Мај 23, 2016

Започна офанзива врз упориштето на Исламска држава

“Чукна часот за ослободување на Фалуџа. Сега е моментот за одлучна победа и Исламска држава нема избор туку да бега”, рекол ирачкиот премиер Haider al Abadi во телевизиското обраќање. Тој ветил дека ирачкото знаме наскоро ќе се вее во Фалуџа, упориштето на Исламска држава кое се наоѓа во покраината Анбара на западот на земјата. Тој град е во рацете на Исламска држава од почетокот на 2014 година и е оддалечен околу 50 километри од главниот град Багдад и беше прв ирачки град кои го освоија милитантите на Исламската држава. Во рамките на офанзивата авионите како претходница на копнените сили…

Апр 20, 2009

Заложничка криза во Јамајка

Вооружен маж кој неколку часа рано изутрината држеше како заложници патници во авион на канадската авиокомпанија на меѓународниот аеродром во Монтего Беј на Јамајка, ослободи 167 од нив, но во авионот останаа уште пет членови на екипажот и двајца патници и во тек се преговорите со киднаперите.Повикувајќи се на Радио Јамајка, американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен јави дека се слушнал еден истрел, но оти нема повредени меѓу патниците во авионот на компанијата „Кенџет“ кој требаше да полета од аеродромот „Сангстер“ од Монтего Беј на Јамајка кон Халифакс во Канада. Медиумите јавија дека воор…

Апр 20, 2009

Националистите победија во северен Кипар

Парламентарните избори во Турската република Северен Кипар донесоа значителна победа за десничарската партија Национална унија, која претпочита поблиски врски со Турција наместо членство во Европската унија.Партијата доби 44% од гласовите а Републиканската партија на лидерот Мехмет Али Талат остана на 29%.Лидерот на Националната унија Дервиш Ероглу рече дека ќе бара меѓунродно признавање на отцепениот дел.Турција е единствена земја која го признава Северен Кипар. Дописникот на БиБиСи од Кипар вели дека исходот ја одразува нервозата од бавниот напредок во разговорите чија цел е да се обедини…

Апр 20, 2009

Дванаесетмина загинати во експлозија во рудник во Иран

Дванаесет лица загинаа денеска во експлозија на метан во рудник за камен јаглен во Иран. Несреќата се случи во еден од најголемите рудници за камен јаглен кој се наоѓа во близина на градот Заран, на 950 километри југоисточно од Техеран. Според Иранското радио, повредени рудари изјавиле дека причината за несреќата се лошите услови за безбедност и неодговорноста на раководството на рудникот.{loadposition content9}

Апр 18, 2009

Тачи во посета на Словенија

Односите “меѓу двете држави“ се многу добри, а Косово се подготвува да отвори амбасада во Љубљана.Ова го изјави косовскиот премиер Хашим Тачи, во текот на посетата на Словенија.Косовскиот премиер и претседателот на Словенија Данило Тирк оценија дека успешно се развиваат економските односи меѓу Косово и Словенија, истакнувајќи дека Словенија е најголем странски инвеститор на Косово.Тачи и Тирк, во текот на разговорите, го оценија како позитивен тренд јакнењето на стабилност на Косово, како и придонесот што Косово го дава за безбедноста и стабилноста во регионот. {loadposition content9}

Апр 18, 2009

Србија протестира пред Советот за безбедност

Србија протестираше во Советот за безбедност (СБ) поради најавеното намалување на буџетот и бројот на членови на УНМИК во Косово.Ова го јавија белградските гласила, повикувајќи се на српското Министерство за надворешни работи.“Србија оценува дека во случај на намалување на буџетот и членови на УНМИК би била загрозена способноста на мисијата да администрира со покраината, и да го спроведе планот на Белград и ООН во шест точки“, се наведува во писмото доставено до СБ.Белград, од СБ на ООН, побара да преземе соодветни мерки за да се стабилизира ситуацијата околу УНМИК и да се обезбеди примена …

Апр 17, 2009

Обама го помилува персоналот на ЦИА

Американското министерство за правда објави четири документи кои биле испратени до администрацијата во времето на поранешниот претседател Џорџ Буш, со совети до истражителите за тоа какви методи се законски прифатливи при разговорите со осомничените за тероризам. Меѓу нив биле методите за влевање страв од потонување во вода, ставање во окови и навлекување качулка. Советите сугерирале дека истражителите можат да нанесат болка до извесен степен, но не премногу силна болка. Претседателот Барак Обама изјави дека е малку веројатно претставниците на ЦИА кои користеле такви тактики да се соочат со…

Апр 17, 2009

Регистрирани два земјотреси во Афганистан

Најмалку 22 лица загинаа, а 30 се ранети, во два земјотреси, кои рано изутринава го погодија источен Авганистан.Првиот земјотрес со интензитет од 5,5 степени е регистриран од Геофизичкиот институт на САД во 1:57 часот по локално време во провинцијата Нангахар, на 85 километри југоисточно од Кабул и на 140 километри од пакистанскиот град Пешавар.Два часа подоцна е регистриран и вториот потрес од 5,1 степен.Интензитетот на двата земјотреси е измерен според т.н. скала на „моментална магнитуда“, која дава приближно еднакви вредности како и Рихтеровата скала. Земјотресите причинија материјална ш…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top