Државата на часовници и чоколади е прогласена за најсреќна држава на светот во 2015 година, спрема најновото истражување на иницијативата “Мрежа на решенија за одржлив развој” на Обединетите нации.
Зад Швајцарија се сместија Исланд, Данска, Норвешка и Канада, а Македонија од 158 држави го завзеде 93 место. На дното од скалата се Авганистан, Руанда, Бенин, Сирија, Бурунди, додека најнесреќна земја на светот е Того.
Од регионот Словенија е на 55 место, Хрватска на 62, Косово на 69, Црна Гора 83, Србија 87, а понесреќни од нас се Албанија на 95 место, Босна и Херцеговина на 96 и Унгарија на 10…
Во пожар во дом за стари лица во селото Ројак во источна Бугарија загинаа најмалку девет лица, при што некои од задушување од чад, изјави висок претставник на бугарското Министерство за внатрешни работи.
Пожарот, кој го зафатил дрвениот покрив на домот за стари лица околу 18 часот по локално време, за кусо време е изгаснат, а 58 стари лица кои живееле таму се евакуирани, изјави Тихомир Тотев, раководител на регионалното одделение за противпожарна заштита, пренесе Ројтерс.
Кога шесте противпожарни возила стигнале до куќата, покривот беше зафатен од огромен пламен и црн чад. Пожарникари…
Jawed Karim на 23 април 2005 година стана првиот човек кој објави свој видео запис на YouTube, а неговото кратко забележување на сурлата од слонот го направи култно видео со скоро 20 милиони прегледувања. Видеото го снимил неговиот пријател Yakov Lapitsky во зоолошката градина во Сан Диего, а секако вреди да се додаде и тоа дека меѓу легендите на таа платформа се запиша и корисникот Cobaltgruv, кој под видеото го оставил првиот коментар кој гласи “интересно”.
Зборувајќи за занимливостите, YouTube од тогаш до денес дефинитивно на светот му даде нова димензија на конзумирање на медиуми, а нив…
Пред пет години на Wall Street во само неколку минути Dow Jones индексот стрмоглаво падна за повеќе од 600 поени, најмногу во историјата, а за тој колапс, наречен молњевит крах, овие денови е приведен еден од виновниците кој на тоа заработи милиони долари. Тогаш финансискиот систем доживеа 15 минутен колапс кој ги стресе светските пазари и ги поттикна инвеститорите да се запрашаат како еден витален дел од стопанството може така да биде фрлен на колена, а најголемата вина да е припишана на само еден човек, пишуваат странските агенции.
Американскиот државен обвинител оваа недела соопшти дека …
Објавена е надоградба на WhatsApp за корисноците на iOS уредите која овозможува гласовни повици.
Се работи за надоградба на WhatsApp која неодамна пристигна за Android уредите, а овој новитет е достапен само за корисниците на уреди кои имаат инсталиран iOS со верзија 6 или понова.
Освен вршење на гласовни повици, новата 2.12.1 верзија овозможува и уредување на контактите внатре во апликацијата, вметнување на содржини од други апликации, а тука е и новото “брзо копче” за вклучување на камера, сечење и праќање на повеќе видео исечоци одеднаш.
Наводно во припрема е и верзија за Windows Phone с…
Италијанскиот кондиторски џин Ferrero, познат по брендот Nutella, купи имот од земјоделското претпријатие Алекса Шантиќ, покрај Сомбор, за 7,95 милиони евра, соопшти Агенцијата за приватизација на Србија.
Станува збор за земјоделско земјиште со вкупна површина од 699,5 хектари со пропратни објекти, а купувачот е компанијата Agriser од Белград, чиј сопственик е Ferrero. Спрема наводите на Радиотелевизија Војводина, Agriser понудил во следните две години да инвестира во насади на лешници на сите 700 хектари.
Спрема очекувањата на Италијаните на производство на лешници би можеле да се вработат…
Откако Nokia го продаде својот оддел за паметни телефони на Microsoft, беше сосема јасно дека компанијата засекогаш се откажа од својата ориентација спрема пазарот на паметни телефони, но најверојатно не е така.
Компанијата неодамна го претстави својот N1 таблет во Кина, а спрема пишувањето на Recode, наводно во компанијата работат и на новата серија на паметни телефони која би требало да биде отворена следната година. Моментално може само да се нагаѓа за каков оперативен систем се работи, но веројатно станува збор за оперативен систем од “третиот свет”, бидејќи Nokia порано се обиде на паз…
Икеа смета дека кујната на 21 век не би требало да биде место полно со паметни апарати кои би помагале при готвењето, туку технолошки центар на секој дом.
Оваа шведска компанија во соработка со уште некои компании го претстави “концептот на кујна 2025”, а за што станува збор можете најдобро да видите во видеото подолу. Како што велат во компанијата, оваа технологија би требала да им заштеди на домаќинствата време и едукација при готвењето.
Центарот на системот е масата над која е поставен пакет на сензори и камери со прожектор кој на подлогата на масата прикажува рецепти и ги препознава нам…