Најмалку 35 лица загинаа денеска, а 72 се ранети во експлозија на автомобил-бомба во квартот Шула во северозападен Багдад, соопшти ирачката полицијаЕксплозијата се случила во близина на познат ресторан во квартот, каде живеат претежно шиитски муслимани. Безбедносната ситуација во Ирак од минатата година бележи подобрување, но поради серијата напади во април, минатиот месец стана најкрвав за цивилите од ноември 2008 година. {loadposition content9}
Весниците во Тирана денеска пишуваат дека Албанија има намера да инвестира многу пари во туризмот, а тоа посебно се однесува на развојот на овој сектор на Охридското езеро. Весникот „Шекули“ го цитира премиерот Сали Бериша, кој најави дека инвестиции од над 800 милиони евра ќе го претворат Поградец и албанскиот брег на Охридското езеро во забележителен туристички центар. -Средствата ќе се суфинансираат и од Германија, наведе албанскиот премиер. Туристичките објекти се вклучени во програмата „Еколошко зачувување на Охридското езеро“, објасни уште Бериша и додаде дека канализацискиот система …
Најмалку 79 лица загинаа кога индонезиски воен авион се урна недалеку од воздухопловната база на истокот од островот Јава.Авионот, според официјални извори, превезувал повеќе од 100 лица, а неколку десеттина се водат како исчезнати по несреќата.Портпаролот на војската Сагом Тамбоен изјави дека транспортниот авион превезувал војници и нивни семејства, а меѓу патниците имало и деца.Според извештаите, три лица загинале на тлото кога авионот се урнал врз три куќи во селото Геплак. Причината за несреќата е непозната. {loadposition content9}
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон соопшти дека побарала од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја замрзне израелската колонизација во окупираните територии.„Претседателот Барак Обама беше многу јасен – тој сака колонизацијата да биде прекината”, изјави американскиот први дипломат.Во исто време не престануваат поделбите во палестинската власт. Синоќа новата палестинска влада на Салман Фајед положи заклетва без претставници на милитантниот Хамас.Движењето, кое ја држи власта во Појасот Газа има своја влада и најави дека нема ја признае оваа влада во која мнозинството го држи…
Групацијата Застава која по декопонирањето на некогашниот најголем индустриски комплекс на Балканот, Групацијата Застава, е сведена на производство на патнички, специјални, земјоделски и приклучни возила, дефинитивно заминува во историјата, пишува Danas.
Имено, во Групацијата Застава возила започна реализацијата на последниот социјален програм за кои се изјасниле 92 од вкупно 112 вработени во Холдингот, Резервни делови и Хортикултура, на компанијата од Крагуевац.
Гордана Симов, претседател на синдикатот, вели дека реализацијата на социјалната програма е “почеток на дефинитивниот крај” на …
Грчките власти го потврдија првиот случај на заразен со новиот вирус на грип А (H1N1), јави грчката агенција АНА-МПА.На вонредната прес-конференција заменик-министерот за здравство Јанис Папагеоргиу рече дека станува збор за 19-годишен студент, кој бил во Њујорк од почетокот на годината и се вратил во Атина.Болниот бил заразен за време на престојот во САД и симптомите на грип се појавиле во Грција. Пред да биде хоспитализиран тој земал антибиотици.- Нема знаци за загриженост, тоа не е тежок, туку полесен случај, изјави заменик-министерот и додаде дека при вакви ситуации Грција докажала дека…
Претседателот на Шри Ланка Махинда Раџапакса и официјално ќе прогласи победа на оружените сили над Ослободителните тигри на тамилскиот Елам. Конфликтот меѓу властите во Шри Ланка и Тамилските тигри траеше 25 години, а бунтовниците ја загубија четвртвековната борба за создавање независна држава. Претходно властите соопштија дека во борбите го убиле лидерот на Тамилските тигри, Велупилај Прабакаран. Обединетите нации и САД го поздравија крајот на војната и повикаа земјата да им помогне на цивилите кои се најпогодени. {loadposition content9}
Земјотрес со магнитуда на ударот од 5 степени го потресе Лос Анџелес, соопшти Геолошкиот институт на САД. Нема информации за жртви и оштетувања, пренесоа американските медиуми. Потресот со епицентар на десетина километри југозападно од центарот на Лос Анџелес, на длабочина од 14 километри под земјината површина, е регистриран синоќа во 20.39 часот по локално време (утринава во 4.39 според Гринич ). {loadposition content9}