Јун 1, 2016

Стејт департмент предупредува за можни терористички напади

Стејт департментот ги предупредува американските граѓани дека летово се можни териористички напади во Европа, а цели би можеле да бидат туристичките објекти.Предпредувањето за опасноста при патувањето во Европа се однесува за периодот до 31 август. Стејт департментот предупредува дека цел на терористички напади би можело да биде и Европското првенство во фудбал што ќе се одржи во Франција од 10 јуни до 10 јули, како и манифестацијата Светски денови на католичката младина што ќе се одржи во Полска од 26 до 31 јули.

Мај 27, 2009

Циклонот Аила остава пустош

Најмалку 203 лица загинаа во силниот тропски циклон „Аила“ што в понеделникот ги погоди Бангладеш и источните делови на Индија.Најмалку 121 лице загинале, а над 800, се повредени во Бангладеш. Во индиската држава Западен Бенгал во циклонот животите ги загубија најмалку 82 лица.Силниот ветер што на места достигна и брзина од 120 километри на час искорнал десеттици дрвја и ги однесе покривите на илјадници живеалишта.Обилните дождови што го проследија циклонот предизвикаа поплави и активираа лизгање на земјиштето. {loadposition content9}

Мај 27, 2009

На повидок нова Kорејска војна

Пјонгјанг исто така објави дека повеќе не се чувствува обврзан кон примирјето од 1953 година, со кое беше ставен крај на војната меѓу двете Кореи.- Секој непријателски акт против невоените бродови, вклучувајќи и пресретнување и конфискување, ќе биде сметан за грубо нарушување на нашиот суверенитет и ќе биде проследен со итен воен напад, предупреди портпаролот на севернокорејската армија.Северна Кореја предупреди дека не ја гарантира безбедноста на бродовите кои ќе впловат во нејзиниот западен брег, се наведува во соопштението на севернокорејските воени власти. Пјонгјанг, јавуваат светските …

Мај 26, 2009

Северна Кореја продолжува со нуклеарните проби

Северна Кореја се подготува во текот на денешниот или утрешниот ден да изврши ново тестирање на ракета со мал дострел во реонот на нејзиниот западен брег, соопшти денеска претставник на јужнокорејските власти.„Северна Кореја забрани движење на бродови во реонот на провинцијата Јужен Пјонган во периодот меѓу 25 и 27 мај. По се изгледа, денеска или утре Северна Кореја ќе лансира ракета со мал дострел“, изјави претставникот на властите во Сеул, кој побарал анономност.Северна Кореја вчера тестираше нуклеарна бомба од околу 20 килотони, како и три ракети со среден дострел.{loadposition content9}

Мај 26, 2009

Визите за некои балкански земји да се укинат поскоро

Потпретседателот на Европската комисија Жак Баро повика да се предложи што поскоро укинување на визите за „граѓаните на оние земји од западен Балкан што ги исполнија условите“.„Уверен сум дека укинувањето на визите за сите земји од западниот Балкан е изгледна перспектива“, изјави Баро, кој воедно е и еврокомесар за внатрешни работи и правосудство.Баро изрази особено задоволство од напорот кој го вложиле земјите од регионот во исполнувањето на условите и одличната соработка со стручните мисии на ЕК.Потпретседателот на комисијата истакна дека на Колегиумот на ЕК ќе му предложи да се укинат ви…

Мај 25, 2009

Северна Кореа изврши втора нуклеарна проба

Северна Кореја, според сопствени наводи, изведе по вторпат тест на атомско оружје. Подеземниот тест бил успешен, јави државната новинска агенција КЦНА. Според податоци од Јужна Кореја, на северот од соседната земја бил регистриран вештачки земјотрес, што укажувал на тоа дека е извршено нуклеарно тестирање. Северна Кореја првпат тестираше нуклеарно оружје во 2006 година. Покрај нуклеарниот тест, комунистичката држава веројатно извршила тестирење и на ракета од краток дострел. Руското министерство за одбрана во меѓувреме потврди дека Северна Кореја спровела подземен нуклеарен тест. „Домашните…

Мај 25, 2009

Бунтовниците од Дарфур зазеле воена база

Меѓународните безбедносни сили во Судан тврдат дека бунтовници заземале воена база во близина на границата со Чад во Дарфур. Претставници на заедничката мисија на ОН и Африканската унија се сомневаат дека нападот во оддалечената населба Ум Бару го извршиле припадници на т.н. „Движење за правда и еднаквост“. Владините армиски сили, пак, ги отфрлаат информациите дека базата била заземена, тврдејќи дека возвратиле на ударот од бунтовниците. ОН проценуваат дека во шестгодишните немири во Дарфур загинале повеќе од тристотини илјади лица, а два милиона се раселени. {loadposition content9}

Мај 23, 2009

Клуч на Гвантанамо?

Администрацијата на Барак Обама нема друг избор освен да го затвори контроверзниот затвор во Гвантанамо, зошто тој штети на угледот на САД.Ова го изјави американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс, во интервју за телевизијата Ен-Би-Си.Американскиот затвор на Куба „веројатно е еден од најдобрите затвори во светот во моментот“, нагласува Гејтс, при тоа додавајќи дека „самото име е осудителна пресуда“ за американските антитерористички активности. {loadposition content9}
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top