Нови ракетни истрелувања на Северна Кореја ќе предизвикаат влошување на нејзините односи со САД, предупреди во Токио американскиот државен секретар Хилари Клинтон.Во Северна Кореја вчера беше одбележан 67-от роденден на комунистичкиот лидер Ким Џонг-ил. Официјален Пјонгјанг соопшти дека има право да разработува вселенска програма. Медиумите објавуваат дека севернокорејските власти истрелувањата на ракетите ги нарекуваат „лансирање сателити“.Според јужнокорејските медиуми, Пјонгјанг подготвува пробно истрелување на ракетата со голем дострел „Таеподон-2“, која може да достигне до Аљаска. {loa…
Шведската Влада сосема ја исклучува можноста да ја откупи фабриката за автомобили „Сааб“, која ја потресува криза, од американскиот автомобилски гигант „Џенерал моторс“.„Шансите на „Сааб” не се особено добри, изјави шведската министерска за стопанство Мауд Улофсон. – Тие немаат никаква идеја како ќе ја развиваат својата компанија за да остварат рентабилност. Тоа не вознемирува и не зачудува“, нагласи Улофсон. Телевизискиот канал ТВ4, повикувајќи се на владини извори, тврди дека шведската Влада сега е подготвена да му дозволи на „Сааб“ да оди под стечај.Шведскиот премиер Фредрик Рајнфелд за …
Бројот на видео-камерите по патиштата во Франција ќе се зголеми тројно до крајот на годината, изјави министерот за внатрешни работи Мишел Алио-Мари во интервју за Франс соар. Таа прецизира дека бројот на камерите за набљудување ќе се зголеми од 20.000 на 60.000. Според неа, тоа и било приоритет по преземањето на функцијата во Министерството. Алио Мари додаде дека четири илјади полицајци ќе бидат распоредени дополнително во ризични квартови особено во предградија на Париз. Тоа ќе се случи до 2011 година.Предградијата на Париз и други градови периодично се арена на насилство во изминатите год…
Венецуелскиот претседател Уго Чавес на референдумот што вчера се одржа во земјата ја добри поддршката на граѓаните, со која му се овозможува на власт да остане се додека победува на изборите.Како што соопшти претседателката на Националната изборна комисија Тибисаи Лусена, според преброените 94 проценти од гласачките ливчиња, нешто повеќе од 54 отсто од избирачите го прифатиле предлогот за измени на Уставот, а околу 46 проценти се изјасниле „против“.Лусена додаде дека одѕивот на гласачите изнесувал 67,1 процент.Чавес обезбеди поддршка на референдумот, на кој граѓаните се изјаснуваа за уставн…
Расте бројот на жртвите од поплавите во Бразил, а илјадници луѓе се евакуирани.
Бројот на жртвите од поројните дождови што од ноември ја погодија бразилската држава Баија вчера се искачи на 18. Катастрофата принуди 35.000 луѓе да се иселат, соопштија локалните власти.
Пожарникарите од Баија ја потврдија смртта на 60-годишен маж кој се удавил во река на југот на државата.
Најмалку две лица се водат како исчезнати, 19.580 луѓе се евакуирани, а уште 16.001 се принудени да побараат засолниште, со што бројот на луѓе протерани од своите домови достигна 35.000, соопшти локалната Агенција за ц…
Клаузулата во пакетот стимулативни мерки за купување американски производи може да доведе до трговска војна меѓу Европа и Америка, оцени амбасадорот на Европската унија во Вашингтон Џон Брутон. „Загрижени сме, бидејќи економската криза го зафати целиот свет па затоа сметаме дека мерките за подобрување само на американската економија, или само на европската или кинеската, не можат да бидат успешни, истакна Брутон.Тој објасни дека „воведувањето протекционистички мерки како што е оваа ќе го поттикне протекционизмот кај другите, како што се Кина или европските земји“, што би било штетно за сите…
Хрватскиот премиер Иво Санадер изјави дека е сигурен оти Хрватска на почетокот на април ќе биде примена во НАТО и дека нема да биде организиран референдум за членство во Алијансата.„НАТО не може да чека. Уверен сум дека Хрватска на почетокот на април на Самитот на НАТО во Стразбур и Келн ќе биде примена. Хрватска досега многу направи за НАТО и приемот во членството е последен чекор“, истакна Санадер во интервју за австриската новинска агенција АПА. Тој посочи дека досега постојат само гласини според кои Велика Британија, Холандија и Белгија можат да го блокираат пристапувањето на Хрватска в…
Сенатот на САД ја одобри кандидатутрата на Лион Панета за директор на ЦИА.Седумдесетгодишниот Панета е поранешен конгресмен демократ од Калифорнија и поранешен началник на кабинетот на претседателот Бил Клинтон. Тој ќе го замени на функцијата Мајкл Хејдн.Номинацијата на Панета предизвика изненадување во Вашингтон, бидејќи ЦИА вообичаено се управува од експерти од разузнавањето, а Панета нема искуство во собирањето или анализата на разузнавачките информации, истакнуваат дел од западните медиуми.Обама изјави оти го избрал за функцијата заради неговите управувачки вештини како и способноста да…