Јан 25, 2015

Дивеењето на швајцарскиот франк ги изнесе Полјаците на улица

Поради дивеењето на швајцарскиот франк на светските берзи, стотици Полјаци со излегување на улица го искажале своето незадоволство. Сопствениците на недвижнини, излегоа пред зградата на Швајцарската народна банка за да го искажат своето незадоволство. Властите ги притиснаа банките на 20 јануари да ги олеснат плаќањата на кредитите за дури половина милион граѓани и побарале истрага за околностите при издавањето на такви кредити, јавува Reuters. Полјаците протестираа во Краков, Гдањск, Вроцлав и Варшава. Како едно од решенијата полското министерство за финансии го наведува спуштањето на камат…

Јан 25, 2015

Шестмина скијачи загинаа на француските Алпи

Шестмина скијачи кои исчезнаа во саботата, во лавина на југоистокот во француските Алпи, се пронајдени мртви, објавија спасувачките екипи. Четворица мажи и две жени, сите со големо скијачко искуство, од француска националност помеѓу 50 и 70 годишна возраст, отишле на скијање во саботата наутро, но ги изненадила лавина, објавила префектурата департмани Hautes-Alpes (Високи Алпи). Несреќата се случила на масивот Queyras, во близина на градот Ceillaca. Првите три тела се пронајдени во текот на ноќта, а другите три по четири часа трагање. “Кога заминаа, небото беше чисто, а ризикот од лавина бе…

Јан 25, 2015

Јапонскиот премиер огорчен поради убиството на еден од заложниците

Јапонскиот премиер Shinzo Abe изјави дека очигледното убиство на еден од јапонските заложници кои беа заробени од милитантите на Исламската држава е срамотно и неподносливо, и повторно ги повика на ослободување на јапонскиот новинар кој сеуште го држат во заложништво. Abe исто така рекол дека Јапонија нема да му попушти на тероризмот. Ова го изјавил за телевизијата NHK по објавувањето на видеото од убиството на Јапонецот Haruna Yukawa.Воедно се појави и аудио снимка каде другиот заробеник, новинарот Kenji Goto, зборува дека неговиот живот би можел да биде спасен во замена за ослободување на…

Јан 25, 2015

Пад на еврото по одлуката на Европската централна банка

Еврото доживеa нов пад на светските берзи откако Европската централна банка најави печатење на свежи пари за поттикнување на стопанството. Откако Европската централна банка најави печатење на свежи пари за поттик на стопанството, курсот на еврото падна на светските берзи и потона под 1,12 долари за едно евро, што не е забележано во последните 11 години. Аналитичарите велат дека еврото, кој од почетокот на годината потона за 7%, е на пат да го забележи најголемиот пад во однос на доларот од финансиската криза на почетокот на 2009 година. Според некои предвидувања еврото би можело да доживее …

Јан 24, 2015

Вредноста на златото во нагорна линија

Вредноста на златото е во нагорна линија и ја премина цифрата од 1.300 долари по унца. Тоа е најголемо ценовно ниво од август минатата година и почетокот на Руско-Украинската криза, пишува CNN Money. Од валутниот скок на швајцарскиот франк преку најниските цени на нафтата за барел и вбризгувањето на 60 милијарди евра секој месец во еврозоната, многу елементи носат несигурност на светските пазари а инвеститорите од Wall Street сакаат да играат на сигурно, па така без сомнение, вложувањето во злато е на врвот на тој попис. Сепак, цената на златото е тешко да се предвиди бидејќи чувствата на и…

Јан 24, 2015

Во крвави конфликти ширум светот учествуваат 250.000 деца

Не е важно дали готват, чистат или се борат рамо до рамо со војниците на првите линии, на воените боишта ширум светот денес се наоѓаат 250.000 деца. Едно од последните видеа на ISIS го шокираше светот бидејќи во него главен лик е дете од десетина години кое во своите раце ја зема задачата за егзекуција на двајца руски државјани. Но, колку тоа лошо да звучи, децата војници не се ништо ново. Од 2000-та година, спрема податоците на Child Soldiers International, децата војници учествуваат во секој вооружен конфликт во светот. Тешко е точно да се процени бројката, но UNICEF проценува дека се раб…

Јан 24, 2015

Документарец на Мартин Скорсезе ставен во фиока на неодредено време

Документарниот филм на режисерот Мартин Скорсезе кој го работеше за HBO TV за поранешниот, 42-ри по ред, американски претседател Бил Клинтон е ставен во фиока на неодредено време поради недоразбирања “околу контролата на филмот”, пренесуваат медиумите. Како што наведува New York Times, проектот кој беше најавен во 2012 година е откажан поради тоа што Клинтон барал повеќе контрола над прашањата за интервјуата, како и над финалниот производ, но неговиот портпарол одговорил дека тоа тврдење е неточно. Кабловската телевизија HBO, на која требаше филмот да се прикажува, објавила дека прикажување…

Јан 23, 2015

Откриени детали од црната кутија на авионот на AirAsia

Истражителите на авионски несреќи кои работат на трагичниот случај на летот на AirAsia 8051 потврдиле што открила црната кутија. Имено, снимките прикажале дека во кокпитот имало бројни аларми додека пилотите се бореле со авионот, а помеѓу другото бил вклучен и алармот кој укажувал на нагло зголемување на висината. Истражителите ја исклучиле можноста за саботажа, откако ги прегледале податоците од црните кутиии. Индонезијскиот министер за сообраќај Ignasius Jonan рекол дека авионот добивал на висина, неверојатно брзо околу 2000 метри во минута, а потоа нагло паднал и исчезнал. Пронајдени се …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top