Ное 17, 2008

ММФ има потреба од дополнителни 100 милијарди долари

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) има потреба од дополнителни 100 милијарди долари за да укажува помош на се поголемиот број земји кои имаат потрба од кредити, изјави директорот на ММФ Доминик Строс-Кан.Строс-Кан истакна дека таа сума треба да биде собрана до крајот на зимата.Раководството на ММФ води неофицијални консултации со голем број земји кои имаат позитивен баланс во надворешната трговија, како што се Кина и Саудиска Арабија, за да одобрат големи кредити за стабилизирање на светската економија. {loadposition content9}

Ное 17, 2008

Во пожарите во Калифорнија уништени над илјада куќи

Повеќе од 1.000 куќи, од камп приколки до вили вредни повеќе милиони долари, се уништени, а 50 илјади луѓе морале да ги напуштат своите домови поради пожарите кои веќе четврти ден беснеат во јужниот дел на Калифорнија.  Едно од најтешко погодените подрачја е паркот со камп приколки во областа Силмар во Лос Анџелес, каде во текот ноќта се уништени 500 приколки, а полицијата трага по повозрасните жители и лицата со инвалидитет, за кои стравува дека можеби не успеале на време да побегнат од огнената стихија. „Огнот се прошири во овој парк толку брзо, што немаше начин да се спречи. Тоа беше как…

Ное 15, 2008

Сите руски нуклеарни подморници што не се во употреба, ќе бидат унуштени до 2012 година

Сите руски нуклеарни подморници, кои веќе не се во употреба, ќе бидат уништени до 2012 година, соопштии денеска директорот на руската военопоморска бродска изградба од северозападниот град Северодвинск, Владимир Никитин.  Никитин забележа дека е можно процесот да заврши уште во 2010 година. „Меѓу 200 и 250 атомски подморници, изградени за време на поранешниот Советски сојуз, веќе се повлечени од вооружувањето“, прецизира тој.Никитин додаде дека ќе биде неопходно брзо да се реши проблемот со радиоактивно загадените зони, особено во крајбрежните бази, во кои било растоварено искористено нукле…

Ное 15, 2008

Шатлот „Индевер“ полета кон Меѓународната вселенска станица

Американскиот шатл „Индевер“ со седумчлен екипаж денеска е успешно лансиран од космодромот Кејп Канаверал, во Флорида, кон Меѓународната вселенска станица (МВС), соопштија америкнските медиуми.Мисијата на „Индевер“ ќе трае 15 денови, пренесе ИТАР-ТАСС. Со „Индевер“ на Земјата ќе се врати космонаутот Грегори Шамитов, кој пристигна на МВС на почетокот на јуни. Неговото место ќе го заземе американката Сандра Магнус.Шатлот „Индевер“ на МВС ќе однесе опрема за проширување и модернизирање.  {loadposition content9}

Ное 14, 2008

Хилари Клинтон можен државен секретар во кабинетот на Барак Обама

Сенаторот Хилари Клинтон, која од Барак Обама ја загуби номинацијата на Демократската партија за претседателски кандидат на САД, може да стане државен секретар во неговиот кабинет.Канцеларијата на Клинтон, пак, соопшти дека одлуката за таквото назначување може да ја донесе само новоизбраниот претседател.На поранешната прва дама на САД и истекува мандатот како сенатор на сојузната американска држава Њујорк.Други можни кандидати за функцијата државен секретар се сенаторот Џон Кери, кој беше претседателски кандидат на демократите во 2004 година, демократот Сем Нон, поранешен претседател на Ком…

Апр 11, 2016

Американскиот претседател ја призна својата најголема грешка

Американскиот претседател Барак Обама рекол дека најголема грешка во својот осумгодишен мандат е хаосот кој настана во Либија по уривањето на Моамер Гадафи, но исто така утврдил дека интервенцијата во Либија била исправна одлука. “Требаше да интервенираме, но не се припремивме за она што следеше потоа”, признал Обама во интервју за Fox News. САД и другите западни држави во 2011 година за време на востанието против Гадафи извршија низа воздушни напади за да го “заштитат населението”. Но, откако Гадафи беше убиен од страна на неговите противници, Либија потона во хаос. Формирани се два пос…

Ное 14, 2008

Доларот веќе не е единствена глобална валута

Американскиот долар веќе не треба да се смета за „единствена глобална валута“, како по Втората светска војна, смета францускиот претседател Николас Саркози.Тој посочи дека таквиот став ќе го изнесе на самитот на Групата 20 во Вашингтон, посветен на светската финансиска криза, јави Ројтерс.Францускиот претседател нагласи дека она што важело во 1945 година, повеќе не важи.Неговата изјава се однесува на конференцијата Бретон Вудс одржана во 1944 година во Њу Хемпшир, на кои се востановени протоколите на меѓународната трговија, банкарството и другите финансиски односи меѓу државите. {loadpositi…

Ное 13, 2008

ЕУ и Либија почнуваат преговори за рамковен договор

Европската унија и Либија денеска официјално почнуваат преговори за склучување рамковен договор, со цел да бидат зајакнати меѓусебните односи согласно преземените ангажмани при минатогодишното ослободување на шестмината бугарски лекари, кои беа затворени во северноафриканската држава повеќе од осум години.ЕУ ќе ја претставува еврокомесарот за надворешни односи и европска политика за добрососедство Бенита Фереро-Валднер, додека либиската делегација ќе ја предводат двајцата заменици министри за надворешни работи, Абделати Обеиди, кој е одговорен за европски прашања, и Мохамед Тахар Сиала.„Ово…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top