Фев 28, 2015

Зошто февруари има 28 дена?

Она што го знаеме е дека сите месеци, освен февруари, имаат по 30 или 31 ден. Зошто е тоа така? Виновни за ова се старите Римјани, иако записите за римскиот календар се ретки и недоречени. Легендата вели дека првиот римски крал Ромул осмислил 10-месечен лунарен календар кој почнувал за време на пролетната рамнодневница во март, а завршувал во декември. Не е потполно јасно дали постојат месеци помеѓу декември и март, но веројатноста е дека не постојат бидејќи зимското време не било важно за жетвата. Друг римски крал, Нума Помпилиј, одлучил да направи поточен календар и да го синхронизира со …

Фев 27, 2015

Реклама која предизвика многу контроверзи во светот

Телевизиската реклама за “најтенкиот телефон во светот” на компанијата Kazam е забранета во Велика Британија. Причина за тоа е бидејќи со маркетиншкиот потез “жените се претставени како објекти”, а сцените се “сексуално сугестивни”, тврдат критичарите. Агенцијата за стандарди при рекламирањето реагирала на “сексуално сугестивните” сцени кои би можеле да бидат “навреда за некои од гледачите”. На рекламата се примени осум приговори бидејќи била претерана “сензуалноста на жената”, а компанијата наведува дека само се обидела да истакне колку е тенок нивниот телефон. “Поголем дел од рекламата е …

Фев 27, 2015

Најавена голема конференција на Apple

Иако продажбата на часовникот на Apple се најавуваше најрано за април годинава, се чини дека тоа можеме да го очекуваме порано и дека тоа ќе се случи еден месец пред очекуваното. Од Apple се пратени поканите до медиумите за 9 март за конференцијата која ќе се одржи во Сан Франциско, а иако не објавиле никакви детали за производите кои ќе бидат претставени на неа, скоро е сигурно дека нагласокот ќе биде на нивниот паметен часовник. AppleWatch прв пат е виден во септември минатата година кога конечно се објави дизајнот на овој уред а воедно се дознаа и некои од опциите и цената на почетниот м…

Фев 27, 2015

Сериозно предупредување за учесниците во сообраќајот

Користењето на мобилните телефони за време на возењето се зголемило за околу 50% во однос на 2008 година а возачите најчесто за време на возењето ги проверуваат новитетите на социјалните мрежи, односно објавувааат статуси и праќаат пораки. Неодамна  спроведеното истражување во Велика Британија, чии резултати се објавени на Yahoo, покажало дека 1,5% од возачите ги користат мобилните телефони и за време на возењето, а една од најголемите причини за користење на мобилниот телефон за време на возењето е зависноста од социјалните мрежи, при што најголем број на луѓе се зависни од Facebook. Мобил…

Фев 26, 2015

„Apple“ доби казна за крадење патенти

Компанијата Apple треба да плати 532,9 милиони долари откао сојузната порота утврдила дека софтерот на технолошкиот гигант за iTunes содржи три патенти во сопственост на тексашката компанијата за лиценцирање на патенти Smartflash.Иако Smartflash бараше отштета од 852 милиони долари, пресудата изречена во вторникот вечерта сепак претставува сериозен финансиски удар за Apple, кој во постапката тврдеше дека надоместокот за користење на ови три патенти не може да изнесува повеќе од 4,5 милиони долари.По осумчасовниот судски процес на судот во Тексас, поротата заклучила дека Apple не само што ги…

Фев 26, 2015

Наскоро телефоните ќе се полнат само за една минута

Тим на Универзитетот во Тел Авив, задолжен за нанотехнологија, сосем случајно при истражување на алцхајмеровата болест, дошол до технологија потребна за брзо полнење на батерија. Спрема нивните резултати, посебна молекула на пептид може значително побрзо, како сунѓер, да впие електрично полнење, за разлика од обичните батерии на денешните паметни телефони. Компанијата која ќе ја развива оваа нова батерија се вика StoreDot, чие седиште е исто така во Израел. За жал оваа батерија ќе има еден недостаток, а тоа е помал капацитет од постоечките, но ако е возможно да се наполни за една минута тог…

Фев 24, 2015

Внимание за корисниците на Gmail

Ако во последно време сте праќале електронска пошта од  Gmail на Google, би било добро да поверите дали тие пораки отишле на вистинските адреси или сте ги пратиле на погрешни лица. Имено, откако на Twitter некои корисници се пожалиле дека електронската пошта на Gmail отишла кај погрешни лица, од Google потврдиле дека имаат проблем со автоматските предлози на e-mail адресите во контакти и поради тоа корисниците на Gmail ги пратиле пораките на погрешни лица. Проблемот се наоѓа во предлозите на Google кој ги дава при праќање на поштата – кога во Gmai ќе ја напишете првата буква на кого сакате …

Фев 24, 2015

Десет големи банки под истрага

Американското министерство за правда и Комисијата за трговија со стоки (CFTC) истражуаат најмалку 10 големи банки поради можноста тие да ги местеле цените на племенитите метали, објавил Wall Street Journal повикувајќи се на луѓе блиски до истрагата. Обвинителот на американското министерство за правда го проверува процесот на одредување на цената за златото, среброто, платината и паладиумот во Лондон, додека CFTC покренало своја истрага, објавил весникот. Како што се наведува во весникот, под истрага се најдоа HSBC, Bank of Nova Scotia, Barclays, Credit Suisse Group, Deutsche Bank, Goldman S…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top