Американец кој успеа да го преживее нападот на терористите во париската сала Bataclan каде беа убиени 87 луѓе, веќе му е втор пат за влакно да ја избегнува смртта бидејќи истото му се случило и во најголемиот терористички напад на зградите близначки во Њујорк на 11 септември 2001 година.
36 годишниот Matthew во Bataclan бил погоден во нога, но се правел дека е мртов. Малку по малку, користејќи ја ситуацијата додека терористите ги полнеле оружјата, исползел до безбедно место.
“Се поместував буквално центиметар по центиметар. Во еден момент, сфатив дека сум скоро до излезот и само го поткре…
Авион на компанијата Turkish Airlines на летот од Њујорк кон Истанбул морал принудно да слета во Канада поради анонимна дојава за поставена бомба, соопштила денес канадската полиција.
На Twitter профилот на аеродромот Halifax Stanfild се наведува дека авионот безбедно слетал и дека полицијата се наоѓа на лице место, пренесува агенцијата AP.
Страницата Russia today наведува дека полицијата и пожарникарите ги евакуирале патниците и членовите на екипажот.
Полицијата го пребарува Airbus A330 со помош на полициски кучиња истренирани за барање експлозив. Канадската полиција наведува дека дојав…
Исламските милитанти кој минатата недела во Париз убија 130 луѓе, поттикнувајќи нов бран на воздушни удари во Сирија и предизвикувајќи тревога во цел свет, за нападите најверојатно потрошиле само 7.000 евра, пишува британската агенција Reuters.
За разлика од Франција и Белгија кои веднаш објавија стапување на сила поголем степен за безбедност во вредност од една милијарда евра, осумте напаѓачи потрошиле релативно малку пари за смислената ликвидација на луѓе по париските улици.
За калашникови, муниција, самоубиствени елеци од домашна изработка, за изнајмување автомобили и станови тешко дек…
Бројот на регистрирани нови инфекции со коронавирус во Германија првпат ја премина границата од 200.000, кај Институтот Роберт Кох се пријавени 203.136 нови случаи во рок од 24 часа. Седумдневната инциденца се искачи на 1017,4.
На 27 јануари 2020 година првпат беше потврдена инфекција со Ковид-19 кај човек од Баварија, а оттогаш досега се регистрирани преку девет милиони заразени, повеќе од 117.000 починаа од или поврзано со коронавирус.
Од крајот на декември во Германија започна вакцинацијата против коронавирус, речиси три четвртини досега добиле најмалку една доза, а близу половината …
Белгија денес го подигна степенот за тревога за подрачјето на главниот град Брисел на најголемо ниво, предупредувајќи ја јавноста да ги избегнува метежите и гужвите поради заканите од терористички напади, рекол официјален претставник на владата.
По состанокот на министерот за внатрешни работи, врвот на полицијата и безбедносните служби степенот за тревога во Брисел е подигнат на четвртото и највисоко ниво.
“На жителите им советуваме да ги избегнуваат местата каде се собираат многу луѓе како што се шопинг центрите, концертите или станиците за јавен превоз”, рекол портпаролот на владиниот к…
Француските борбени авиони доцна синоќа го изведоа досега најобемниот напад врз Исламската држава во Сирија, поточно во упориштето на екстремистите, Рака, кој тие го сметаат за своја престолнина.
Како што најави, францускиот претседател Франсоа Оланд жестоко одговори на крвавите терористички напади во Париз.
Француските бомбардери го нападнаа сирискиот град Рака и го уништија командниот центар и кампот за обука.
Во калифатот веднаш потоа завладеала паника. Заканата која ја прати францускиот претседател била јасна и во калифатот сега стравуваат дека Французите ќе го направат она што го на…
Исламската држава (IS), која ја превзеде одговорноста за нападите во Париз во кои беа убиени 129 лица, почна како мала терористичка група кон крајот на ’90-те години, а стана позната за време на американската инвазија на Ирак.
Нападите во Париз се најсмртоносното дивјаштво на екстремисти вон исламскиот свет. САД организираше коалиција против IS во 2014 година, откако IS го окупира ирачкиот град Мосул и се прогласи за калифат на кој треба да се покорат сите муслимани, а подоцна тргна во освојувачки поход.
И покрај некои назадувања, вклучувајќи ги неодамнешните порази од Курдите кои со помо…
Франција денес соопшти дека сите манифестации на јавни места се забранети по нападите во Париз во кои загинаа 128 лица и 250 се ранети, а останатите европски земји одлучија да воведат построги мерки на безбедност.
Француската одлука се објаснува со фактот дека се мобилизирани силите за безбедност и притоа не можат да ги обезбедуваат различните колони и собирања, се вели во указот кој го потпишал полицискиот началник Michel Cadot.
Италијанскиот премиер Matteo Renzi ги осуди теористичките напади во Париз и најави додатни мерки на безбедност. “Како и сите Италијанци, сигурен сум дека теорист…