Најмалку 13 лица загинале, а на десетици се повредени рано утрово кога граната погодила автобуска станица во населбата Ленински, во Доњецк, на истокот од Украина, соопштија официјални лица на Народната Република Доњецк.
Спрема првичните информации, гранатата е испукана околу 9 часот по локално време од минибус, пренесува Tass.
До гранатирањето дошло откако Русија и Украина вчера постигнаа договор за процедурата на повлекување на тешкото оружје на истокот од Украина.
Спрема зборовите на министерот за надворешни работи на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, неговите колеги од Русија и Украина…
Еден Палестинец избодел со нож неколку луѓе во автобус во централниот дел од Тел Авив, а потоа побегнал од местото на нападот, но на него пукала полицијата и тој е уапсен, соопштила полицијата.
Полицискиот портпарол Мики Розенфелд рекол дека полицијата верува дека станува збор за терористички напад и дека напаѓачот побегнал од местото на нападот.
Розенфелд не знаел колку луѓе се избодени и во каква состојба се, но израелските медиуми јавија дека се ранети 12 луѓе, вклучувајќи тројца сериозно.
Розенфелд додал дека полицијата полесно го ранила напаѓачот а потоа истиот е уапсен.
Во последните …
Имајќи во предвид дека смртта е една од најмистериозните појави во светот, многу е веројатно дека многу луѓе би сакале да го дознаат точниот датум на сопствената смрт. Можеби и не, но за сите љубопитни постои апликација која, иако такво нешто е невозможно да се дознае, сигурно добро ќе ве насмее во проценката на датумот и причината за вашата смрт.
Една од најбизарните апликации се вика Deathapp каде можете да го внесете своето име и презиме, како и датумот на раѓање, и таа ќе ви покаже кога и на кој начин следува вашата смрт.
Иако звучи морбидно, коментарите кои се наоѓаат на виртуелниот сп…
Често на Facebook можат да се видат содржини од типот “Кликнете овде и освоите…” или слични наслови, кои вообичаено се направени за собирање што повеќе кликања, а всушност ништо нема да освоите.
Сѐ повеќе луѓе ги избегнуваат овие содржини, но често коментираат на нив како на пример “ова е измама”, не кликнувајте на оваа содржина” и слично. Секако, со ова се добива спротивен ефект, всушност се зголемува можноста за прикажување на овие содржини во news feed со што изостануваат поважните содржини кои вас ве интересираат.
Тестирањата на Facebook покажале дека луѓето дури по два пати бришат ва…
Екстремистите на Исламската држава се закануваат дека ќе ги егзекутираат двајцата заробени Јапонци доколку во рок од 72 часа не им се исплатат 200 милиони долари.
На снимката, која ја објавиле, се прикажуваат двајца мажи од Азија кои се облечени во портокалова облека и човек со црна маска преку лицето кои ги чита барањата, јавува Rusia Today.
Мажот кои бара откуп звучел како Британецот кој е вмешан во поранешните обезглавувања на заложници кои ги киднапираше Исламската држава и која контролира една третина од ирачката и сиријската територија.
Тој рекол дека Јапонците Кенџи Гото Јого и Харун…
50-годишната забрана за увоз на кубански цигари во САД од денес престанува да важи што значи дека наскоро Американците ќе можат да уживаат во популарните кубански пури. Љубителите на кубански цигари најмногу можат да му заблагодарат на Барак Обама чија нова политика на смирување на односите со Куба и практично почнува да стапува на сила.
Освен кубанските цигари, новата политика на Обама ќе им овозможи на многу Американци патување во 144 км оддалечената Куба без посебни документи, а освен тоа по прв пат ќе можат таму да ги користат своите кредитни картички.
Покрај многуте погодности, со подо…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди за можен “конфликт на цивилизациите”, а ја критикуваше и Франција што допуштила жената на еден од напаѓачите преку Турција да отпатува за Сирија.
Ердоган е сунитски муслиман и голем верник, пишува Reuters, а веќе го обвини Западот за лицемерието по нападите во кои беа убиени 17 лица, меѓу кои и дванаесетмината во редакцијата на сатиричниот весник Charlie Hebdo, а напаѓачите беа убиени од страна на полицијата.
Во говорот на состанокот со бизнисмените во турскиот главен град Анкара, Ердоган рекол дека Charlie Hebdo е познат по своите провокац…
По стравичниот напад на Charlie Hebdo, се огласи хакерската група Анонимуси кои прогласија војна со терористите и најавија напади на интернет страниците на кои се шири џихадистичка пропаганда и се регрутираат нови терористи. Но, во сајбер војната се вклучиле и исламските хакерски групи па од нападот во Париз до денес нападнати и срушени се околу 19.000 интернет страници во Франција.
“Ова е напад каков што никогаш претходно не сме доживеале”, коментирал за USA Today офицер на сајбер дивизијата во француската војска Arnaud Coustilliere и додал дека ова е прв пат некоја земја да е соочена со т…