Иако се опремени со најсилен хардвер и софтвер, дури и врвните Android телефони и таблети имаат проблем со перфомансите.
Главните виновници се секако апликациите. Безбедносната компанија AVG објави листа од апликации кои се одговорни за споменатите проблеми на уредите со Android, а се однесува на второто тромесечие од оваа година.
Апликациите се поделени во две групи. Првата ја чинат апликации одбрани од страна на корисниците, а тука најголем проблем прави Snapchat. Snapchat по успорување на уредот успеа да го претекне и Facebook, а за ова е заслужно симултаното користење на камерата, WiF…
Во 1989 година е објавен вториот дел од успешниот прв дел на “Back to the future” во кој легендарниот Marty McFly заедно со својата девојка Jennifer патува во DeLorean – временска машина – по прв пат во иднината, поточно на денешен ден 21.10.2015 година.
По интернет сиве години неколку пати кружеа информации за датумот кога Marty, Jennifer и Doc тргнаа во иднината, но секогаш се работеше за фотошоп на сликата, односно часовникот кој е сместен во временската машина.
Овој пат со сигурност може да се каже дека официјално се наоѓаме во денот кога McFly и Doc тргнаа во иднината.
Иако во сце…
Верхојанск се наоѓа во источен Сибир, на околу 115 километри северно од Арктичкиот круг и таму се следат метеоролошки податоци од 1885 година. Според веб-страницата на СMO, просечните температури над Арктичкиот Сибир биле дури 10 степени над нормалата во поголемиот дел од минатото лето, што доведе до големи пожари.
Генералниот секретар Питер Талас изјави дека во 2020 година е поставен нов температурен рекорд (18,3 степени Целзиусови) на Антарктик.
Истражувачите на СMO во моментов работат на проверка на температурните отчитувања од 54,4 степени забележани во 2020 и 2021 година во најто…
Веќе некое време од Google се очекува да го објави официјалното лансирање на претплатничкиот видео сервис за YouTube, a судејќи спрема најновите информации ова ќе се случи оваа седмица.
Премиум претплатничкиот модел кој ќе го нуди YouTube вклучува преглед на видео содржини ослободени од реклами, како и можност за превземање на видеа за offline преглед.
Кога е самата цена во прашање, се очекува месечниот износ за претплата на овој YouTube сервис да изнесува околу 10 долари.
Се очекува дека вака популарната цена ќе наведе голем број на луѓе за плаќање на претплата за да YouTube ги ослобод…
Најголемиот заемодавач во светот, Deutsche Bank (DB), случајно на еден свој клиент му дозначил шест милијарди долари по впишување на погрешни бројки, објавија медиумите.
Таа грешка во јуни ја направил помлад член на тимот на DB за продажба на девизи, објави Bloomberg. Шест милијарди долари се пратени на клиент во американскиот Hedge фонд, а парите се вратени еден ден подоцна. Тоа се случило бидејќи вработениот користел бруто наместо нето бројки, се наведува во соопштението.
Инцидентот се надоврзува на низата скандали во таа инвестициска банка со седиште во Франкфурт која минатиот викенд з…
Апликацијата на Facebook се чини е главниот виновник за брзото празнење на батериите на телефоните на Apple.
До проблемот не доаѓа само додека е апликацијата покрената, односно за време на сурфањето по Facebook, туку и кога не се користи и додека е исклучена опцијата за освежување на содржините на апликацијата во позадина. Програмерот кој ги развива апликациите за iPhone Jonathan Zdziarski смета дека делумично виновник е и следењето на локацијата на корисникот и дека најголемите проблеми ги имаат корсниците кои ја имаат вклучено опцијата за споделување на локацијата. Девелоперот Matt Gall…
Како што напредува модерната технологија сѐ повеќе изумираат некои професии и е сѐ помала шансата за вработување на одредени позиции.
Спрема истражувањата на CareerCasta, поштарската работа е на врвот на листата најзагрозени, а до 2022 година се очекува дека во тој сектор ќе бидат укинати 28% од работните места.
На врвот од листата на најзагрозените професии се наоѓаат и фармерите со оглед на тоа дека технологијата на модерно одгледување на земјоделски производи бара помалку работници отколку порано.
Ова се шест професии кои се загрозени од модерната технологија: Поштар, Фармер, Репорте…
Индиската авио-компанија Air India во декември воведува лет кој ќе биде најдолг во светот – од Њу Делхи до Сан Франциско кој ќе трае скоро 16 часа кон САД и 17 часа назад кон Индија.
Авионот во еден потег ќе прелета 12.379 километри што претставува една третина од кругот околу Земјата.
Овој рекорд би требало да трае до февруари идната година за кога Обединетите Арапски Емирати ќе воведат лет од Дубаи до Панама Сити кој е долг 13.821 километар и кој ќе има времетраење 17 часа и 30 минути.