Јун 23, 2016

Велика Британија денес одлучува за својата иднина

Близу 41.000 бирачко место ширум земјата се отворени од 07.00 до 22.00 часот по локални времиња, а право на глас на “референдумот за иднината на Обединетото Кралство во Европската унија” имаат околу 45 милиони жители. Околу три милиони жители на Британија, или 5% од населението се родени во други земји на ЕУ. Државјаните на Ирска, Малта и Кипар со место на живеење во Британија имаат право на глас на референдумот, а државјаните на останатите земји од ЕУ немаат. Ирска и Британија имаат договор стар повеќе од 30 години со кои на државјаните од едната со место на живеење во другата држава им …

Сеп 26, 2009

Осама ја повика Европа да ги повлече своите воени трупи од Авганистан

Лидерот на терористичката мра „Ал Каеда“, Осама бин Ладен преку аудио порака побара од европските држави да ги повлечат своите трупи од Авганистан.Ова синоќа го објави американскиот центар за следење на исламистичките сајтови, СИТА.„Правдата налага да го прекинете угнетувањето и да ги повлечете своите трупи“ од Авганистан, рече Бин Ладен во пораката која што трае пет минути и е објавена на формите на движењето „Џихад“.Тој наведува дека „интелигентен човек не ги троши своите пари и своите синови за банда криминалци во Вашингтон“ и оти е „срамно припадништвото во коалицијата чија што врховна …

Сеп 26, 2009

Почина последниот османлиски султан

ИСТАНБУЛ – Ертугрул Осман – кој веројатно би бил познат во Турција како “последниот отомански султан ” – почина во Истанбул на 97 години. Осман би бил султан на Отоманското царство доколку не беше создадена модерната турска република во 1920-тите години. Како последниот преживеан внук на султан Абдул-Хамид Втори тој би бил познат како Царско височество принц Шехзад Ертугрул Осман Ефенди. Роден во Истанбул во 1912 година Осман поголем дел од животот го поминал живеејќи скромно во Њујорк. Тој имал 12 години и се наоѓал на училиште во Виена кога дознал дека неговото семејство е протерано од Му…

Сеп 25, 2009

Првата дама на САД се расфрли со ексклузивни подароци

Првата дама на САД Мишел Обама им подготви на сопругите на лидерите кои учествуваат на средбата на врвот на Г-20 во Питсбург подароци, кои се и многу лични и историски – уникатни порцелански сервиси за чај и мед од Белата куќа. Мишел Обама ги приреди на првите дами одделен прием на имотот „Роузмонт фарм“, недалеку од Питсбург. Сервисите се изработени по образец на сервис, кој се користел во 1861 година во семејството на претседателот Абрахам Линколн, кој исто како и сегашниот претседател бил од Илиноис и е еден од неговите идоли. Линколн е американскиот претседател кој го укина ропството.Ор…

Сеп 25, 2009

Вредноста на албанската национална валута неконтролирано паѓа

Управителот на албанската централна банка Адриан Фулани повика за зајакнување на националната валута на земјата, која во последните месеци бележи тенденција на постојан пад во однос на еврото, пишува албанскито печат.Фулани побарал од сите економски фактори на пазарот да имаат доверба во националната валута – лекот, и да не ја занемаруваат.Тој истакнал оти треба да се запре притосокот врз националната валута и додал дека нејзиниот пад во однос на еврото не се должи на побарувачката и понудата, туку на една неоснована желба на некои економски фактори за наложување на еврото на пазарот.Според…

Сеп 24, 2009

Поплавите во Тунис зедоа најмалку 17 лица

Најмалку 17 лица загинаа, а осум се повредени во поплавите кои го зафатија јужниот дел на Тунис, јавија денеска медиумите во оваа северноафриканска земја.Според очевидци повеќето од загинатите животот го загубиле во своите куќи, поради уривање на ѕидови и на кровови. Дел од жртвите се удавиле при надоаѓање на голема количина вода, која во некои места достигнала ниво од над два метри.Претседателот на Тунис Зине ел Бен Ели нареди да се преземат итни мерки за справување со ситуацијата.Септември вообичаено е месец, кој им носи најголема суша на жителите на Тунис, но оваа година поројните дождов…

Сеп 24, 2009

Романија оди во бездна

Романија страда од „драматичен пад“ на вредностите во општеството, оцени невладината организација „Транспаренси интернешнл“.Организацијата изразува загриженост дека се спроведуваат политички решенија кои го ослабнуваат јавниот сектор пред корупцијата.Во извештајот, што се однесува на периодот од јуни 2008 до септември 2009 година, организацијата посочува дека во втората половина на 2008 година немало никаков напредок во областа на правосудството и борбата против корупцијата.„Транспаренси интернешнл“тврди дека 2009 година е одбележана од политики и решенија, кои го уриваат националниот вредн…

Сеп 24, 2009

Еврејска завера за челната позиција на УНЕСКО

Египетскиот министер за култура, Фарук Хосни, изјави дека поради завера на Евреите „скована во Њујорк“ не станал нов шеф на Организацијата на ОН за култура и образование (УНЕСКО).На изборите што се одржаа во вторникот, победи бугарскиот дипломат Ирина Бокова.„Беше јасно до самиот крај на гласањето дека постои завера против мене“, изјави Хосни за новинарите по враќањето од седиштето на УНЕСКО во Париз.Тој рече дека „постои група Евреи кои имале главно влијание врз изборите, на кои што не постоела сериозна можност да ги освои Египет“.Последните месеци Хосни беше сметан за фаворит за нов шеф н…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top