Јан 30, 2009

Форд отпушта 1.200 работници

Компанијата “Форд” планира да укине една петтина од работната сила, односно околу 1.200 работници, за да заштеди средства за нови проекти и подготовка на модел за соочување со кризата.”Форд” има 22.600 постојано вработени во погоните на Северна Америка, од кои околу 2.600 веќе добиле отказ во согласност со одлуката од ноември, минатата година.Компанијата очекува во четвртото тромесечје да забележи губиток, но клучното прашање за инвеститорите и кредиторите е дали ќе биде принудена да побара помош од американската влада, како што тоа беше случајот сп “Џенерал моторс” и “Крајслер”.Форд, претх…

Јан 30, 2009

Род Благоевич разрешен

Сенатот на сојузната американска држава Илиноис вчера го разреши Род Благоевич од гувернерската функција поради злоупотреба на службената положба и обид за продажба на сенаторското место, ослободено по изборот на Барак Обама за претседател на САД.Повеќе од две третини од вкупно 59 сенатори се изјасниле дека Благоевич е виновен, со што тој е ефективно сменет од функцијата гувернер на Илиноис.Благоевич е првиот гувернер во историјата на Илиноис, кој е отповикан и сменет од функцијата.Претходно тој побара од сенаторите на оваа американска држава да не го изгласуваат неговото разрешување.Одлука…

Јан 29, 2009

„Балот на вампирите“ во Давос

Приближно 400 учесници од протестната поворка во швајцарскиот град Базел повикаа вчера на завршување на „балот на вампирите“, како што го нарекоа почнатиот Светски економски форум (СЕФ) во Давос.Неколку демонстранти фрлаа обувки, пластични шишиња и боја врз зградата на швајцарската банка Ју Би Ес. На фасадата на градската управа била закачена паролата „Да го исчистиме СЕФ“, а неколку бомби биле фрлени врз полицијата. Со исклучок на овие инциденти демонстрациите минаа без насилство, на големо задоволство на директорот за безбедност во Базел, Ханспетер Гас, кој демонстрациите ги окарактеризир…

Јан 29, 2009

Албанија е трета земја во светот по корумпираност

Албанија се наоѓа на трето место во светот по корупција, покажуваат податоците на организацијата „Транспаренси интернешнл“, објавени во албанските весници „Зери и Популит“ и „Албанија“. Косово се наоѓа веднаш по Албанија на оваа класификација, а првите места ги заземаат Камбоџа и Камерун.Весниците во Тирана пишуваат дека резултатите се од извештајот на „Транспаренси интернешнл“ за нивото на корупција во различни земји од светот.Судството е најкорумпираниот сектор на Косово. Во текстовите на албанскиот печат во врска со ова се нагласува дека злоупотреби на Косово биле регистрирани и во однос…

Апр 27, 2016

Facebook одлучи да стави крај на една иритантна појава

Интернет медиумите секогаш бараат начин како да го зголемат бројот на лајкови на своите објави, но и како читателите да ги задржат подолго на својата страница. Токму затоа некои медиумски издавачи мислат дека е подобро за нив што повеќе луѓе да кликаат на нивната содржина, што е и логично кога се знае дека бројот на кликови е единствен услов за привлекување на огласувачи, а со тоа и пари. Оваа бизнис логика доведе до тоа насловите на текстовите често да бидат сензационални иако тоа не се – во превод тоа значи собирање кликови (clickbait), а во ова посебно се истакнува Facebook. Но, Facebo…

Јан 28, 2009

Нов терористички видеоклип

Германската полиција проучува нов исламистички видеоклип на Интернет, што соддржи закани за терористички напади во Германија.Видеоматеријалот веројатно е изготвен пред околу една недела од Сојузот за исламски џихад – малку позната група од Пакистан и Авганистан. На клипот се гледаат шестмина маскирани мажи, кои говорат на различни јазици, а  последниот од нив и на германски јазик. Тој порачува: „Оваа година имаме подготвени некои изненадувачки пратки за окупациските сили, така што сојузниците на окупациските сили треба постојано да се во очекување на нашите напади“. Од раководството на феде…

Јан 28, 2009

ЕУ бара активна улога на САД во борба против климатските промени

Европа смета дека САД мора “целосно“ да се ангажираат во борба против глобалното загревање за да најнапредните држави во развој се уверат дека треба да придонесат за оваа борба.Ова синоќа во Брисел го изјави еврокомесарот за животна средина Ставрос Димас.“Јасно е дека без целосна и активна поддршка на САД не е можно никакво глобално решение“, наведе Димас во писмото на американскиот претседател Барак Обама.Еврокомесарот додаде дека САД мора ова да го направат не само поради тоа што се одговорни за 22 проценти од емисиите на гас, туку и поради тоа што “другите држави, како Кина, не гледаат п…

Јан 28, 2009

УНИЦЕФ бара милијарда долари за да се справи со хуманитарната криза

Агенцијата на ОН за заштита на правата на децата УНИЦЕФ денеска побара една милијарда долари за да може да се справи со кризата, која предизвикува ширење на гладта, болести и сиромаштија, особено во Африка.УНИЦЕФ соопшти дека оваа година е потребно 17 отсто повеќе пари отколку минатата поради зголемените потреби во источниот и јужниот дел на Африка, вклучувајќи го Зимбабве, кој е погоден од епидемија на колера и економска криза.Повеќето од бараните пари се наменети за исполнување на хуманитарните потреби во пет земји: ДР Конго, Сомалија, Судан, Уганда и Зимбабве.   {loadposition content9}
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top