Ное 29, 2008

Заврши опсадата на Мумбај:најмалку 195 загинати

 Броjот на жртвите во трагедијата во Мумбај достигна 195, а повредени се 295 лица, соопштија локалните власти откако се пронајдени уште тела во хотелот „Таџ Махал“.Шантарам Џадав од службата за контрола на катастрофи предупреди дека бројот на жртвите може да се зголеми затоа што има тела кои се на пат кон болница.Индиските командоси утрово ги убија последните вооружени мажи кои го опседнаа луксузниот хотел, со што заврши 60-часовата опсада во финансискиот центар на Индија, за која се претпоставува дека е дело на исламски екстремисти.„Таџ Махал“ е под наша контрола“, соопшти началникот на п…

Ное 28, 2008

Големите компании отпуштаат над 170.000 работници

Најголемите светски компании најавија отпуштање на повеќе од 170.000 вработени, како последица на глобалната финансиска криза.Само производителот на челик Арселор Митал најави дека ќе отпушти 9.000 работници.Во Европа, најголеми отпуштања најави британската телекомуникациона компанија Бритиш телеком, која неодамна соопшти дека ќе укине 10,000 работни места.Најмногу работни места во Северна Америка ќе укине Хјулит пакард,а во Азиско – пацифичкиот регион, компанијата Нисан.  {loadposition content9}

Ное 28, 2008

Индиските специјалците во акција за ослободување на заложниците

Индиските специјалци се спуштија денеска од хеликоптер на покривот на индискиот центар во Мумбаи, во кој, како што се претпоставува, исламските терористи заробиле најмалку 10 Израелци.Пред тоа припадниците на специјалните единици отвориле оган врз зградата, со цел да им го одвлечат вниманието од акцијата на покривот.Шефот на националната гарда изјави дека се надева оти акцијата на „чистење“ наскоро ќе заврши.Повикувајќи се на сведоци, агенциите јавуваат дека специјалците упаднале во хотелот „Оберој-Тридент“, во кој терористите исто држат заложници.Локалната полиција наведува дека грабнувачи…

Ное 27, 2008

Терористички напади во Мумбаи, над 100 загинати

Најмалку 101 лице е убиено, а 287 се ранети во координирани напади што се случија синоќа во повеќе делови на индискиот град Мумбаи, а утрово терористите држат уште десетина заложници, јавуваат медиумите.Според истите извори, нападнати се најмалку 10 локации, вклучувајќи и два луксузни хотели „Таџ Махал“ и „Оберои Тридент“, каде што напаѓачите барале американски и британски туристи.Милитантите држат десетина заложници во хотелот „Таџ Махал“, кој се наоѓа во срцето на туристичкиот кварт Колаба.Одговорноста за нападот ја презеде непознатата исламистичка група „Декански муџахедини“, барајќи осл…

Ное 27, 2008

Советот за безбедност одобри разместување на ЕУЛЕКС

Советот за безбедност(СБ) при Обединетите нации (ОН) даде зелено светло за разместување на мисијата на Европската унија (ЕУ) ЕУЛЕКС на Косово, во рамки на постоечкиот мандат на ОН.         Србија и Косово, иако со негодувања, сепак се согласија со разместување на мисијата.          Во документот на СБ кој едногласно го прифатија сите 15 членки, се поздравува  извештајот на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун за мисијата УНМИК и намерата на Белград и Приштина да „соработуваат со меѓународната заедница“.       Мисијата на ЕУ требаше да биде разместена на Косово откако покраината прогласи не…

Апр 16, 2016

Facebook овозможи автоматизирани програми за Messenger

Facebook на својата Messenger апликација ги вметна очекуваните ботови кои на разни компании ќе им овозможат на корисниците да им пружат автоматска поддршка, да им даваат совети за електронска трговија, содржината и многу други работи кои се важни а работата со која се занимаваат. Ботовите се автоматизирани програми кои симулираат луѓе, односно нивната комуникација. Во случајот на Facebook Messenger треба во Бот продавницата да земете одреден бот, и на пример, некому да пратите цвеќе, да нарачате храна или такси. На ваша наредба ботот ќе го контактира ресторанот, ќе нарача и ќе ви ја просле…

Ное 26, 2008

Над 75 % од жителите на Гренланд се за поширока автономија

Повеќе од 75 проценти од жителите на Гренланд вчера гласаа за поширока автономија, со што се отвори можност за независност од Данаска. „За“ поширока автономија се изјасниле 75,54 проценти од гласачите, а „против“ биле 23,57 отсто. За неважечки ливчиња прогласени се 0,89 проценти. Излезноста на референдумот била 71,96 отсто, што во споредба со референдумот од 1979 година е поголема, кога жителите на Гренланд што гласаа за автономија беше 63,2 проценти. Право на глас имаа околу 39.000 луѓе од 80 населени места.Пошироката автономија за Гренланд значи право да располагаат со сопствените суровин…

Ное 26, 2008

Советот за безбедност ќе расправа за идната цивилна мисија во Косово

Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за планот на генералниот секретар Бан Ки-мун за реконфигурација на меѓународната цивилна мисија на Косово.Според одредбите од планот, договорен меѓу ОН и Србија, идната цивилна мисија ЕУЛЕКС ќе има неутрален статус по однос на независноста на Косово, што, според српските медиуми, значи дека присуството на оваа мисија нема да претпоставува признавање на независноста. Планот предвидува и ОН да ја зачува контролата врз полицијата и цариниците во северно Косово, каде Србите се мнозинство. Во текстот се наведува дека претставникот на ОН и шеф на Ми…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top