Јун 25, 2016

Потонаа финансиските пазари по Brexit

На Wall Street во петокот цените на акциите потонаа повеќе од 3%, што е нивни најголем дневен пад во последните 10 месеци, бидејќи одлуката на Британците да ја напуштат ЕУ, инвеститорите ги изненади. Dow Jones потона 611 поени или 3,39%, додека S&P 500 падна за 3,6%, а Nasdaq за 4,12%. Остриот пад на акциите е последица на погрешните проценки на инвеститорите дека Британија ќе остане во Европската унија. Поради тоа со денови пред референдумот берзанските индекси растеа, па S&P500 индексот се приближи до рекордното ниво на само 0,8%. Но, во петокот, откако се покажа дека мнозинство…

Окт 9, 2009

Нов земјотрес го погоди јужниот дел на Тихиот Океан

Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала ги погоди денеска островите Санта Круз во јужниот дел на Тихиот Океан.Како што соопшти американскиот Геофизички институт, епицентарот на потресот бил на 315 километри северозападно од  Лиганвил, град на островот Еспирито Санто, кој е во составот на пацифичката држава Вануату, на длабочина од 9,4 километри под површината на океанското дно.Засега нема информации за евентуални жртви и материјалкни штети, а не е објавена ниту опасност од можна појава на цунами.Денешниот потрес следува по вчерашната серија од неколку земјотреси во и…

Окт 9, 2009

Лукоил сака да вади нафта во Ирак

Рускиот нафтен гигант Лукоил и неговиот американски партнер Коконо Филипс изразија подготвеност да работат на развој на наоѓалиште на нафта во Ирак.Според руските медиуми, за ова станало збор за време на неодамнешната посета на првиот човек на Лукоил Вагит Алекперов на Ирак.Притоа, тој ги информирал ирачките државници дека руската компанија е заинтересирана за наоѓалиштето на нафта „Западна Курна 1“, на кое би работела согласно локалните закониРуските претпријатија, вклучувајќи го и „Лукоил“, беа многу активни во Ирак во времето на Садам Хусеин.{loadposition content9}

Окт 8, 2009

Ал Каеда и објави света војна на Кина

Терористичката мрежа „Ал Каеда“ ги повика муслиманите на света војна против кинеските „освојувачи“ одговорни за колежот на Ујгурите во покраина во западна Кина.„Атеистите криминалци, долго време се користеа со зли и брутални средства против муслиманите во Туркистан“, рече Абу Јахја ал Либи, кој што понекогаш го претставуваат како командант на Ал Каеда во Авганистан.„Илјадници муслимани се убиени, а за тоа никој не знае“, рече ал Либи во 20 – минутната порака посветена на Ујгурите во Кина.Ујгурите, историски и јазично поврзани со туркофоните народи во централна Азија, се мнозинско население …

Окт 8, 2009

ЕП ќе расправа за слободата на медиумите во Италија

Европскиот парламент(ЕП) денеска ќе расправа за загрозувањето на слободата на медиумите во Италија.Одлуката на ЕП беше донесена и покрај противењето на пратениците на десницата, а две политички групи побараа усвојување на европски закон со кој би се заштитил плурализмот на медиумите.Пратениците на десницата, кои ја сочинуваат најголемата група во Европскиот парламент, вчера претрпеа два пораза.Најпрво, европарламентарците го отфрлија барањето на десницата да не се одржи расправа за слободата на медиумите во Италија планирана за денеска. Потоа, пратениците од редовите на десницата не успеаја…

Окт 7, 2009

Лет од Белград до Виена за 29 евра

Австриската авиокомпанија Флај Ники, доби привремена дозвола од 1 февруари идната година да извршува летови на релација Белград-Виена, објави денеска Политика. Најевтиниот билет во чија цена е вкалкулирана и аеродромската такса ќе чини 29 евра. Таа компанија која е во сопственост на поранешниот возач на Формула еден, Ники Лауда, подолго време се обидуваше да отвори авионска линија од Белград до Виена. Според очекувањата, до крајот на годината Флај Ники ќе превезе 2,6 милиони патници и ќе оствари обрт од 275 милиони евра. Следната година австриската нискобуџетна компанија планира да превезе …

Окт 7, 2009

Оваа година затворот Гвантанамо останува отворен

Американскиот министер за правда Ерик Холдер призна дека ќе биде тешко затворот во Гвантанамо на Куба да биде затворен во јануари идната година, како што вети Владата на претседателот Барак Обама.Ќе биде тешко да го испочитуваме определениот рок 22 јануари, рече Холдер во Вашингтон. – Сметам оти најпосле затворот во Гвантанамо ќе биде затворен, додаде министерот.Тој не разјасни какви се пречките за затворање на затворот, во кој што досега се затворени 223 лица. Од нив околу 80 можат да бидат ослободени, а 60 подлежат на судска истрага.Влијателната Асоциација за заштита на граѓанските слобод…

Окт 7, 2009

Оруженото насилство во светот зема по 2.000 жртви секој ден

Над 2.000 луѓе во светот умираат секој ден во оружено насилство, објавија во ОН 12 организации за заштита на човековите права кои ги повикаа државите-членки да почнат преговори за договор за трговијата со оружје. Во извештајот подготвен по барање на британската група Оксфам, се вели дека откако во 2006 година повеќето влади признале за неопходност од регулација на глобалната трговија со оружје, околу 2,1 милион луѓе загинале во оружено насилство. Тоа значи во просек по 2.000 луѓе на ден или повеќе од еден на секоја минута. Најголемиот број жртви се цивили. Околу 700.000 биле убиени во воору…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top