Мај 24, 2016

Полицијата упадна во седиштето на Google во Париз

Француските власти се сомневаат во француската филијала на Google дека интернет џинот затаил 1,6 милијарди евра данок, пренесува BBC. Рацијата започнала во 5 часот утрово, пренесува парискиот весник Le Parisien и е спроведена во строга тајност за да се избегне пренесување на информациите. На лице место се нашле стотина француски истражители, пет финансиски обвинители и огромни полициски сили, пренесува The Local. Google не бил достапен за коментар на прашањата на AFP. Во февруари француските даночници побаруваа од технолошкиот џин 1,6 милијарда евра неплатен данок, што министерството за …

Мај 2, 2009

Потврдени два случаи на зараза со новиот вирус на грип во Франција

Две лица во Франција се заразени со новиот вирус на грип А (H1N1), изјави синоќа француската министерка за здравство Розлин Башло.Станува збор за 49-годишен маж и 24-годишна жена, кои биле примени на лекување во две клиники во Париз. И двајцата неодамна се вратиле од Мексико. Тоа се првите потврдени случаи на зараза во земјата, а со сомнение на вирусот се други 40 лица. {loadposition content9}

Мај 1, 2009

Регистрирани нови 15 случаи на H1N1 грипот А во Канада

Канадските здравствени власти потврдија дека во земјата се регистрирани 15 нови слулчаи на лица заболени од H1N1 грипот А, со што вкупниот број на инфицирани од болеста во оваа северноамериканска држава се искачи на 34.Од новорегистрираните случаи пет се во провинцијата Британска Колумбија, по четири во Алберта и Нова Шкотска, еден во Онтарио и уште еден во градот Монтреал во Квебек.Светската здравствена организација (СЗО) синоќа објави дека ќе престане да го користи називот „свински грип“, за да се избегне забуна дека болеста се пренесува од свињи на луѓе и за болеста ќе го употребува имет…

Мај 1, 2009

Бројот на заболени од грипот А во Мексико достигна 300

Бројот на регистрирани случаи на лица инфицирани со вирусот на H1N1 грипот А во Мексико се искачи на 300, соопштија мексиканските здравствени власти.Во соопштението се наведува дека медицинските екипи досега извршиле тестирање на вкупно 679 лица за кои постоло сомневање дека се инфицирани со вирусот, при што неговото присуство е регистрирано кај 300 од нив.Мексиканскиот министер за здравтсво Хозе Кордoба соопшти дека влaстите досега потрошиле околу 1,6 милијарди пезоси (116 милиони долари) за лекови и опрема за справување со болеста.Според официјални податоци од H1N1 грипот А досега во Мекс…

Апр 30, 2009

Интеграцијата меѓу Крајслер и Фијат неизвесна

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама соопшти дека не знае дали ќе биде постигнат договор меѓу американскиот производител на автомобили „Крајслер” и италијански „Фиат”.Белата куќа се надева дека би можел да биде пронајде пат за опстанок на американската компанија„Крајслер” и „Фиат” треба да ги надминат потешкотиите доколку сакаат да постигнат договор за здружување пред крајниот рок што истекува денеска, се наведува во соопштението, без да се прецизира за што станува збор.Американското министерство за финансии постигна договор со најголемите кредитори на „Крајслер” за отп…

Апр 30, 2009

СЗО прогласи петто ниво на тревога

Светската здравствена организација (СЗО) го подигна степенот на тревога од четврти, на петти степен, бидејќи вирусот на новиот грип се шири без знаци на забавување.Ова е прв пат во последните 25 години СЗО да го крене степенот на готовност на пет, од вкупно шест нивоа.Во меѓувреме, хрватското Министерство за здравје соопшти дека во Осиjек е регистриран прв случај за кој постои сомневање дека е заразен со вирусот Х1Н1.Студентка по економија, која престојувала две недели во САД на студентска размена, е задржана во карантин по д сомневање дека е заразена со вирсуот на новиот грип.Хрватскиот ми…

Апр 29, 2009

Во Мексико од свински грип починале 159 лица

Билансот на жртвите на свинскиот грип во Мексико најверојатно достигна 159 лица, изјави мексиканскиот министер за здравство Хозе Анхел Кордоба.Тој истакна дека досега е потврдено дека во 26 од смртните случаи станува збор за лица заразени со свински грип.Мексиканската Влада соопшти дека бројот на заразените од свински грип најверојатно достигнал 2.498 лица. {loadposition content9}

Апр 29, 2009

Руски воен брод зароби 29 пирати крај брегот на Сомалија

Руски воен брод Адмирал Пантелеев зароби синоќа пиратски брод со 29 лица на него во Аденскиот Залив, во близина на брегот на Сомалија. Чамецот бил запленет на 24 километри од сомалискиот брег, јавија руски медиуми повикувајќи се на извори во Министерството за одбрана. За време на претресот биле откриени опрема за сателитска навигација, автоматски пушки, пиштоли и голема количина муниција.  „Тоа ни укажува да претпоставиме дека таа група пирати се обидела во два наврата без успех да преземе танкер со руски екипаж кој вчера минувал низ оваа област“, изјави за руски медиуми извор од МО. Русија…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top