Минатата година Apple за време на првите три продажни дена продаде 10 милиони iPhone, а дел од аналитичарите се прашуваа дали може компанијата и Cook повторно да ги надмине овие бројки со новите модели на iPhone. Иако оваа година редиците пред некои продавници на Apple не беа толку долги, сепак од петок до недела Apple продаде 13 милиони iPhone 6S и 6S Plus, а се очекува дека големата побарувачка за овие телефони ќе продолжи и до крајот на годината така што Tim Cook и екипата можат да очекуваат голема заработка во последниот квартал од оваа година.
Во однос на 2014 година, оваа година нови…
Германскиот производител на автомобили Audi објави дека 2,1 милиони возила ширум светот се опремени со истиот софтвер кој овозможува измама на тестовите за емисија на штетни гасови.
Околу 1,42 милиони возила со таканаречениот EU5 мотори имаат вграден софтвер во западна Европа, од што 577.000 во Германија. Во САД има околу 13.000, рекол портпаролот на компанијата. Станува збор за возилата A1, A3, A4, A5, A6 TT, Q3 и Q5, додал тој.
VW минатата недела призна дека 11 милиони дизел автомобили ширум светот се опремени со уреди кои овозможуваат измама на еко-тестот, а извршниот директор на компа…
Швајцарските регулатори за заштита на пазарното натпреварување објавија дека покренале истрага против група на банки со сомнение дека договарале цени на племенитите метали.
Комисијата за пазарно натпреварување (COMCO) покрена истрага против две швајцарски банки UBS, и Julius Baer, но и против странските финансиски институции Deutsche Bank, HSBC, Barclays, Morgan&Stanley и Mitsui, се наведува во соопштението.
Регулаторите напоменуваат дека располагаат со докази дека банките можеби склучувале незаконски договори за поткопување на пазарното натпреварување во трговијата со племенити метал…
Партиите кои се залагаат за во шпанскиот регион Каталонија го освоија апсолутно мнозинство на регионалните избори.Главниот сепаратистички сојуз и помала националистичка партија освоија 72 места во 135. члениот регионалниот парламент.”Заедно за Да” алијансатa освои 62 пратенички места. Ако ги комбинира со екстремно левичарската КУП сепаратистичка партија, која освои 10 пратенички места, таа ќе биде во можност да формира парламентарно мнозинство.Сепак, партии кои се залагаат за независност не успеа да добијат 50% од гласовите, освојувајќи 1,9 милиони од 4 милиони гласачки ливчиња.Сепаратистит…
Проектот Белград на вода ќе доведе до раст на БДП, раст на вработувањето, а главниот град на Србија за десет години ќе биде попосетен туристички центар од Будимпешта, порача премиерот на Србија, Александар Вучиќ на полагањето на камен темелникот на проектот.
Српскиот премиер рекол дека многумина се потсмевале на проектот, но тој “има почитување и за тој дел од јавноста бидејќи во Србија секогаш било полесно да се биде против отколку за”.
Претставникот на компанијата “Eagle Hills”, Mohamed Allabar рекол дека Белград на вода е права скапоценост и дека тој и Вучиќ имаат иста цел – да го пром…
Студентот од втора година на електротехника и електроника на Интернационалниот универзитет во Сараево, Ермин Подруг, дошол на идеја да направи џоистик кој ги отчитува сигналите кои мозокот ги испраќа до мускулите, кој пак ги обработува и ги праќа на микроконтролер, а понатаму ги процесира и проследува како команди до компјутерот, роботот или градежна машина и слично.
Тој тврди дека верзија од овој џоистик би требало да биде готова за два месеци и дека џоистикот ќе има облик на ракавица со додатни команди на врвовите од прстите.
Овој изум на Ермин, пишува Al Jazeera, го препознал и Microso…
Во Каталонија денес се одржуваат регионални парлементарни избори кои се доживуваат како референдум за отцепување на тој богат регион од Шпанија, доколку избирачите се определат за партиите кои се залагаат за независност на Каталонија.
Спрема најновите анкети, се очекува дека сепаратистичките партии ќе освојат мнозинство од вкупно 135 места во парламентот. Тие најавуваат дека ќе прогласат еднострана независност за 18 месеци, но истражувањата покажуваат дека шансите за Каталонија стане независна се сведуваат во доменот на теорија.
Имено, само 20% од каталонските бирачи веруваат дека сецесио…
Најголемиот светски производител на автомобили го избра новиот директор на групацијата, шефот на Porcshe, Matthias Mueller, кој вети дека ќе ја расчисти аферата со дизел моторите и најави опоравување на потполно разнишаната компанија.
Како што се предвидуваше, 20 членови на надзорниот одбор на состанокот во Волфсбург во седиштето на Volswagen го именуваа Mueller(62), кој е на чело на Porsche од 2010 година за наследник на Martin Winterkorn.
По повеќе часовниот состанок, шефот на надзорниот одбор Berthold Huber аферата ја нарече “морална и политичка невоља” на компанијата која е прв произв…