Загрепската полиција синоќа објави снимка на кој се гледа лицето кое во дворот на неделникот Национал во Загреб довезло мопед во кој бил експлозив со кој пред шест дена беше убиен сопственикот на весникот Иво Пуканиќ и неговиот соработник Нико Фрањиќ. Министерот за внатрешни работи Томислав Карамарко за Хрватската телевизија изјави дека полицијата трага по убиецот или убијците на Пуканиќ, додека дел од медиумите веќе јавија оти се уапсени неколку осомничени лица.Човекот со кацига е едно од двете лица кои полицијата ги сомничи за убиство, изјави началникот на Кабинетот на шефот на полицијата…
Вкупната сума на американско оружје продадено во 2007 година во целиот свет е зголемено за 48,5 отсто, на 24,8 милијарди долари. Во 2006 година таа цифра беше 16,7 милијарди долари, се наведува во извештај на американскиот Конгрес. Во минатата година делот на САД на светскиот пазар на оружје и воена техника бил 41,5 отсто. На второ место е Русија со 10,4 милијарди долари или 17,3 отсто. На трето место е Велика Британија со 9,8 милијарди долари што е двојно повеќе отколку претходната година. Во извештајот освен за доставување оружје се вклучени и продажби на резервни делови, муниција, обука …
Силната бура синоќа предизвика прекин на електричната енергија во Рим и откажување на летовите од аеродромот „Леонардо да Винчи“.Обилните дождови предизвикаа и поплави на улиците на главниот италијански град.Според метеоролозите, невремето најверојатно ќе трае до утре вечер.
U: Plug е решение настанато поради проблеми од големи количини на кабли, полначи и штекери кои се потребни за едно технолошки освестено лице да ги наполни своите уреди. U:Plug како компанија постои повеќе од една година колку што траел и развојот на производот на кој работеле десетина лица, тројца редовно вработени и пет надворешни соработници.
Станува збор за хрватска фирма од Осијек која е ориентирана на развој на иновативни решенија и затоа тие работат континуирано на нови производи и технологии. Како што објаснува Иван Јелушиќ, директор на U:Plug, основна идеја на оваа иновација е еф…
Земјотрес со интензитет од 6,2 степени по Рихтеровата скала утрово го погоди југозападниот дел на Пакистан при што загинаа повеќе од 100 луѓе.Жртвите се од долината Зиарат, провинцијата Белуџистан. Портпаролот на локалната полиција наведе стравува оти бројот на жртвите ќе биде поголем, бидејќи од земјотерсот погодени се осум села во долината Зиарат.Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри. Долината Зиарат е една од туристичките атракции во Пакистан, што се наоѓа на 70 километри североисточно од градот Кета. Пакистанскиот град Кета беше разурнат од земјотрес во 1…
Двајца белци расисти се уапсени во американската држава Тенеси во врска со плановите да извршат масовно убиство и евентуално да го застрелаат Барак Обама, претседателски кандидат на Демократската партија на претстојните избори во САД, се вели во судски документ за кој синоќа јавија американските медиуми. Даниел Коварт (20) и Пол Шлесеман (18) со кривичната пријава се обвинети дека му се заканувале на претседателскиот кандидат Обама, незаконски поседувале пушка и планирале да ограбат продавница за оружје. Според судскиот документ, заговорот не бил во поодмината фаза ниту делувал убедливо. Ам…
Над 600 лица, вешани во проституција со деца, се уапсени и 47 деца се спасени во операцијата спроведена во САД од страна на ФБИ.Бирото соопшти дека операцијата е извршена во 29 градови и оти во нејзини рамки се разбиени 12 големи мрежи за проституција, кои дејствувале преку казина, бироа за телефонски услуги и Интернет сајтови.На прес-конференција во Вашингтон заменик-директорот на полициската централа Џон Пистол соопшти дека спасените 47 деца се на возраст од 13 до 17 години и сите со исклучок на едно се девојчиња.По десет од нив е прогласена национална потрага.Операцијата е дел од петгоди…
Австралија може да го намали бројот на имигранти поради финансиската криза што ја зафати земјата и светот.Ова го соопшти австралиската влада, која најави дека проблемот посериозно ќе го разгледа во ноември по објавувањето на податоците за економската ситуација во земјата.Австралиските власти стравуваат дека финансиската криза може да доведе до зголемување на невработеноста, што се случи во многу други земји.