Јун 27, 2016

За една година Велика Британија ќе падне во рецесија

Британија најверојатно ќе потоне во рецесија во рок од една година по минатонеделната одлука за излез од Европската унија, а ќе се успори и растот на светското стопанство, порачуваат аналитичарите од Goldman Sachs. “Очекуваме дека британското стопанство до почетокот на 2017 ќе потоне во блага рецесија”, ги предупредија своите клиенти од инвестициската американска банка Goldman Sachs. Тие проценуваат дека поради одлуката за излез на Британија од ЕУ стопанството во следните 18 месеци вкупно ќе изгуби 2,75% од БДП, а очекуваат и негативни последици по американското и европските стопанства. …

Окт 21, 2009

Тешка железничка несреќа во Индија

Меѓу 10 и 15 лица загинале во судар на два воза во близина до индискиот град Матура.Според CNN  и IBN од возовите биле извадени телата на 15 лица, а во смачканите вагони се приклештени меѓу 40 и 50 лица. Телевизијата NDTV соопштува за меѓу 10 и 12 загинати.Сударот се случил во 5.30 часот по локално време (на полноќ по Гринич).Портпаролот на индиските железници истакна дека едниот воз запрел на црвен семафор, додека другиот влетал во него одзади.Несреќата се случила во близина на областа каде се наоѓа мавзолејот Таџ Махал, на 210 километри југоисточно од Њу Делхи.{loadposition content9}

Окт 21, 2009

Австралија размислува за повлекување на своите војници од Авганистан

Владата на Австралија размислува за повлекување на австралиските војници од Авганистан, најави денеска австралискиот министер за одбрана Џон Фокнер.Тој во изјава за радиото Еј-Би-Си рече дека побарал од експертите да проценат кој е најкусиот рок во кој Австралија ќе може „да го прекине својот исклулчитечно голем ангажман“ во Авганистан. Во составот на Меѓународните сили за поддршка на безбедноста (ИСАФ) во Авганистан се наоѓа и контингент од 1.500 австралиски војници. Од нив 450 беа испратени како засилување за време на претседателските избори во Авганистан и треба да се вратат во Австралиј…

Окт 20, 2009

Медведев во посета на Белград

Претседателот на Русија, Дмитриј Медведев треба да допатува во вторник во посета на Белград, што е прва посета на руски претседател на Србија.Над илјада полицајци ќе го обезбедува градот, а ќе бидат ангажирани и хеликоптерски единици, како и специјални и антитерористички единици.Претстојните средби на претседателот на Русија, Дмитриј Медведев во Белград треба да го потврдат „особено пријателскиот, взаемно корисниот и стратешкиот карактер на српско – руските односи“, соопштија во понеделник извори од Кремљ.Според најавите, за време на посетата ќе се одржи средба на Медведев и српскиот претсе…

Окт 20, 2009

Весникот „Њујорк тајмс“ за осум отсто го крати новинарскиот состав

Весникот “Њујорк тајмс” соопшти дека скратува приближно 150 работни места, а меѓу нив и 100 новинарски, за да се справи со финансиските проблеми заради вкупниот пад во весникарскиот бизнис и намалениот обем на реклами, соопштија американските медиуми, повикувајќи се на официјално соопштение на весникот. Скратувањата, кои опфаќаат осум отсто од новинарите во редакцијата на весникот, се договараат со синдикатите. Првично раководството на весникот ќе предложи доброволно напуштање со компензации во износ до две годишни плати со зачувување на придонесите за здравствено осигурување, по што ќе се …

Окт 19, 2009

Нов момент во односите на двете Кореи

Северна Кореја побара одржување на самит со Јужна Кореја, што би бил уште еден чекор во настојувањата на Пјонгјанг да се отвори кон светот, соопштено е во Сеул.Сиромашната Северна Кореја тешко е погодена од санкциите, што Обединетите нации и ги воведоа во мај поради извршените нуклеарни тестови, а дополнителни проблеми предизвикаа обилните дождови, поради кои се намалени земјоделските приноси.Пјонгјанг во последните месеци покажа повеќе гестови на добра волја кон традиционалните непријатели Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја.{loadposition content9}

Окт 19, 2009

Јапонија ќе ги намали уплатите во буџетот на ОН

Владата на Јапонија се подготвува значително да го скрати своето учество во финансирањето на ОН, но и покрај тоа Јапонија ќе остане втората држава, по САД, според уделот во буџетот на светската организација.Досега делот на Токио во буџетот на ОН беше 16,6 отсто, а Владата планира да го намали до 12 отсто, пишуваат денеска јапонските весници. ОН на секои три години ги преразгледуваат уплатите на земјите членки во буџетот. Сега се водат преговори за периодот 2010-2012 година. Се очекува САД да останат со најголем удел – 22 проценти од финансирањето на ОН. Заради светската финансиска криза упл…

Окт 17, 2009

Пакистан почна голема офанзива против талибанците и Ал Каеда

Владините сили на Пакистан започнаа денеска копнена офанзива против талибанските бунтовници и Ал Каеда во покраината Јужен Вазиристан, на границата со Авганистан.Ова го соопшти висок претставник на пакистанските власти, кои што непосредно пред почетокот на офанзивата воведоа полициски час во покраината.Лидерите на политичките партии, демонстрирајќи единство, вчера на војската и’ изразија целосна поддршка во искоренувањето на милитантите и враќање на државната власт во бунтовничките региони.Војската пред почетокот на офанзивата соопшти дека за напад на околу 10 илјади талибанци се подготвени…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top