Сателитот „Чандрајан-1“, со тежина од 1.304 килограми, е лансиран во раните утрински часови по локално време, од индискиот космодром на островот Шихарикота во државата Андра Прадеш, а во орбитата околу Месечината би требал да влезе за околу 18 дена.„Првпат одиме на Месечината. Кина тоа веќе го направи, но сега ќе се обидеме да ја стигнеме и да го надминеме јазот меѓу нас“, изјави директорот на Индиската организација за вселенски истражувања (ИСРО), Баскар Нарајан.Од ИСРО велат дека главна цел на мисијата не е зголемување на рејтингот на земјата, туку значајните научни сознанија кои треба да…
Директорот на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Штрос-Кан денеска јавно се извини поради тоа што бил во врска со негова службеничка, но демантираше дека ја злоупотребил својата должност.Штрос-Кан, во писмото испратено по електронска пошта до вработеноте во ММФ, им се извинува ним, на жената со која бил во врска – Пирошка Над и на неговата сопруга, поради проблемите што ги предизвикал.Управниот совет на ММФ неодамна побара од надворешна правна фирма да истражи дали Штрос-Кан фаворизирал една од вишите економски службенички во Фондот, пред таа во август да ја напушти Организацијата. Над се…
Пилот на американската воздухопловна компанија „Јунајтед Ерлајнс“ е уапсен на лондонскиот аеродром Хитроу, по извршениот алко-тест.Инцидентот се случил на првиот терминал на најголемиот аеродром во Велика Британија, од каде полетуваат и каде слетуваат авионите на американските авиокомпании на нивните летови преку Атлантикот.Пилотот бил осомничен дека мириса на алкохол и дека има во себе многу повеќе алкохол отколку што тоа го дозволуваат строгите прописи при летањето. Врз него потоа бил извршен алко-тест, по што била повикана полицијата.Неговиот идентитет не е соопштен, но полицијата соопшт…
Избрани се петте нови непостојани држави членки на Советот за безбедност на Обединетите нации за периодот 2009-2010 година.За единственото место предвидено за азиска држава е избрана Јапонија, која освои 158 гласови, а конкурентот Иран 32, соопшти вечерва претседателот на Генералното собрание на ОН Мигел Декото. Во групата на Европа за непостојани членки се избрани Австрија и Турција, а Исланд беше елиминиран. Од групата на Латинска Америка и Африка, беа избрани единствените кандидати Мексико и Уганда.
Најголемиот ирски букмејкер Педи Пауер од синоќа почна со исплата на добивки за сите кои се обложиле на победа на сенаторот од Илиноис, Барак Обама.Најголемиот ирски букмејкер Педи Пауер од синоќа почна со исплата на добивки за сите кои се обложиле на победа на сенаторот од Илиноис, Барак Обама, три недели пред одржувањето на претседателските избори во САД.- Сигурни сме дека Обама ќе биде новиот претседател на САД, и поради тоа одлучивме да исплатиме над еден милион евра за добивки на лица кои се обложиле за негова победа, соопшти обложувачницата. Пред потегот за исплата, коефициентите беа …
Економската криза во САД доминираше на почетокот од третата и последна претседателска дебата меѓу сенаторите Џон Мекејн и Барак Обама. Како главни виновници за кризата, според Мекејн, се алчноста и претерувањето од страна на Вол Стрит и Вашингтон. Обама пак се согласи дека финансиската криза е најголема од времето на Големата депресија, и призна дека „не видел план кој ќе и помогне на средната класа Американци“. Американската економска криза му помогна на демократот Обама да се издвои пред неговиот републикански ривал Мекејн во анкетите на национално ниво, како и в…
Владејачките конзервативци победија на вчера одржаните предвремени парламентарни избори во Канада.Тие повторно нема да имаат мнозинство гласови во Парламентот, бидејќи за апсолутно мнозинство во 308-члениот Долен дом на Парламентот се неопходни 155 пратенички мандати.Според добиените резултати Конзервативната партија на Канада на премиерот Стивен Харпер освои 144 мандати, насприти 127-те кои ги имаше при распуштањето на Парламентот. Главната опозициска партија, Либералната партија на Канада освои 74, наспроти претходните 95 места во Парламентот. Сепаратистичката партија Квебекски блок доби …
Рускиот комитет за цивилно воздухоплоство го објави денес својот прв извештај за минатомесечниот пад на авионот на FlyDubai на југозападот на Русија, во кој загинаа сите 62 патници и членови на екипажот.
Во извештајот на Комитетот се наведува дека до понирањето на авионот со носот надолу дошло додека пилотот при силен ветар се обидувал да ја зголеми висината по вториот обид за слетување, од кој морал да се откаже, пренесува агенцијата AP.
Меѓутоа, пилотот и копилотот, успеале само да го подигнат авионот, па така Боингот 737-800 удрил на земја под агол од 50 степени и со брзина од над 600 …