Јун 23, 2015

Јужна Кореја инсталира 5G мрежа

Корејските медиуми тврдат дека тамошните оператори веќе работат на изработка на инфраструктура за 5G мрежа, а до крајот на десетлетието би можело цел свет беспрекорно да сурфа со брзини до 20Gbps. Имено, 5G е мрежа на новите генерации кои би требало да ги наследат постоечките 3G и 4G протоколи за интернет на паметните телефони и кои ќе претставуваат револуција во светот на сообраќајот на податоци.За 3G прв пат се слушна во 2010 година кога се овозможи пренос на податоци (download) до 384 Kbps за да во 2012 овој протокол доживее напредок и да поддржи максимални 42 Mbps, но само на места каде…

Јун 23, 2015

Загина добитник на два Оскари

Засекогаш ќе остане запаметен по големиот хит “My heart will go on”(Titanic), но и по музиката која ја компонираше за филмовите “Avatar” и “Braveheart”.James Horner (61) загина при пад на авион во понеделникот наутро, а се верува дека авионот двосед беше во негова сопственост бидејќи покрај музиката, летањето беше негова голема страст.James беше искусен пилот со многу часови летање, а причините за падот сеуште не се познати. Неговата смрт ја потврдила неговата асистентка Sylvia Patrycja на својата Facebook страница.“Изгубивме неверојатна личност со големо срце и талент”, напишала Sylvia.Jam…

Јун 19, 2015

Паника во грчките банки, подигнати две милијарди евра во два дена

Европската централна банка на состанокот на министрите за финансии на еврозоната изјавила дека не е сигурна дали во понеделник грчките банки ќе отворат да работат, со оглед дека Грците се во страв од банкрот на државата и засилено ги вадат своите пари од банките. Грција мора до 30 јуни да му исплати на ММФ рата од 1,5 милијарди евра, но грчката каса е празна поради што на земјата и се потребни 7,2 милијарди евра понатамошна помош за да не дојде до банкрот и излегување од еврозоната. Во страв од таков развој на случувањата од грчките банки само од понеделникот до средата биле повлечени око…

Јун 18, 2015

Volkswagen се дели на четири компании

Третиот светски производител на автомобили Volkswagen (VW) го менува своето корпоративно работење со цел зголемување на производството. Три извори, внатре во корпорацијата, изјавиле за Reuters дека компанијата ќе се подели на четири компании од кои една ќе биде задолжена за широкиот пазар на марки на автомобили, друга за камиони, а преостанатите две за премиум брендови, една на чело со Audi, а другата со Porshe. Новата структура на корпорацијата би требало да биде составена од најдобрите менаџери до крајот на летото. Со оглед на реструктуирањето на комплетното работење, би можело да дојде …

Јун 18, 2015

Банкнотата од десет американски долари ќе ја краси женско лице

Прв пат во сто години една жена ќе се најде на банкнотата од 10 американски долари која ќе биде пуштена во промет во 2020 година, објавија властите на САД. Идентитетот на личноста која ќе ја краси банкнотата ќе се открие во текот на оваа година по консултацијата со јавноста, изјавил американскиот министер за финансии Jacob Lew. Не најавувајќи на кого ќе му припадне конечниот избор, Lew рекол дека тоа “мора да биде жена која работела на унапредување на демократијата”. Претходна жена на која и било укажано чест да се најде на зелената банкнота била Martha Washington, сопругата на првиот ам…

Ное 30, 2021

Новата варијанта Омикрон зема замав насекаде низ светот

Шест случаи на новата варијанта омикрон се пронајдени во Шкотска. Шкотската влада во понеделникот рече дека сè уште не е познато каде поединците се заразиле со вирусот, но некои од случаите може да се должат на ширење во заедницата, а не на директно патување. Во неделата во Канада беа откриени два случаи на омикрон. Министерката за здравство на Онтарио, Кристин Елиот, рече дека луѓето во Отава отпатувале во Нигерија, која не е во јужноафриканскиот регион каде што официјалните лица велат дека се појавила мутација на вирусот. Холандските здравствени власти во неделата соопштија дека 13 лица…

Јун 17, 2015

Загрозени најпопуларните модели на Samsung

Со оглед на сѐ поголемиот број на корисници на паметни телефони, како и фактот дека во нив се сите важни приватни информации, мобилните уреди последните години стануваат сѐ поинтересна мета на хакерите. Иако нападите и понатаму се почести на компјутерите, ситуацијата полека се менува, а најзагрозени се корисниците на оперативниот систем на Google, Android. Последните информации поврзани за опасен безбедносен пропуст кој хакерите би можеле да го искористат е поврзан со телефоните на Samsung. Од безбедносната компанија NowSecure откриле пропуст поврзан со SwiftKey тастатурата која е прединста…

Јун 17, 2015

Почина кралот на Лас Вегас

Американскиот милијардер Kirk Kerkorian, кралот на Лас Вегас, некогашен холивудски магнат, почина во 98 година од својот живот, објави портпаролот на компанијата Metro-Goldwin-Mayer (MGM). Тој е роден во Калифорнија во 1917 година во семејство на американски имигранти, го напушил образованието и работел како доставувач на весници, чувар во куглана и аматерски боксер. За време на втората светска војна се придружува на Канадското воздухопловство, а потоа ја основа компанијата за приватни авиони кои ги поврзуваше Лос Анѓелес и Лас Вегас, а продажбата во 1968 година му овозможува заработка од …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top