Samsung на почетокот на минатиот месец на IFA саемот во Берлин најави дека припрема таблет со голема дијагонала на екранот, а вчера и ифицијално го претстави Galaxy View кој, со оглед на големината, тешко може да се нарече мобилен уред. Имено, Galaxy View доаѓа со екран кој е поголем и од поголемиот број на преносни компјутери и тежок е 2,65 кг. Така што тешко дека ќе се користи како класичен таблет кои луѓето го носат на патувања, плажи и слично. Целна група на овој уред не се корисници кои бараат класичен таблет, туку љубители на видеа, филмови, а кои ќе можат да го преместуваат низ домот…
Facebook одлучи да ја напушти една од своите најкритизираните и збунувачки компоненти – “Other” (друго) фолдерот во вашиот инбокс, односно “други пораки” во одделот пораки.
Социјалната мрежа “Other” го замисли како канал по кој можат да ви се јават сите оние кои тоа го сакаат а не ви се пријатели. Меѓутоа, бидејќи таа опција не заживеа во правиот смисол на зборот, Facebook одлучи “Other” да го замени со нова опција “message request” (барање за порака) за да можат да ве контактираат луѓе со кои не сте пријател.
Facebook тврди дека оваа нова алатка ќе ја елиминира потребата за телефонски бр…
Европскиот парламент на пленарна седница вчера расправаше за договорот со Швајцарија со кој се отежнува криењето на кеш пари во швајцарските банки, а притоа се случува избегнување на плаќање данок во земјите од каде потекнуваат. Гласањето за овој предлог по распоредот е предвидено за денес.
Европската Унија и Швајцарија меѓусебно се обврзале на размена на податоци за банкарските сметки кои би требало да се транспарентни од почетокот на 2018 година. Договорот е постигнат кон крајот на мај оваа година со цел да се сузбијат финансиските измами и затајување на даноци. Информациите кои двете ст…
Сообраќајниот метеж, големите колони и премногу проведеното време во автомобил на преполните улици се чести сцени во големите градови ширум светот во кои бројот на автомобили одамна ги надмина можностите на инфраструктурата која е испланирана за значително помал број на возила.
Поради овие причини големите градови решиле овој проблем да го надминат со подземните железници, а од компанијата SkyTran (која соработува со NASA) тврдат дека имаат ново и многу поевтино решение во однос на подземната или класичната железница, таканареченито небесно такси.
Станува збор за систем на јавен превоз ко…
По прв пат набљудувачите приметиле дека на некоја комета се наоѓа етилен алкохол, токму онаков со кој се прават алкохолните пијалоци на земјата. Овие откритија се поклопуваат со доказите дека кометите би можеле да бидат извор на сложена органска молекула која е потребна за создавање на живот, пишува Astronomy now.
“Утврдивме дека кометата Lovejoy испушта количина на алкохол во секунда која е еднаква на 500 шишиња вино. Тоа се случува за време на кулминацијата”, рекол водечкиот автор на студијата Nicolas Biver од опсерваторијата во Париз.
Откриено е дека кометата Lovejoy испушта 21 различн…
Со доаѓање на зимата и сè пониските температури , по правило, вашиот автомобил ќе почне да троши повеќе гориво во однос на летните месеци. Но, температурата на воздухот не е единствена причина поради која автомобилот троши повеќе гориво од вообичаеното.
За да се сведе автомобилот на минимална потрошувачка во зимски услови корисно е да се придржуваме на следните совети:
-Проверка на капакот од резервоарот – Поради неисправен капак на резервоарот или лошо затворен би можела одредена количина на гориво да испари.
-Паркирање во гаража – Гаражата го штити автомобилот од временски неприлики, н…
Како што пишува Blic.rs српските фолк ѕвезди се во паника откако се уапсени Татјана Миоковиќ и нејзиниот сопруг под сомнение дека се дел на меѓународна автомафија. Татјана, дамата од високото друштво како што била нарекувана, е добра пријателка со половина српски фолкери меѓу кои попознати се имињата како Лепа Брена, Саша Поповиќ и Аца Лукас.
Како водач на српскиот огранок на автомафијата, полицијата го наведува сопругот на Татјана, Зоран Јанковиќ. Тие, со уште 27 лица се уапсени во големата меѓународна полициска акција во која се одземени 27 луксузни автомобили.
Извори блиски до Татјана …
Курсот на еврото во однос на американскиот долар минатата недела потона за 2,9%, на 1,1018 долари и е на најниско ниво од почетокот на август. Еврото падна и во однос на јапонскиот јен за 1,3%. Доларот пак порасна во однос на јенот па курсот му се зголеми за 1,7%.
Најголемото опаѓање на еврото спрема доларот е најавата на Централната Европска банка дека нејзините челници во декември ќе разгледуваат дали треба да се воведат дополнителни поттикнувачки мерки.
Како што се очекуваше, челниците на ECB одлучија во четвртокот дека клучната каматна стапка останува непроменета на рекордно најниско …