Прашањето за нов лидер на Волксваген доведе до ескалација на конфликтот помеѓу двајцата најмоќни луѓе на најголемиот европски производител на автомобили.
Невобичаен јавен конфликт за компанијата Волксваген изби откако претседателот на компанијата, Ferdinand Piech, во германските медиуми јавно се дистанцирал од извршниот директор Martin Winterkorn. Piech е еден од патријарсите во компанијата од Волфсбург и во нејзиниот врв е веќе 22 години, од што 9 како главен извршен директор. На Winterkorn договорот му истекува кон крајот на идната година, а јавно дал до знаење дека се гледа на местото на…
Можеме само да замислиме какви податоци се наоѓаат во компјутерите на полицијата – информации за криминалци,луѓе кои се под истрага, планови за идни акции и слично, и можеме да претпоствиме дека тие компјутери се заштитени со најдобрите антивирусни програми и дека корисниците внимаваат какви страници посетуваат од тие уреди. Сепак, последните месеци сѐ повеќе читаме како полициските станици имаат проблеми со хакерите кои вметнуваат malware и кој ги заклучува нивните компјутери и ги блокира сите податоци на нив. За пристап до овие податоци хакерите наплатуваат откупнина која е најчесто од 30…
Исламската држава објавила ново видео во кое предупредуваат дека нема безбедност за ниеден Американец на светот и тврдат дека САД ќе гори во уште еден напад како оној 9/11.
Во видеото наречено “ќе ја запалиме Америка” ги повикува приврзаниците на Исламската држава да ја нападнат САД одвнатре, тврдејќи дека безбедноста на нејзините граѓани е фатаморгана, пишува Daily Mail.
Во видеото се претставени и некои од најкрвавите злосторства на милитантите како што е обезглавувањето на James Foley, неколку масовни сечења на глави и стравичното палење на јорданскиот пилот Muahd al Kasabeh.
Во видеото …
Илјадници луѓе се собраа денеска во центарот на Брисел за да протестираат против заострените мерки што белгиската влада ги воведе за да се спротивстави на големиот пораст на случаи со коронавирус.
Многумина протестираа и против советите да се вакцинираат и можното воведување задолжителна вакцинација, пренесе АП.
Демонстрантите носеа огромен транспарент на кој пишува „Заедно за слобода“.
Дел од демонстрантите започнале да ја провоцираат полицијата и да фрлаат секакви предмети кон кордонот специјалци, по што тие возвратиле со солзавец и водени топови.
Засега нема информации за уапсени д…
Кина планира да изгради железничка пруга под Монт Еверест кој би требало да ги поврзува Тибет, Непал и Индија.
Како што пишува The Guardian , постоечката линија помеѓу Qinghai и Тibet би можела да се продолжи низ Монт Еверест, но кинескиот експерт за железници, Wang Menghsu истакнува дека проектот, доколку добие зелено светло, ќе се соочи со многу технички препреки.
Но, иако Кина го поддржа градењето на железницата под највисокиот врв на светот, точната рута и цената на проектот е непознаница, а поради тешкиот терен на висорамнината Тибет, возовите најверојатно нема да можат да возат со брз…
Вчера започнаа преднарачките за часовникот н Apple и овој уред е распродаден за само шест часа, а притоа најбараните модели биле распродадени во само 10-30 минути. Љубителите на Apple кои успеаа да го нарачаат сојот модел во тој рок истиот ќе го добијат на 24 април или некој ден подоцна, додека останатите ќе мораат да чекаат еден до четири месеци за испорака на саканиот модел.
Многумина аналитичари и технолошки новинари очекуваа ваква ситуација за која велат дека е комбинација на голема побарувачка, но и моментална лимитирана достапност до ваков уред. Apple со тек на време ќе го зголемува п…
Грчката влада денес го испочитува крајниот рок и го отплати делот од заемот кон Меѓународниот монетарен фонд во износ од 450 милиони евра, објавија грчките медиуми, повикувајќи се на извори од министерството за финансии.
Уплатата е извршена во последен момент, во момент кога Атина води битка со цел да постигне договор со меѓународните доверители за нова помош за реформите кои оваа година предвидуваат додатни 3,7 милијарди евра државни приходи. Главниот дел на планот е борбата против затајување на данок.
Владата се надева дека од продажбата на пристаништето во Пиреја и 14 регионални аеродром…
Во палатата на правдата во Милано, денес претпладне, околу 11 часот, дошло до пукотници во кои се убиени две лица, а има и ранети. Помеѓу убиените е и судијата, јавува RT.Полицијата е во лов по убиецот кој утрово упаднал во судот, го активирал противпожарниот аларм и потоа почнал да пука од огнено оружје. Сомнежите се дека напаѓачот е обвинет во случај со банкрот за кој е одржано рочиште еден ден претходно. Палатата на правдата е евакуирана а напаѓачот е идентификуван како Claudio Giardelo и медиумите шпекулираат дека тој сеуште се наоѓа во зградата.
{loadposition content9}