Јан 31, 2015

Светска агенција почна со новинари – роботи

Светската агенција Associated Press уште пред шест месеци најави, а потоа и го имплементира системот во кој за пишување статии користи “новинари роботи”. Имено, програмата е осмислена на начин така што пишува статии за работните резултати и известувањата од компаниите, за новинарите да имаат повеќе време за следење на трендовите, пронаоѓање нови приказни и ексклузивни вести. Програмата се вика “Automated Insights” и секој квартал објавува околу 3.000 вести од бизнисот и известувањата од компаниите, а таа бројка од ден на ден расте сѐ повеќе. Кварталната добивка, кога е во прашање бизнис изв…

Јан 31, 2015

Нов инцидент на старите непријатели

Новиот грчки национачистички министер за одбрана го натера стариот непријател, Турција, да ги подигне борбените авиони бидејќи само неколку дена од превземањето на должноста ги прелетал ненаселените острови покрај турскиот брег поради кои во 1996 година овие две земји беа на работ од војна. Турските авиони влетале во грчкиот воздушен простор каде ги дочекале грчките, бидејќи министерот за одбрана Панос Каменос со челниците на грчката војска летале со хеликоптер над островот Имиа и фрлил венец во знак на сеќавање на тројца грчки офицери кои пред 19 години тука загинале во хеликоптерска несре…

Јан 29, 2015

Германија: Илјадници работници ја прекинаа работата

Илјадници работници во ноќните смени во германските фабрики ја прекинале работата минатата ноќ, протестирајќи поради неспремноста на работодавачите за зголемување на платите, објави IG Metall, најголемиот германски синдикат. IG Metall, кој брои 3,7 милиони работници, го одбил предлогот на работодавачите кои нудат зголемување на платите за 2,2% од 1-ви март. Синдикатот сака зголемување од 5,5% од почеток на годината, порачувајќи дека солидниот пораст во најголемото светско стопанство го оправдува барањето. Само во Северна Рајна Вестфалија повеќе од 3.000 работници во 15 компании ја прекинаа …

Јан 29, 2015

Facebook поголем од Кина

Facebook  ги објави финансиските резултати за последниот минатогодишен квартал кој ги развесели сите акционери и така најголемата социјална мрежа во светот ги надмина сите очекувања и предвидувања на берзанските аналитичари. Во споменатиот период отстварен е приход од 3,85 милијарди долари, што е зголемување од скоро 50% во однос на истиот период лани, додека за цела 2014 година отстварен е приход од 12,47 милијарди долари, што е 58% повеќе во однос на претходната година. Освен заработката, многу важен податок е и бројот на корисници на оваа мрежа – спрема последните официјални податоци на …

Јан 28, 2015

Попушта ѕидот на молчење на мафијата

Ѕидот на молчење кој со десетлетија ја штити мафијата конечно попушти, дури и во внатрешноста на Сицилија, пишува Independent. Во Корлеоне, родното место на најозогласените кумови на Коза Ностра, кое го позајми своето име на мафијашката фамилија во филмовите на Копола, жртва на мафијашкото изнудување по прв пат во историјата соработувала со правосудните органи. Карабињерите го уапсиле локалниот шеф на мафијата и уште три лица, а апсењето следело откако неименована жртва, сопственик на автосалон, на полицијата им рекла дека не може повеќе да плаќа рекет од 500 евра месечно, колку што се плаќ…

Јан 28, 2015

Тастатура која го препознава сопственикот

Американските и кинеските научници, заеднички развиле тастатура која го препознава начинот на пишување на нејзиниот сопственик и со тоа е унапредена конвенционалната компјутерска безбедност. Тастатурата која е развиена на технолошкиот институт во Џорџија и кинеската академија на науки може да го искаже фактот дека секој човек на тастатура пишува различно. Оваа интелегентна тастатура, наречена IKB, може прецизно да го идентификува корисникот (и натрапникот) во реално време врз основа на начинот на пишување. Тоа го прави со претворање на движењето по тастатурата во динамични електрични сигнал…

Јан 27, 2015

Нападнати Facebook и Instagram поради што беа вон употреба еден час

Откако корисниците ширум светот не можеа да пристапат на своите профили на популарните социјални мрежи во медиумите се јави хакерската група Lizard Squad која ја превзеде одговорноста за нападот. Facebook и Instagram утрово беа недостапни ширум светот, а причина е наводно сајбер напад. Имено, групата Lizard Squad ја превзеде одговорноста за утринскиот напад на социјалните мрежи, пишува Daily Mail. Станува збор за страници кои имаат вкупно 1,5 милијарди корисници кои не беа во можност да пристапат на своите профили околу еден час. И покрај тврдењата на хакерите, Mark Zuckerberg сеуште не ги …

Јан 27, 2015

Пристигнува историска бура која би можела да загрози 60 милиони луѓе

Во Њујорк, но и во други подрачја на североистокот на САД е сѐ во прекин поради бурата Juno која спрема очекувањата со себе ќе донесе и околу 90 цм снег пропратено со замрзнат дожд и ветар кој ќе достигне повеќе од 100 км на час. Националната метеоролошка служба бурата ја опишува како опасна за живот и историска. На сите возила кои не се дел од првата помош им е забранет сообраќајот од 11 часот навечер по локално време, а откажани се и услугите на подземната железница. Бурата би можела да влијае на животите на 60 милион луѓе, пишува BBC. Како што јавува Reuters, станува збор за потенцијално…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top