Мар 28, 2016

Икер Касиљас испиша нова страница во историјата на фудбалот

Настапувајќи во пријателскиот натпревар против Романија, голманот на Шпанија, Икер Касиљас (34) запиша 166-ти настап за репрезентацијата со што стана играч со најмногу репрезентативни настапи во Европа. Касиљас така го престигна досегашниот рекордер Виталиј Астафјев кој во кариерата одигра 165 натпревари за репрезентацијата на Латвија. “Среќен сум и горд што собрав толку настапи за репрезентацијата. Сите овие години имаше многу убави, но и лоши моменти. Но, ги памтам само позитивните”, рекол Касиљас додавајќи дека “свесен сум дека се приближува и крајот на мојата кариера. Сите имаат свој к…

Мар 28, 2016

Технологија која предупредува за замор кај возачите

Еден од проблемите со кои се  борат голем број на возачи се заморот и поспаноста, а некои истражувања покажале дека бројот на сообраќајни несреќи е често зголемен по менувањето на времето на часовникот кога луѓето спијат еден час помалку и треба малку време за навикнување. Иако нема прецизни податоци за сообраќајни несреќи кои настанале поради замор, сигурно е дека заморот делува негативно на возачите и влијае на намалување на концентрацијата и ги успорува реакциите. Како решение за намалување на сообраќајни несреќи кога се работи за замор кај возачите, неколку стартап компании развиле тех…

Мар 27, 2016

Zara има тајно оружје со кое ги победува конкурентите

Zara има ефикасен ланец на добавувачи и многу брзо ги полни полиците со артикли кои можат да се видат на модните писти, а компанијата често ја фалат дека има и најдобар модел на работа во бизнис секторот. “Уверени сме дека Inditex, компанија во сопственост на Zara, има најдобар бизнис модел кога станува збор за продажба на облека и очекуваме двоцифрен раст на заработка на Inditex во периодот од следните пет години”, објавено е во анализта која ја носи Wall Street Journal. Како што се чини овој беспрекорен успех не е случајност. Zara во својот ракав има оружје кое и овозможува да ги избегн…

Мар 27, 2016

Пилот ги спасил животите на патниците и екипажот

Пилот на компанијата JetBlue, на кого сеуште не му е откриен идентитетот, успеал во саботата попладне безбедно да го спушти авионот и покрај тоа што пред слетувањето имал проблеми со предното подвозје. Имено, поради технички проблем предното тркало едноставно не било можно да се отвори и спушти така што пилотот бил принуден да го приземји авионот Embraer 190 на нос. Како што ќе видите на видео записите на Youtube, тој тоа го направил на најдобар можен начин, но и покрај тоа веднаш интервенирале противпожарните единици поради контакт на авионот со земјата. Сите патници и членови на екипажо…

Мар 27, 2016

Исламска држава поразена во древниот град Палмира

Сириските владини сили повторно ја презедоа контролата врз древниот сириски град Палмира, објавија државните медиуми и групата за мониторинг.„По жестоките судири во текот на измината ноќ, војската потполно го контролира градот Палмира, вклучително и древната знаменитост и истоимената станбена населба. Џихадистите се повлекоа од таму“, изјавил воен сириски извор за француската новинаска агенција AP. „Денеска утрото уште се водеа борби. Меѓутоа, терористите коишто беа останати во градот се ликвидирани. Уништени се последните џихадисти“, изјавил за руската агенција РИА извор од штабот за опер…

Мар 26, 2016

Печатеното издание на The Independent замина во историјата

Вработените на британскиот дневник The Independent чија продажба беше во голем пад веќе неколку години, во петокот за последен пат ги пуштија во печатење весниците кои се спремаат во потполност да преминат во дигителен формат. Новинарите на овој дневник основан пред помалку од 30 години објавиле фотографии на социјалните мрежи кои ги прикажуваат екипите како тропаат по масите што претставува традиционален поздрав при заминување на колеги. Во последниот уводник, The Independent пишува како ќе се сеќаваат на храброто преминување во 100% дигитален формат како пример кој треба да го следат ост…

Дек 24, 2021

Две лица загинаа во пожар во Ковид болница во Русија

Две лица загинаа денеска во пожар во Ковид болницата во Астрахан, на југот на Русија. Пожарот избувнал во одделението за интензивна нега, пренесува РИА Новости. Според првите информации се запалил апаратот за довод на кислород. Персоналот и пациентите се евакуирани од зградата.

Мар 25, 2016

Facebook тргнува во борба против лажни и двојни профили

Во борбата против онлајн насилието Facebook тестира нова алатка која ќе предупредува ако се појави нов профил кој го користи вашето име и фотографија. Алатката почнале да ја тестираат уште во октомври и веќе е поставена на 75% од корисниците. Ова функционира така што сопственикот на оригиналниот профил ќе биде известен штом дупликатот ќе биде деактивиран, а тој потоа може да го означи тој профил. Инженерите на facebook потоа рачно ги прегледуваат тие двојни профили. Иако ова можеби и не е толку проблем на Facebook, може да биде голем проблем за оние кои се жртви. Од Facebook рекле дека на…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top