Хрватска денеска одбележува 14 години од воената операција „Олуја“ со која беше вратена под хрватска контрола Српска Краина, додека оваа акција за Србите е најнехумана воена операција.Со акцијата Хрватската војска, која ја предводеше генералот Анте Готовина, кој токму поради таа акција одговара пред Хашкиот трибунал, успеа за кратко време да влезе во Книн, главното упориште на хрватските Срби и да го скрши отпорот.Од друга страна, Србите масовно ја напуштија Краина и според српски извори, од своите домови биле протерани повеќе од 250.000 Срби.{loadposition content9}
Врховниот суд на Индија денеска треба да се произнесе по одлуката на градските власти на Калкута, кои забранија употреба на возила постари од 20 години за да се спречи загадување на воздухот во градот.Повеќе од 60.000 стари возила, од моторни рикши, автобуси, автомобили, такси возила, повеќе не можат да сообраќаат низ Калкута.Претставниците на еколошките здруженија ја поздравија одлуката, додека сопствениците на спорните возила се незадоволни.Квалитетот на воздухот во Калкута уште викендов е значително подобрен, покажуваат истражувањата што ги спроведе приватната организација за заштита на …
Случаи на резистентност кон антивирусниот лек „Тамифлу“, кој се користи против новиот вирус на грипот А (Х1Н1), се регистрирани во близина на границата меѓу САД и Мексико, соопшти Американската здравствена организација.- Утврдивме случаи на отпор кон „Тамифлу“ во близина на границата. Набљудувавме неколку случаи во Ел Пасо и во близина на Макалн во Тексас, изјави на прес-конференција Марија Тереза Серкеира, претставник на организацијата.Таа потврди дека луѓето често ја минувале границата во двата правца и дека самоиницијативно го земале лекот, без препорака од лекар.Минатиот месец еден случ…
Снимателот што ја носеше спорната маица „Не ми треба секс, Владата ме е.. секој ден“, а што ја изиритира хрватската премиерка Јадранка Косор, ја понуди маицата на аукција.„Се решив да ја продадам маицата преку аукција, а целокупните средства да им ги подарам на оние што им требаат повеќе од мене. Маицата лично ќе му ја врачам на купувачот“, изјави моментни најекспонираниот снимател во Хрватска, Иван Цвирн.Аукцијата беше отворена вчера, а завршува на 12 август во 20 часот. Само во првиот час и половина од објавувањето на понудата, маицата од почетната 1 куна достигна цена од 360 куни.{loadpo…
Јужнокорејската компанија Samsung спрема тврдењата на извори блиски на компанијата би требало да претстави два смартфони кои ќе бидат на свиткување и кои би биле спремни за претставување на почетокот на 2017 година.
Засега има малку детали, но се шпекулира дека првиот уред ќе биде комбинација на паметен телефон и таблет со 5 инчен екран кој ќе може да се зголеми на дури 8 инчи кога уредот потполно ќе се отвори, а другиот уред ќе биде на расклопување со екран од двете страни.
Samsung двата уреди би можел да ги претстави на Mobile World Congress кој се одржува идната година во Барселона кон…
Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи денеска треба да го потврди вориот претседателски мандат на Махмуд Ахмадинеџад.Опозицијата продолжува да ги негира резултатите од претседателските избори одржани на 12.јуни, обвинувајќи го Ахмадинеџад за лажирање на резултатите.Незадоволни од резултатите, приврзаниците на противкандидатот на Ахмадинеџад, Мир Хусеин Мусави, се собираа на протести во Техеран, барајќи повлекување на Ахмадинеџад и распишување на нови избори.Иранските власти уапсија дел од демонстрантите,против кои деновиве се одржаа и судски процеси.{loadposition content9}
Новиот генерален секретар на НАТО, Данецот Андерс Фог Расмусен (56) денеска официјално ќе застане на чело на воената Алијанса.Расмусен својата програма ќе ја објави на прес конференција в понеделник.Очекувањата се дека ќе се фокусира на прашањето како сојузничките операции да станат поефикасни и потранспарентниПоранешниот дански премиер Андерс Фог Расмусен е 12 генерален секретар на НАТО.Тој на оваа должност доаѓа на местото на Холанѓанецот Јаап де Хоп Шефер, кој беше на чело на Алијансата од јануари 2004 година.{loadposition content9}
Дваесет и четири лица, повеќето Романци, се уапсени во полициска операција за разбивање меѓународна мрежа, специјализиран за фалсификување банкарски картички, која била разгранета во неколку европски држави.„Во оваа голема операција беше нанесен сериозен удар врз меѓународна мрежа за измами со банкарски картички“ во Белгија, Ирска, Италија, Холандија и Романија, соопшти Европол.Има сомневања дека мрежата фалсификувала најмалку 15,000 банкарски картички во вкупна сума од 6,5 милиони евра.Во Романија се уапсени 12 лица, во Италија – осум, во Холандија и Белгија по две лица.{loadposition conte…