Јун 29, 2015

Грчката влада ги затвори банките и воведе строга контрола на капиталот

Во исчекување на референдумот кој е закажан за 5 јули, грчката влада одлучи да ги затвори банките и да воведе строга контрола на капиталот за да се обиде да го стабилизира пазарот, но ограничувањата не се однесуваат на туристите и странците. Неизвесноста е поголема во поголемите градови, а посебна неизвесност владее во туристичките места каде ги очекува туристичката сезона. Она што може да се истакне, кога станува збор за туристите, е дека мерките за контрола на капиталот не се однесуваат за нив, а плаќањето со кредитни картички се одвива нормално. Владата на Грција ги инструирала банките…

Јун 29, 2015

Курсот на еврото во опаѓање поради грчката криза

Курсот на еврото потона денес скоро за цели 2%, а остар пад на цените на акциите имаше на сите азиски берзи бидејќи на Грција и се заканува банкрот и бидејќи тамошната влада воведе капитална контрола за да го спречи излевањето на парите од банките.Азиските берзи први покажаа како инвеститорите реагираат на одлуката на грчката влада за затварање на банките и на воведувањето на капитална контрола од ризикот од банкрот на Грција.Бидејќи преговорите помеѓу Грција и кредиторите минатата недела пропаднаа, на таа членка ѝ се заканува банкрот на 30 јуни, кога за наплата ѝ пристигнуваат 1,6 милијард…

Јун 28, 2015

Грчкиот парламент одобри референдум за 5 јули

Грчкиот парламент го одобри предлогот на премиерот Алексис Ципрас да се одржи референдум на 5 јули на кој граѓаните ќе одлучуваат за условите на меѓународните заемодавачи во замена за понатамошна помош, известуваат новинските агенции. Пратениците го поддржаа предлогот на премиерот со 178 гласа за и 120 против.Грчкиот премиер смета дека “не”на референдумот ќе ги зајакне позициите на преговарачката моќ. “Со чисто “не” ќе пратиме порака дека Грција нема да се предаде”, рекол Ципрас. Тој потсетил и дека Европјаните повеќе пати на референдуми ја изразувале својата волја. “Дали на Французите им р…

Јун 27, 2015

Предлог за бојкот на Кока-Кола и Пепси во Русија

“Како предлог контрасанкции, предлагаме ограничување на увозот на производи од компаниите Кока-Кола и Пепси кои активно ги поддржуваат санкциите против Руската федерација”, му напишал Игор Зотов на претседателот Владимир Путин. Претседателот на партијата на Пензионерите повика на бојкот на популарните американски безалкохолни пијалоци Кока-Кола и Пепси, тврдејќи дека тие гиганти се главните спонзори на антируските политичари. Тој тврди дека тој потег дополнително ќе го поттикне домашното производство на безалкохолни пијалоци. Зотов, кој е пратеник во руската Дума, истакнал дека овие соков…

Ное 30, 2021

(ВИДЕО) Четири лица загинаа во силното невреме во Истанбул

Најмалку четири лица загинаа во силното невреме кое вчера го погоди Истанбул и други делови од Турција.  Една жена загина во градскиот кварт Есенјурт, каде ветерот откинал дел од покрив и ја погодил неа и малолетно дете. Детето е повредено, но за среќа преживеа. Канцеларијата на гувернерот на Истанбул соопшти дека уште три лица загинале во градот, вклучувајќи еден странец. 38 луѓе се повредени, а три лица се наоѓаат во болница во критична состојба, соопшти турската агенција за управување со природни катастрофи (АФАД). Во незапаметеното невреме се оштетени 33 покриви, 192 стебла се откор…

Јун 27, 2015

Ципрас ѝ сврте грб на ЕУ и најави референдум

Ципрас референдумот го најави на националната телевизија, потврдувајќи дека веќе го известил  претседателот Павлопулос и најголемата опозициска партија Нова Демократија. Премиерот одлуката за референдум ја објави откако грчката влада го отфрли предлогот на меѓународните кредитори да се продолжи рокот за 5 месеци за програмата на финансиска помош со која Атина треба да прими 15,5 милијарди долари. За возврат кредиторите барале Грција да прифати да ги спроведе реформите на пензискиот и даночниот систем, а Ципрас кој победи на изборите токму со откажувањето од штедењето, тоа барање го нарекол…

Јун 26, 2015

Терористички напад во хотели во Тунис

Нападот бил изведен во комплексот хотели Империјал Мархаба, се слушало пукање и една посилна детонација, а во целиот комплекс и понатаму владее паника. Еден од напаѓачите е убиен во престрелка со полицијата, а другиот е уапсен. Спрема последните информации, нападот го извеле две помлади лица од две страни – еден отворил оган во преполната плажа од хотелот, додека другиот влегол во комплексот низ друга зграда и таму почнал да пука на туристите. Во нападот се убиени 27 туристи и повеќемина се ранети. Полицијата го усмртила напаѓачот кој бил вооружен со калашников, облечен во црна маичка и ц…

Јун 26, 2015

Десет најдобри работодавачи во светот

Google повторно е најпосакуван работодавач помеѓу младите на новата листа на најдобри светски работодавачи.Во неодамна објавеното истражување на Universum, фирма која се занимава со анкетирање и истражување на јавното мислење, може да се види попис на најпосакувани работодавачи во светот. Анкетата е направена помеѓу студентите на економија и ИТ технологијата со прашањето – кој би бил за нив идеален работодавач. Како и во досегашните истражувања уверлива победа однесе Google. Таа компанија својот добар рејтинг го должи на креативното опкружување за работа, платите се добри, на младите мајки …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top