна го продолжија партнерството со шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид а започнаа соработка и со турскиот Галата Сарај.
-Во октомври оваа година Interbrand го стави Huawei, односно неговата бизнис единица за корисници, во извештајот на Best G…
Нема потреба да се објаснува за што сѐ се користи аспиринот во медицината и здравјето на луѓето, но овој лек сепак може да се употреби и за други корисни работи. Ова се четири поинакви начини на употреба каде аспиринот има успешно дејство.
-Го намалува појавувањето на првут – Поради салицилната киселина која се наоѓа во аспиринот, а која е состојка на многу шампони против првут, аспиринот може да помогне во борбата против оваа досадна појава во косата. Здробете два или три аспирини и измешајте ги со вообичаената количина на шампон која ја користите при секое миење на косата. Нанесете на кос…
Илјадници Унгарци протестираа во неделата поради најавениот данок на промет на интернетот кој, како што стравуваат, нема само да го подигне вкупното оданочување, туку ќе ги ограничи правата и слободите.
Владата на Виктор Орбан кои многумина ја обвинуваат за недемократски мерки, во вторникот го претстави новиот план на оданочување. Нацрт планот за оданочување предвидува давателите на услуги на интернет да плаќаат данок од 0,5 евра за 1 GB промет.
Собирањето на луѓето во неделата се организирало на Facebook каде групата брои повеќе од 210.000 фанови. Протестантите, а некои локални станици про…
Стрес тестот е спроведен во 123 банки во Европската унија, за да се види дали би можеле да издржат уште една финансиска криза. BBC пишува дека тој тест не го поминале 24 банки.
Банките сега имаат девет месеци да ги доведат во ред своите финансии или да ризикуваат затворање. Ревизијата се темели на финансиското здравје на банките на крајот од 2013 година.
Во меѓувреме, десет од 24-те наведени банки превземале мерки за подобрување на своите биланси. Преостанатите 14 банки се наоѓаат во еврозоната,а најголемата од нив која паднала на испитот е италијанската Monte dei Paschi di Siena.
Еве кои 1…
Она што се случи во Отава е аларм за узбуна и во Лондон, тврдат лабуристичките пратеници во Парламентот.
Туристичките тури околу зградата на Парламентот во Лондон станале опасни, сметаат некои од пратениците. Имено, разузнувачките служби тврдат дека исламистичките екстремисти се уфрлуваат во разгледувањето на Парламентот за да добијат што повеќе информации за зградата, внатре и однадвор. Стравуваат, дека и во Лондон би можело да се случи она што се случи во Канада, пишува Daily Mail.
Поради ова на посетителите на Парламентот им е забрането фотографирање во внатрешноста на објектот. Загрижен…
Alan Eustace, еден од главните извршни директори на Google во потполна тајност скокнал од работ на вселената и го обори рекордот на Felix Baumgartner поставен пред две години, пишува британскиот Telegraph.
57-годишниот Eustace скокнал од 41.842 метри, а својата небеска авантура ја започнал од напуштениот аеродром во Њу Мексико.
Откако му требале 2 часа да се искачи на висина од 41.000 метри, се спуштал кон Земјата со брзина од 1.287 километри на час во слободен пад кој траел 4,5 минути.
За разлика од Baumgartner, Eustace сам го финансирал проектот, а се претпоставува дека и тој го пробил з…
Познатиот бренд за спортска опрема Skechers припрема нова маркетиншка кампања за својата линија “Relaxed Fit”, а нејзино заштитно лице ќе биде познатиот тапанар на Битлси, Ринго Стар.
Кампањата ќе вклучува серија на телевизиски спотови со хумористичен тон, а ќе се прошири и на печатените и онлајн медиумите, соопштено е од Skechers. Рекламите ќе тргнат на пролет во 2015 година.
“Ринго поседува шарм, харизма и инстантна глобална препознатливост која ќе ја подигне свеста за нашата популарна колекција Relaxed Fit во САД, а поготово во светот”, се вели во соопштението.
Ангажманот на Ринго Стар е…