Сеп 18, 2015

Facebook лансира нова алатка за новинари

Facebook Signal е новата алатка која им овозможува на новинарите полесно и побрзо пребарување на содржините како што се слики, видеа, постови и релевантни трендови на Facebook и Instagram. Алатката е потполно бесплатна, а на новинарите им е овозможено прегледување и следење на популарни теми и релевантните содржини за нив кои се објавуваат јавно на овие социјални мрежи и од страна на самите страници и од самите луѓе. Новинарите, исто така, ќе имаат пристап до листата на јавни личности кои се најмногу споменувани во тие објави, вклучувајќи расправи на политичари, автори, актери, музичари, …

Сеп 17, 2015

Наскоро класичните слушалки можат да заминат во историјата

Станува збор за Batband слушалки кој по пат на bluetooth се поврзуваат со компјутерот или било кој друг мобилен уред, а батеријата на овие слушалки вредни околу 140 долари допушта шест часа непрекинато уживање во омилените хитови. Оваа технологија се опишува како искористување на проводливоста на коските бидејќи брановите низ коските водат кон внатрешното уво, а најкраткиот и најефикасен начин е пропуштање на брановите низ коските од главата. Во научните кругови оваа технологија е позната повеќе од 40 години, а тоа многу добро го знаат и лицата со оштетен слух кој со години користат апарат…

Сеп 17, 2015

Исчезнува еден мегапроизводител на пиво?

Anheuser-Busch inBev, најголемиот производител на пиво му предложи на најголемиот конкурент SabMiller превземање во кој би се создала мегакомпанија кој ќе произведува една третина од вкупното производство во светот. SаbMiller, втор најголем производител на пиво во светот, меѓу кои се брендовите Peroni, Grolsch и Pilsner Urqwuell, потврдил дека управата на AB inBev предложила превземање, но сеуште не поднела конкретна понуда. Со спојувањето на овие две компании ќе се создаде џин вреден 275 милијарди долари, земени во обзир сегашните цени на акциите на овие два производители на пиво. AB In…

Сеп 16, 2015

Хрватската RTL драстично казнета поради “Големиот брат”

Советот за електронски медиуми во Хрватска одлучи да реагира на жалбите на гледачите поврзани со термините на прикажување на шоуто “Големиот брат”. Имено, советот за електронски медиуми во Хрватска на седницата одржана на 14 септември донесло одлука за издавање налог за казна до издавачот RTL Hrvatska d.o.o. за кршење на член од законот за електронски медиуми врз основа на извршениот надзор над емитувани програми на Big Brother на 6 и 8 септември оваа година. Прекршочниот налог е издаден до телевизијата како правно лице со износ од 100.000 хрватски куни, но и до одговорните лица со износ …

Сеп 16, 2015

Facebook воведува копче “dislike”

Mark Zuckerberg на состанокот во седиштето на компанијата изјави дека во следните месеци планираат да го воведат копчето “dislike” (не ми се допаѓа). Тој истакна дека оваа можност ќе ги поттикне корисниците да ги искажат своите емоции, додека досега имале само една опција. “Корисниците со години ме прашуваат за воведување на копчето “dislike”. Денес е навистина посебен ден бидејќи конечно можеме да потврдиме дека работиме на тоа и дека наскоро ќе биде достапно”, изјавил Zuckerberg за време на прес конференцијата во Menlo Park, и додал дека “не е секој момент и добар момент. На пример, ако …

Сеп 16, 2015

Нафтата во 2016 година ќе падне до 20 долари за барел?

На цената на нафтата моментално не ѝ се предвидува брзо опоравување, напротив, прогнозите велат дека може да потоне до 20 долари за барел. Аналитичарот на Goldman Sachs, Damien Courvalin, изјави дека пазарот е повеќе снабден од она што се прогнозираше и дека тој вишок на понуда ќе потрае и во следната година, пренесува Bloomberg. Затоа американската централна банка ги намали проекциите за цената на WTI нафтата од претходни 57 долари на 45 долари за барел. Цената на Brent нафтата исто така е намалена од 62 на 49,5 долари за барел. Годинава цената на WTI нафтата се намали за 15%, а моменталн…

Сеп 14, 2015

Можна одлука која ќе ја почувствува целиот свет

На состанокот на лидерите на американската централна банка кој ќе се одржи овој четврток ќе се одлучува за висината на референтните каматни стапки. Каматните стапки во САД веќе седум години се на најниско ниво во историјата па задолжувањето на граѓаните и компаниите беше изнимно евтино, што би можело сега да се промени. Меѓу инвеститорите на финансиските пазари, но и во економските институции како што е ММФ постои стравување дека глобалното стопанство сеуште не е спремно на раст на каматните стапки. Имено, во поголемиот дел на светот каматните стапки се исто така ниски, или во тренд на опа…

Сеп 14, 2015

Темата околу која се водат жестоки расправии добива нова епизода

Ваква најава, многу потсетува на филмовите за Франкештајн, за која бројни медицински, па и технолошки експерти сметаат дека се “сериозна закана”, но тоа очигледно не им пречи на италијанскиот неврохирург Др. Серџо Канаверо и 30 годишниот компјутерски експерт од Русија Валериј Спиридонов. На Спиридонов му е дијагностицирана ретка генетска болест Werdnig-Hoffman, која предизвикува уништување на мускулите и епилогот е смртоносен. Но, со напредокот на технологијата се отвори досега незамислива можност, а тоа е дека Спиридонов ќе се подложи на операција – трансплантација на главата која би треб…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top