Италијанскиот премиер Силвио Берлускони е примен во болница во Милано со напукнат нос, два искршени заба и расцепена усна, соопштија агенциите. Тој ќе остане во болницата најмалку 24 часа. Синоќа 73-годишниот Берлускони беше нападнат, додека делел автограми по средбата со приврзеници на својата партија во Милано, на која оддржал долг говор. Напаѓачот е идентификуван како Масимо Тарталиа, на возраст од околу 40 години, соопштија агенциите. Тој го удрил Берлускони со метална минијатура на Миланската катедрала. Од ударот 73-годишниот Берлускони паднал на земја. Италијанската телевизија го пока…
Поранешниот адвокат на Садам Хусеин бара судска постапка против Тони Блер за водење на „незаконска војна“.Повод за судската постапка е изјавата на поранешниот британски премиер, дека ќе ја вклучи Велика Британија во војната во Ирак, дури и ако Багдад не располагал со оружје за масовно уништување. Адвокатот Џовани ди Стефано, сега советник на поранешниот ирачки министер за внатрешни работи Тарик Азис, испратил барање до британскиот главен обвинител за кривично гонење на поранешниот премиер.Блер ја нарушил Женевската конвенцијата од 1957 година, вклучувајќи ја државата во војна „неоправдана и…
Западната политика на антируски санкции и контрасанкциите од Русија е стратегија во која сите губат, а некои британски земјоделци се одлучиле на искажување на незадоволство со нов вид на протести. Имено, во трговскиот центар Asda дошле со крави.
Спрема проценките на аналитичарите, западните држави во периодот 2014-2015 поради санкциите изгубиле 60,2 милијарди долари. Најголеи губитоци се бележат во земјоделието, се наведува во извештајот на истражувачкиот центар за меѓународна економија во Франција.
Одредени земјоделци поради загубите се одлучиле за неконвенционален начин на протест.
На …
Вонреден состанок на претседателите на парламентите на државите членки на Европската унија и земјите со кандидатски статус, ќе се одржи денеска во Стокхолм.Парламентарниот самит што ќе се одржи во шведскиот парламент е прв по стапувањето во сила на Лисабонскиот договор и ќе биде посветен на новата улога на националните парламенти, како и на јакнењето на соработката на Европскиот парламент со парламентите на државите членки и кандидати за членство во Унијата.Лисабонскиот договор стапи на сила на 1 декември, по речиси десетгодишни напори за институционални реформи, коишто на ЕУ би требало да…
Многу скоро ќе почне со работа канцеларијата на Европската Унија(ЕУ) во Косовска Митровица, соопшти италијанскиот амбасадор во Приштина Михаил Џифони.Италијанскиот дипломат, кој ќе биде преставник на ЕУ во северно Косово, подвлече дека негов приоритет ќе биде да ја зголеми застапеноста на ЕУ на северот од Косово и на тој начин да го зголеми кредибилитетот на организацијата.Подготовките се во финална фаза, останува уште да се завери договорот и да се инсталира канцелариски материјал, истакна Џифони, на неколку денови пред отворањето.Џифони претходно работеше во БИХ, како и во кабинетот на ви…
Сите 19 работници загинаа во експлозија на гас во рудник во Турција, соопшти агенцијата Анадолија цитирајќи го министерот за труд, Омер Динчер.„Спасувачките екипи стигнаа до местото на инцидентот. За жал, сите работници се загинати“, изјави министерот.Претходно, властите соопштија дека во експлозијата, што се случија доцна во четвртокот во рудник во близина на градот Мустафакемалпаша во провинцијата Бурса, загинале шест, а 13 работници се водат како исчезнати.{loadposition content9}
Американски владин функционер во четврток соопшти дека висок водач на терористичката Ал Каеда бил убиен во напад на беспилотно летало во западен Пакистан.Изворот на информацијата не сакал да ја идентификува жртвата на американскиот напад, но појаснил дека не станува збор ниту за Осама бин Ладен, ниту за Ајман ал Завахири, двајцата први луѓе на најголемата терористичка мрежа во светот.Информацијата за убиството на припадник на врвот на Ал Каеда ја пренесе и NBC News, повикувајќи се на релевантни разузнавачки извори, кои потенцирале дека нападите на беспилотните летала зачестиле откако стапи …
Светската задравствена организација (СЗО) апелираше за подобра заштита на непушачите, нагласувајќи дека пасивното пушење цигари е причина за смртта на околу 600.000 лица годишно.Во извештајот на СЗО, објавен синоќа во Женева, се наведува дека со законите кои го ограничуваат пушењето се заштитени само 5,4 проценти од севкупната светска популација.- Потребна е итна акција за заштита на луѓето од смрт и од болести предизвикани од изложеност на чадот од тутун, изјави раководителот на Секторот на СЗО за непреносливи болести и ментално здравје, Ала Алван.Според СЗО, пасивното пушење цигари е прич…