Медитеранот стана море на ужасот, а спасувачите секојдневно вложуваат натчовечки напори за да ги спасат бегалците од Сирија и Ирак од смрт во морските длабочини. Италијанската полиција ги сомничи трговците со луѓе дека се одговорни за смрт и исчезнување на околу 200 мигранти, по превртување на претоварен брод, а овие опасни патувања ги наплатуваат помеѓу 1200 и 1800 долари.ОН предупредува на алармантни бројки. Само преку Медитеранот, во Европа оваа година влегле 220.000 емигранти, но има уште еден проблем а тоа се премалите острови во Грција кои не можат да ги примат сите бегалци, па затоа …
Оваа забавна интернет страница ви овозможува да откриете која песна била хит на денот на вашето раѓање и кој филм се гледал во кината и колку чинела влезницата.
Playback.fm постави забавна страница на која можете да видите кој филм или песна биле на врвот на листите на денот кога сте родени.
За да видите кој филм го обележал денот на вашето раѓање треба да внесете датум и година на раѓање и страницата ќе го прикаже името на филмот, трејлерот и цената на билетот (во американските кина).
Што се однесува до песната неа можете веднаш и да ја слушнете, а на дното од страницата е напишан подат…
Цената на нафтата оваа седмица се спушти на најниско ниво во последните шест месеци по новите потврди за понатамошниот раст на и онака прекумерната понуда на пазарот и поради слабите податоци на кинеското стопанство.
Барел на сурова нафта на лондонската берза поевтини за 1,17 долари и сега изнесува 51,04 долари, со тендеција за понатамошно опаѓање.
Во еден момент во понеделник цената падна на 50,85 долари, најниско ниво од јануари до сега. Од почетокот на третиот квартал цената е намалена веќе за 20% и е на пат да го забележи најголемиот пад од периодот јули-септември во 2008 година.
Претседателот на бугарската општина Копривиштица, Генчо Герданов, забрани пуштање на новокомпонирана фолк музика за време на Националниот собир на бугарското народно творештво.Казната за непочитување на оваа одлука ќе изнесува од 50 до 100 лева, односно од 25 до 50 евра.“Мислам дека нема ништо пологично од ова”, рекол Герданов за локалните медиуми.Имено, Националниот собир на бугарското народно творештво почнува на 7-ми август и се очекува да има околу 12.000 посетители од цела Бугарија.Овој собир се организира секоја петта година и има традиција долга 50 години.
Велат, оние кои успеале, дека е најтешко да се заработи првиот милион, а овој моментално анонимец таа цел одлучи да се обиде да ја отствари со помош на интернет заедницата…
Идејата е интересна, а интересно е да се следи wemadeamillionaire.com на авторот дали ќе му донесе еден милион американски долари или можеби повеќе од тоа. Сето тоа е, како што се тврди на страницата, социјален експеримент кој започна на 28 јули и ќе трае 90 дена. Принципот е едноставен, сите кои сакаат да донираат можат да уплатат “златна” (9,99 USD), “сребрена” (4,99) и “бронзена” (1,29) донација на сметка на аноним…
Американското министерство за правда истражува тргување вредно една милијарда евра кое Deutsche Bank го спроведувала во име на своите руски клиенти, поради перење на пари, пишува агенцијата Bloomberg, повикувајќи се на лица запознати со случајот.
Истрагата ги опфаќа таканаречените “mirror” тргувања со кои руските клиенти на германската банка купувале акции плаќајќи во руска валута и истовремено во Лондон ги купувале истите тие акции во американски долари. Со тоа тие ги изнесувале парите од Русија без да ги информираат властите, пишува Bloomberg.
Минатиот месец бирото за финансии во сојузн…
Американскиот претседател Барак Обама денес ќе го претстави планот кој го нарече најголем и најважен чекор кој САД некогаш го превземале во борбата против климатските промени, пишува BBC.Целта на ревидираниот “план за чиста енергија” е да го намали CO2 од електраните за околу една третина во рок од 15 години. Мерките подразбираат префрлување на соларна енергија и енергија добиена од ветар, но и од други обновливи енергии.Но, противниците на планот на Обама го прогласија како “војна против јагленот”. Во планот стои дека емисиите на СО2 од енергетскиот сектор до 2030 година мора да се намалат…
Му предвидуваа крах, аналитичарите со месеци тврдеа дека Facebook едноставно не може да опстои на долги патеки бидејќи го напуштаат младите…Оваа приказна се вртеше пред околу една година, кога многумина, навистина голем број на луѓе кои се занимаваат со анализи и предвидувања на трендови на интернет беа уверени дека Facebook полека но сигурно паѓа. Не само што не падна туку напротив, продолжи да расте, ја задржа уверливо првата позиција на најпопуларна социјална мрежа во светот, иако многу конкуренти се обидуваа да го детронизираат Mark Zuckerberg и неговото милениче. Дека Facebook е недо…