Промените и новото однесување на Германија во надворешната политика се закануваат да ја ослабнат Европската Унија. Во Брисел, Париз и во другите европски престолнини, како и во Вашингтон, се почесто не се крие незадоволството што официјален Берлин во многу ситуации делува сам и на своја рака, заобиколувајќи ја притоа заедничката политика на ЕУ. Германија последна и без ниту малку волја се согласи да се приклучи на заедничката акција на Унијата за санација на последиците од глобалната финансиска и економска криза.Берлин се противеше и се уште се опира на предлозите на Европската комисија за …
Во Еквадор во тек се спасувачките операции за извлекување на заробените под урнатините, откако јужноамериканската држава беше погодена од најсилниот земјотрес во последните неколку децении, при што загинаа над 200 луѓе, а стотици се повредени.
Земјотрес со магнитуда од 7,8 степени удри во близина на еквадорскиот пацифички брег, 170 километри северозападно од престолнината Кито, предизвикувајќи смрт и уништување во Манта, Портовиехо, Педерналес, Гајакил и други крајбрежни градови и села.
Бројката на загинати се искачи на 233, соопшти еквадорскиот претседател Рафаел Кореа. „Целата земја е м…
Земјотрес со интензитет од 6,1 според Рихтеровата скала ја погоди Северна Јапонија.Епицентарот на земјотресот бил на 290 километри северно од Токио, во морето крај Мијаги. Потресот е почувствуван во 23.23 часот по Гринич, односно во 8.23 часот по локално време.Засега нема информации за жртви и причинета материјална штета. Не е објавена тревога за цунами. {loadposition content9}
Aмериканскиот државен секретар Кондолиза Рајс пристигна во ненајавена посета на Пакистан, пренесоа светските агенции. Посетата на Рајс на пакистанската престолнина Исламабад ќе трае само пет часа. Рајс вчера беше во Индија, каде го изрази американското сочувство за ужасот што Индијците го преживеаја во нападите во Мумбај од минатата недела, во кој загинаа приближно 180 лица, меѓу кои и шестмина Американци. На пат од Њу Делхи за Исламабад Рајс во авионот, пред новинарите кои ја следат нејзината посета, изјави дека глобалната закана на екстремизмот и тероризмот треба да биде пресретната од с…
Францускиот претседател Никола Саркози синоќа е избран за „европски политичар на годината“ во конкуренција на шест именувани кандидати, во изборот кој го организираше бриселскиот неделник „Јуропиен војс“ (European Voice).Саркози освои најголем број гласови од читателите на бриселскиот неделник, а именуван е поради успехот во постигнувањето договор за прекин на руско-грузискиот конфликт.Меѓу шестмината именувани европски политичари се наоѓал и српскиот претседател Борис Тадиќ, кој бил предложен поради, како што наведе „Јуропиен војс“, „приближувањето на својата земја кон членството во ЕУ и е…
Во главниот град на Норвешка, Осло на денешната конференција ќе биде потпишан Меѓународниот договор за забрана на касетните бомби. Предвидено е на Конференцијата да учествуваат претставници од повеќе од 100 држави.Иницијативата за потпишување на Меѓународниот договор за забрана на касетните бомби е покрената поради големиот број на цивилни и воени жртви од овие експлозивни направи уште долго време по завршување на војните.Касетните бомби се создадени за врема на Втората светска војна за уништување на тенковите во ненаселените воени подрачја, но оттогаш во различни војни се користени и во на…
Демонстрации против на мисијата на ЕУ на Косово – Еулекс денеска ќе се одржат во Приштина, Брисел најави дека мисијата ќе почне да се распоредува до крајот на седмицата, иако првично беше најавена за денеска.Лидерот на Самоопределување Аљбин Курти изјави дека граѓаните треба да протестираат бидејќи Еулекс ќе биде неутрален по прашењето на статусот на Косово. Протестите ги поддржуваат невладините организации, синдикатите, како и поранешните борци на ОВК.Одложувањето на мисијата на ЕУ, западните дипломати во Приштина го објаснуваат со обидот да се избегнат можните непријатности или дури и кон…
Италјанскиот премиер Силвио Берлускони денеска ќе престојува во официјална посета на Тирана. Прашањата од енергетската сфера се очекува да бидат во фокусот на разговорите што Берлускони ќе ги води со неговиот албански колега Сали Бериша. Во Тирана е најавено дека Бериша и Берлускони ќе разговараат и за производство на нуклеарната енергија, како и за Коридорот 8, јави дописникот на Макфакс. Најавено е и потпишување на две спогодби во сферата на енергетиката. Станува збор за реализирање на два големи проекти на италјански компании во Албанија, чии инвестиции изнесуваат стотици милиони евра…