Србија денеска е во национална жалост поради загинувањето на девет свои државјани во сообраќајна несреќа во Египет.Тешката сообраќајна несреќа во која загинаа девет српски туристи, а други осум беа повредени, се случи во четвртокот изутрина. Автобусот полн со српски туристи се судрил со шлепер.Здравствената состојба на осуммината повредени е стабилна и тие се надвор од животна опасност.Повредените туристи денеска во болницата во Каиро ги посети српскиот претседател Борис Тадиќ, кој нагласи дека станува збор за „ужасна трагедија“.„Единствената добра вест во оваа тешка несреќа е дека сите наш…
Штрајкот на синдикатите, поради измените во законите за работниците, предизвикува големи проблеми во Марсеј и Париз каде денес се игра првиот натпревар на Европското првенство во фудбал. Железницата одлучи штрајкот да го засили, вклучувајќи и линии од метрото кое вози до стадионот Stade de France на кој денес ќе се игра натпреварот помеѓу Франција и Романија кој го отвора Еуро2016.
Фудбалските фанови пристигнуваат во Париз и се соочуваат со смрдеата од контејнерите кои со денови не се испразнети поради штрајкот. На улиците од главниот град на Франција има 3.000 тони несобрано ѓубре имајќи …
Најмалку девет загинати, меѓу кои и странци, и над 40 ранети, е досегашниот биланс од серијата бомбашки напади што изутрината беа извршени во луксузни хотели во Џакарта.“Бројот на убиени достигна девет лица. Осум загинаа на местото на инцидентите, а еден почина во болница. Има 41 ранети, вклучувајќи 16 странски државјани”, соопштија официјални извори во Џакарта.По серијата експлозии, индонезиските власти соопштија дека бомба е откриена и деактивирана во соба во „Мариот“, еден од двата хотели во Џакарта, цел на бомбашките напади.Претходно, во атентатот во хотелот Мариот беа убиени шест лица,…
Американскиот шатл „Ендевор” со седум космонаути на бродот е ландиран кон Меѓународната вселенска станция (МВС) од вселенскиот центар Кенеди во близина на Кејп Канаверал, во сојузната држава Флорида.Успешното лансирање следи по пет неуспешни обиди од 11 јуни наваму, од кои три од саботата до денеска. Шатлот носи опрема за јапонската лабораторија на МВС. Командантот на шатлот Марк Полански и екипажот ќе стигнат на МВС во петок. Мисијата на шатлот ќе трае вкупно 16 дена. Шатлот успешно пристигна во орбитата околу Земајата 8,5 минути по полетувањето.{loadposition content9}
Откриени се црните кутии на иранскиот авион „Ту-154“, што вчера се урна во северозападен Иран при што загинаа сите 168 патници и членови на екипажот.Експерти започнале да проучуваат како да излечат информација од кутиите, кои се многу оштетени, за да ги дознаат причините за несреќата, изјавил претставник на кризниот штаб кон иранското Министерство за транспорт. Во случај на неопходност црните кутии ќе бидат испратени во земјата производител на авионот – Русија.{loadposition content9}
Новоизбраниот претседател на Европскиот парламент (ЕП), Јержи Бузек, од првиот ден на својот мандат се заложи за проширување на ЕУ кон Балканот.„Јас велам дека во Балканот имаме една многу интересна и ветувачка ситуација. Знаеме дека беше еден тежок и експлозивен дел на Европа. Таму веќе немаме тензии и тие земји се обидуваат да станат дел од ЕУ, а тоа претставува добра вест. Го сменивме однесувањето на овие земји и ова треба да продолжи затоа што е многу битно“, изјави Бузек, кој во вторникот беше избран за претседател на ЕП; прво од земја од поранешниот комунистички блок.Поранешниот полск…
Самит на Движењето на неврзаните, XV по ред, денеска и в четврток, ќе се одржи во египетското летувалиште Шарм ел-Шеик.Движењето на неврзаните има 118 држави – членки – речиси сите африкански, азиски и латиноамерикански држави, а од европските, полноправно членство има само Белорусија.Македонија за прв пат учествува на самит на неврзаните, а на средбата на врвот во Египет е поканета во својство на гостин. Статус на набљудувачи имаат 16 држави, меѓу кои Хрватска, Кина, Бразил, Мексико, Србија и Босна и Херцеговина (БиХ).Собирот во Шарм ел-Шеик ќе го отвори египетскиот претседател Хосни Мубар…
Две лица загинаа при уривање на воен хеликоптер во јужната авганистанска покраина Хелманд, каде е во тек воена операција против талибанците, соопштија денеска НАТО и британската војска. Талибанците изјавија дека хеликоптерот „чинук“ го соборила една бунтовничка група, а очевидците наведуваат дека леталото уште во воздух било во пламен. Портпаролот на НАТО изјави дека во несреќата животот го загубиле две лица и дека хеликоптерот превезувал цивили, пренесе Би Би Си. Портпаролот на британските војници во Хелманд, кои влегуваат во составот на силите на НАТО за поддршка на мирот, потврди дека им…