Сеп 16, 2008

Британците стравуваат за безбедноста на нивните штедни влогови

Британските штедачи кои своите заштедени пари ги имаат оставено на чување во домашните банки, стравуваат дека кризата со банкротот на американската инвестициска банка Лимен Брадерс може да предизвика губење на нивните заштеди.Весникот „Тајмс“ вели дека долговите на американската банка од 430 милијарди евра се доволно големи за да многу поединци, фирми и банкарски организации не знаат дали воопшто ќе може да ја наплатат оваа „импозантна сума на пари“, што предизвикува страв и нервоза кај многу штедачи.Според весникот, постои реална закана од реакција на штедачите кои би почнале со забрзано п…

Сеп 15, 2008

Авионската несреќа кај Перм не е терористички напад

Сите патници и членови на екипажот загинаа во авионската несреќа што се случи вчера кога авион Боинг 737 се урна во близина на рускиот град Перм, во планинскиот регион Урал, изјави портпаролот на руското Министерство за вонредни ситуации Ирина Андрианова.Во авионот имало 82 патници и пет членови на екипажот. Меѓу патниците имало седум деца, од кои едно бебе. Авионот на „Аерофлот-Норд“ летал од Москва за Перм.Андрианова изјави дека авионот полетал од Москва во еден часот и десет минути по московско време. По два часа, кога примил потврда за слетување во Перм, врската на контролорите за летањ…

Сеп 13, 2008

Ајк го ослободи својот гнев врз Тексас

Ураганот Ајк синоќа ги нанесе првите удари по брегот на американската држава Тексас. Локалните власти предупредија еден милион луѓе кои живаат во ниските места на брегот на Мексиканскиот Залив веднаш да се евакуираат, а 60 лица мораа да бидат евакуирани со хеликоптери затоа што ги зафати поплава. Локалните власти во три области соопштија дека 90.000 лица одбиле да ги напуштат своите домови и покрај предупредувањата дека можат да загинат. Со дијаметар од околу 1.000 километри, Ајк се смета за најголемиот ураган во историјата. Додека беше во море тој беше од втора категорија, но откако навлез…

Апр 6, 2016

Во аферата “Panama Papers” вмешани 28 германски банки

Најмалку 28 германски банки во последните неколку години ги користеле услугите на компанијата Mossack Fonseca која им помагала на богатите да избегнуваат плаќање на даноци, наведува германскиот весник Suddeutsche Zeitung кој ја разоткри аферата “Panama Papers” во соработка со меѓународен конзорциум на истражувачки новинари. Барем 14 од тие 28 германски банки се вплеткани во глобалниот скандал и учествувале во основањето на повеќе од 1.200 оф-шор компании, а целта им била криење на имот и перење пари, пишува германскиот весник. Во ова предничи Deutsche Bank која основала околу 400 компании,…

Сеп 13, 2008

Владата на Боливија прогласи воена состојба

Владата на Боливија синоќа прогласи воена состојба во една од петте области на земјата, каде со денови се случуваат крвави протести.Властите соопштија дека досега има десетици убиени во немирите во северната област Пандо. Судирите се меѓу првирзаници на претседателот Ево Моралес и приврзаници на конзервативните локални гувернери кои се против социјалистичките реформи на Моралес. Во указот за воената состојба се вели дека е забрането собирање на повеќе од три лица на едно место и оти сите кои носат оружје ќе бидат уапсени.

Сеп 12, 2008

Тунелот под Ла Манш и денеска затворен за сообраќај

Тунелот под каналот Ламанш, што ги поврзува Британија и европскиот континент и денеска останува затворен, откако вчера попладнето беше зафатен од голем пожар, соопшти претставник на компанијата која стопанисува со тунелот.„Нема да има ниту транспортни, ниту патнички минувања низ тунелот“, изјави претставник на компанијата за британските медиуми, не соопштувајќи кога оваа подводна транспортна врска ќе биде повторно пуштена за сообраќај. Пожарот избувна вчера на француската страна од тунелот во еден камион, кој превезувал лесно запаллив материјал. Спасувачките екипи успеале да ги извлечат од …

Сеп 12, 2008

САД го протераа боливискиот амбасадор

Владата на претседателот Џорџ Буш нареди амбасадорот на Боливија во САД да биде протеран откако латиноамериканската земја го протера амбасадорот на Вашингтон, пренесоа американските медиуми.Амбасадорот Густаво Гусман вчера беше повикан во Стејт департментот каде му беше соопштено дека треба да ја напушти земјата, како реципрочна мерка по протерувањето од Боливија на американскиот амбасадор Филип Голдберг, ден претходно. Боливискиот претседател Ево Моралес го обвини американскиот дипломат дека кова заговор со конзервативната опозиција во земјата.Портпаролот на Стејт департментот Шон Меккорма…

Сеп 11, 2008

САД одбележуваат седум години од терористичките напади на 11 септември

Соединетите Американски Држави денеска ја одбележуваат седумгодишнината од терористичките напади од 11 септември, во кои при уривањето на кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и нападот врз зградата на Пентагон во Вашингтон, животот го загубија повеќе три илјади лица.Во Њујорк годишнината ќе се одбележи со нови повици за внимателност во однос на постојаната закана од терористички напади, а имињата на загинатите повторно ќе бидат прочитани.Претседателските кандидати на републиканците и демократите, Џон Мекејн и Барак Обама планираат да присуствуваат на церемонијата на локац…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top