Јул 5, 2015

Излез од еврозоната или мерки на штедење до 2030 година

Атина е преплавена со плакати од заговорниците за останување во еврозоната и противниците на мерките за штедење. Поради предреферендумскиот молк нема нови собирања ниту протести и не смеат да се објавуваат анкети, а спрема оние последните земјата е длабоко поделена. Што навистина мислат, скоро 10 милиони Грци со право на глас, ќе се покаже веќе во 19 часот по локално време. Биралиштата се затвораат во 19 часот, а првите официјални проекции на резултатите се очекуваат два часа потоа. За да биде референдумот успешен мора да излезат 40% од регистрираните бирачи. Се чини дека тоа нема да прет…

Ное 30, 2021

БАРБАДОС ПОЧНА НОВА ЕРА КАКО РЕПУБЛИКА И ЈА ПРОГЛАСИ РИЈАНА ЗА НАЦИОНАЛНА ХЕРОИНА

Барбадос влезе во нова ера откако и официјално стана Република и 55 години од прогласувањето независност се откажа од Елизабета Втора како шеф на државата. Британската кралица Елизабета Втора испрати порака до новата Република Барбадос: „Најтопли, најдобри желби за среќа, мир и просперитет во иднината“ додека го слават својот посебен ден. Во пораката до новата претседателка Сандра Мејсон и граѓаните на карипската држава кралицата ја пофали нацијата, која има посебно место во нејзиното срце, „нејзината енергична култура, спортска сила и природна убавина“. Принцот од Велс одржа говор во …

Јул 4, 2015

Нов рекорд на Solar Impulse2

Авантурата на авионот кој во потполност лета на соларен погон започна во март, а по првиот неуспешен обид во мај, пилотот Andre Borschberg ја исполни мисијата.Solar Impulse2 е авион на кој летањето му го овозможуваат 17.000 соларни ќелии, кои поедноставно кажано, ја собираат и акумулираат сончевата енергија за летот да продолжи и во текот на ноќта. Можеби изгледа едноставно и лесно изведливо, но во реалноста тоа е навистина потфат вреден за восхитување, особено последната епизода во која Borschberg успеа во еден здив да го прелета Пацификот. Тој полета од Јапонија, конкретно од градот Нагој…

Јул 3, 2015

Кризата во Грција ја предвидоа Симпсонови во 2013 година

Ситуацијата со должничката криза во Грција продолжува, а многумина очекуваат и дека наскоро ќе излезе од еврозоната. Но, пред економистите, финансискиот крах го предвиде многу порано популарната телевизиска анимирана фамилија Симпсонови. Долговечната анимирана серија веќе предвиде многу светски случувања, а некој открил дека во февруари 2013 година тие ја прогнозирале и моменталната ситуација во Грција. Во епизодата од 2013 година наречена “Politically Inept, with Hommer Simpson”, Хомер се појавува во политичка емисија на Фокс Њуз, а за време на неговото гостување на лентата со вести во д…

Јул 3, 2015

Паѓа поддршката на Ципрас, најновата анкета најавува пресврт

Неизвесноста и денес ја тресе Грција која повеќе од 48 часа е во технички банкрот. И додека челниците на еврогрупата го чекаат исходот на неделниот референдум, претседателката на ММФ, Кристин Лагард, реформите ги поставува како услов за било каков понатамошен чекор. Во Атина минатата вечер собир организираше Грчката комунистичка партија на која го израија незадоволството за мерките на штедење и не ја сакаат Грција во ЕУ. Тие повикуваа на референдумот да се отфрлат двата предлога. Иако во Грција ситуацијата е навидум нормална и луѓето седат по кафулињата и рестораните, последиците на техни…

Јул 2, 2015

Агенциите додатно го намалија кредитниот рејтинг на Грција

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, рекла дека го држи ставот, Грција прво да го реформира стопанството, а потоа европските кредитори да го олеснуваат отплаќањето на долгот. “Со оглед на сегашната ситуација, мислам дека подобро би било прво да се види совесно вртење кон реформи, а потоа да уследи она другото”, рекла Лагард во интервју за Reuters на прашањето што треба прво да се направи, превземање реформи од страна на Атина или помош од владите во еврозоната. Бидејќи Грција се најде во ситуација да не може да го отплаќа долгот кон ММФ, агенциите Fitch и S&P …

Јул 1, 2015

Ветувачко решение за досадните комарци

Истражувачите од Универзитетот Питсбург и Џон Хопкинс во соработка со истражувачите од Микрософт направиле нов вид на дрон кој фаќа комарци, со цел борба против ширење на епидемија. Станува збор за дрон PP (Project Premonition) кој детектира комарци, а би можел и делотворно да се бори против епидемии, пред сѐ во непристапни подрачја. Ловејќи ги комарците, дроновите на научниците би им помогнале да го разберат начинот на кои болестите се трансформираат во епидемии, да ги класифицираат болестите кои би можеле да се прошират локално, како и да спречат да дојде до тоа. Истражувачите објаснил…

Јул 1, 2015

ММФ официјално објави дека Грција не ја плати ратата од долгот

Сите погледи сега се свртени кон шефицата на ММФ Кристин Лагард и дали таа ќе прогласи банкрот или ќе и даде последна шанса и продолжен рок од еден месец на Грција?Грција е првата индустриска држава која има заостанат долг кај Меѓунaродниот монетарен фонд. Од седиштето на ММФ се вели дека Атина ќе може да добие натамошни средства од оваа институција откако ќе ја плати заостaнатата рата. Освен тоа, ММФ потвrди и дека Грција до последната минута молела за одлагање на плаќањето на долгот. Околу ваквото барање Фондот ќе се советува кога за „тоа ќе дојде време“, се вели во Вашингтон.На полноќ ис…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top